facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Valentino 1Нема да излажам ако кажам дека музиката на овој бенд за првпат ја слушнав во 1989 година, и ми остави толку голем впечаток и чувство на обземеност, што и ден денес не можам да го заборавам. Беше тоа ден кој сосема свежо ми остана во сеќавањата. Не знам дали беше тоа поради самата "винилна лонг плејка" која со татко ми ја купивме кај според мене најинтересниот продавач во тогашната Стоковна куќа во тогашното Делчево. Замислете албумот "Валентино 5-Понекогаш во ноќта кога градот спие (срб-Ponekad Noću Kad Grad Spava)" излегува во 89-та и за само недела до две го имаш во локалната продавница да го купиш во оригинал. Ова го нема ниту во денешно време.

 Морам да спомнам дека во принцип ExYu музика не ми е својствена во глобални рамки но за секое правило има исклучок. Впрочем исклучоците го прават животот поинтересен и поднослив.

Групата "Валентино" е основана во 1982 година во Сараево од страна на Zijo Rizvanbegović (гитара), Nikša Bratoš (клавијатури), Suad Jakirlić (водечки вокал), Emir Ćolaković (бас гитара) i Ademir Volić (тапани). Приказната е дека Зијо во оваа година објавил оглас во весникот "Ослободување" (дневен весник во БиХ), за пријавување на вокал за основање на нов бенд.На огласот се јавил Суад и останатото е историја. Групата Валентино била еден од фаворитите на Горан Бреговиќ од Бело Дугме со што оствариле соработка во поглед на заеднички турнеи во тие години (првата половина на 80-тите). Горан Бреговиќ дури и свирел гитара на една песна од првиот албум на групата Валентино.

Групата неколку пати ја менувала својата постава поради заминување на членовите, а официјално престанала да работи во 1990 година.

Valentino 2

Е сега малку за музиката на овој музички состав: Поп-рок, сентиш. Љубов-згасната, заборавена, нова, сегашна, идна, ВЕЧНА...Сите видови на љубов, и тоа преку совршени поп рефрени, кои во себе содржат длабочина и високо ниво на сензибилитет. Хитовите на групата беа неизбежни на најголемите тогаш радија во тогашна Југославија

Во продолжение посочуваме на основната дискографија на оваа група, за која велиме: Вреди да се појави и да добие почесно место во хард дисковите на сечиј компјутер, да биде пуштана да се слуша во сечија спална соба пред спиење на заљубените, оние кои сакаат да се заљубат и оние кои љубеле. 

Valentino1  Valentino 1 -(LP, Album) Suzy 1983
 Valentino2 Valentino 2

 3 верзии:

-(LP, Album)

-(LP, Album)

-(Cass, Album)

 Diskoton  1985
 Valentino3  Valentino 3 

 2 верзии:

-(LP, Album)

-(Cass, Album)

 Diskoton 1987 
 Valentino4  Valentino 4  -(LP, Album)  Jugoton 1988 
 Valentino5

Valentino 5 -

Ponekad Noću Kad Grad Spava 

2 верзии:

-(LP, Album)

-(Cass, Album)

Jugoton 1989 

Во продолжение Ви пренесуваме две нумери од овој бенд, а за други факти, нумери и фотки прогуглајте по нет.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Ретро римајндер

Поврзани статии

Број на посети:954Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
fico-zastava-retro-rimajnder Никаков! На 125 км/час фиќото се распаѓа... Евапоризира.... Оваа мала шега беше редовна во почетокот...
Објавено на 03 Мај 2014, 10.04 часот.
Број на посети:1032Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
rukujuserukujuВеројатно "Се водат за рака"... Група Зана (не Жана) и Наташа Живковиќ... Најпрво ке кажам дека...
Објавено на 19 Октомври 2013, 10.10 часот.
Број на посети:1110Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
stulicОд неодамна на YOUTUBE сретнав еден специфичен канал именуван како BRANIMIR ŠTULIĆ каде беа...
Објавено на 23 Јуни 2013, 14.06 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel