facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

chromatic 2

Сомневајќи се во моќта на една рецензија по однос на било какво создадено артистичко дело, во последно време, како еден застарен модел на споделување на импресии, стигнав до предизвикот наречен Chromatic point устоличен во епруветата именувана како "Слики од старата куќа".

Веројатно загубената верба во македонската културна современа идентификација. имаше мал допринос кон скептицизмот кој во последнава година ме имаше зафатено, за се она што значеше современ креативен дух на македонецот, во сите сфери на културата.

Во тие моменти простата репродукција и алотропска модификација на се она малку што беше создадено како културно благовестие во "пресната" културна каталогизација во современата македонска држава, се чинеше дека нема изгледи за светла иднина... Од аспект на нем набљудувач, искрено пробувајќи да изнајдам барем трошка културен идентитет на современото културно движење во Македонија (било од каде тоа да потекнуваше), неповратно преживував низ безнадежните обиди на поединци или групи да проникнат низ суштината на она што јас како индивидуа го очекував во тој правец. Сите целосно јалови, културни издигнувања, завршуваа распнати на крст искован од бојата на парите и бизнис шизофренијата на културните работници во цела држава. И она малку квалитетно што ќе се појавеше во изминатите година-две (може и подолго) сурово беше негирано и дерогирано од непрокопсаните телевизиски-радио-интернет пицајзли, кои во жестока потрага по профит имаа/аат пракса да го трујат народот со инстант забава, од која вијугите на мозокот релаксирано го намалуваат својот обем.

chromatic 4

На членовите на бендот Chromatic поинт однапред им се извинувам што користејќи го нивното име и нивното музичко дел, сакав да изразам свој став во воведот на овој текст кон релевантната (барем медиумски) шизофренична реалност наречена културна понуда и продукција во Македонија во актуелниот кконтекст, во кој се појавува музичката оперета наречена "Слики од старата куќа".

Дали случајно или не, самиот наслов на вториот албум на "Обоенава точка", ми наликува на индиферентна тврдоглавост и резигнација кон современата музичка индустрија (ако воопшто постои таква појава) во државата и своевиден изолиран одговор на тековните процеси на глобализација и индустријализација на креативниот дух на поединецот/поединците.

Музиката отсекогаш сум сакал да ја восприемам и доживувам во контекст на одредени општествени процеси, сметајќи ја како една од причините за рееволутивниот прогрес на човечкиот дух и постоење во глобала. Заедно и во спрега на сите можни уметнички изрази и текови.

По се изгледа дека во државата останаа единствено поединци-уметници да противречат на напливот на светски кич и шунд, кој секојдневно го загадува автентичното современо македонско креативно битие. Во тој контекст би кажал: македонштината извира и се храни токму од вака дефинираната синтаксичка целина, и не ми е жал поради скудниот придонес на општиот јавен интерес за негување на овој автентичен современ македонски израз. Македонија е позната во историјата по своите поединци кои и во најголемите мрачни периоди од егзистенцијализмот на човештвото, смогнале сили и запалиле факел на идентитетска поединост кој до ден денес, сме горди што горел, во одреден временски период.

Оттука нескромно ќе истакнам дека вториот албум на "Chromatic point" насловен како "Слики од старата куќа" за мене како слушател претставува громогласен аплауз во име на традицијата, духот, менталитетот и гордоста на македонското постоење од памтивек до ден денешен. Осумте композиции спакувани во албумот, претставуваат спонтан израз на музичките текови на македонскиот звучен идентитет, речиси од сите периоди на опстојување на народот на овие простори. И уште повеќе...

Звукот на бендот на овој албум претставува олицетворение на современо претскажување и поглед во иднината за генерациите што доаѓаат. Своевидно визионерство и дефинираност на она што допрва ќе се случува со рок музиката, не само на овие простори, туку многу пошироко.

Знаејќи дека ритмистиката, фолклорните елементи, воспевот и целокупната хармонија на македонскиот музички идентитет веќе запаѓа во невкусни лавиринти на изживеаност (поради погоре изнесените причини), кон преслушување на албумот се впуштив со мала доза на скепса. Во таа насока промотивниот спот за песната "Стихија" ми делуваше како уште еден блед обид за кокетирање со македонскиот фолклор и негова злоупотреба вко музички цели. Настрана од овој мој првичен впечаток кој го имав слушајќи и гледајќи го спотот на песнава, од денешен аспект ќе кажам дека оваа песна сама за себе е навистина бледа сенка на она што може да биде.

chromatic 3

НО! (големите букви и извичникот се повеќе од намерни).

Оваа песна сама за себе не може и не треба да опстојува. Единствено песнава "Стихија" има смисла, дух, концепт во целина со сите 8 нумери на албумот. Она што во "Стихија" наликува на фузија од се и сешто, во албумот звучи како една од амплитудните точки на развој на музичка класика оквалификувана токму со терминот "Рок оперета". Песнава која е направена во симбиоза со "Синтезис" (добра конструкција на реченицата) е одлична увертира, но за авторот на овој текст не е и најдоброто "парче" на албумот. Напротив има повеќе делници кои се многу-многу подобри од оваа песна иако реков таа е една од најсветлите моменти. Целиот албум е река која непрекинато тече, постојано и постојано, циклично, тридимензионално, во спој со времето и просторот. Прекрасната композиција и мешавина на различни музички елементи и влијанија (не само метал, рок и народна ритмика), емитира слика на фузиран џез, во рокерска варијанта со префинет, неисфорсиран народен такт, со енергичност на треш, индастријал моменти и секако лирска мелозвучност на балканската и македонска хармонска мелодија.

На албумот се наоѓаат повеќе вонсериски моменти кои на слушателот му делуваат како сосема нов тренд на mainstream-от и отвореност кон унивезален прогрес и раст на уметничкиот вкус. Албумот е една целина која додека го слушав посакував уште по првото слушање да не заврши... Има толку многу што да каже, што да се научи... Пакет на музика кој содржи тематска обоеност и компактност на едно интегрално музичко дело, кое иако низ пооделни песни, сепак треба и мора да се восприема во целина, токму по тој редослед како што се наредени на албумот и никако поинаку.

Во продолжение ќе го споделам видео записот од песната "Стихија", со напомена дека оваа песна има епска силина и артистичка жестина во заедништво на останатите песни од албумот.

 

Поради обемноста на текстот, и задржување на концентрацијата на читателот рецензијата (непланирано) ќе продолжи во втор дел кој ќе го објавиме наскоро. Во него посебен третман ќе доживее секоја од песните на албумот, кој ако до сега не сте го купиле, истиот може да го побарате во Југотон во ГТЦ во Скопје, по симболична цена. 



Автор на текстот:

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Музички рецензии

Поврзани статии

Број на посети:1188Рејтинг:0Категорија:Музички рецензии
parketi1Не е можно момците од Битола на кои не им е ладно, зиме да шетаат по боксерки на Широк сокак во овој...
Објавено на 27 Декември 2012, 18.30 часот.
Број на посети:1124Рејтинг:5Категорија:Музички рецензии
u2-no-line-on-the-horizon-Коj ке се осмели да напише рецензија за албум на U2 ??? Јас сигурно НЕ! Се што би можел да кажам за...
Објавено на 01 Јули 2012, 13.27 часот.
Број на посети:1047Рејтинг:0Категорија:Музички рецензии
coldplay-viva-la-vida-Со секој нов албум Coldplay стануваат се подобри и подобри.Многу ми се допаѓа како овие млади господа...
Објавено на 01 Јули 2012, 13.25 часот.
Број на посети:1081Рејтинг:0Категорија:Музички рецензии
yngwie-j-malmsteen-angels-of-love-Не дека од овој албум започнува историјата или дека г-динот Ингви Малмстин ке ви ја открие смислата на...
Објавено на 01 Јули 2012, 13.22 часот.
Број на посети:776Рејтинг:0Категорија:Музички рецензии
the-verve-forth-Некако многу се залетале дечкиве по облаците. Седам и се чудам што вели господинот Ашкрофт. Дајте ми...
Објавено на 01 Јули 2012, 13.20 часот.
Број на посети:664Рејтинг:0Категорија:Музички рецензии
nino-rota-the-godfather-1-ost-Епа вака: Нино Рота (анг.)Nino Rota ....Најголемиот мафиа man in between the musica...
Објавено на 01 Јули 2012, 13.12 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#