facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

На почетокот на оваа рецензија најпрво сакаме да им препорачаме на сите старци и сите оние кои наскоро "планираат" да заминат во вечните ловишта, веднаш да појдат во најблиското 3D кино и да го почувствуваат и тоа искуство, зошто нема да знаат што пропуштиле.

Е сега за филмот малце, и многу повеќе од воодушевувањето од ефективноста на 3D технологијата:

Филмот, ко филм....Почнува, малу драматизација, малку акција, научна фантастика, малку трилер и на крај сите среќно си живееја....Малу морген -мајне фројнде. ЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЈ !!! Спектакл е овој филм нема зафрканција. Ридли Скот, екипа на светски можеби и најразвиената продукција 20 Century Fox, сценарио кое иако недодефинирано сепак плени со својата големина, и секако 3D визуелизација на најновите технолошки достигнувања и специјални ефекти во филмската индустрија, ветуваат одлично возење по минатото, сегашноста и иднината, на цел еден нов универзум.

Филмот кој по се наликува на претходник на филмскиот класик од 1978 година наречен едноставно "Вонземјанин" анг. "Alien", со кој Ридл Скот се вивна во "мегаломанските" води на филмскиот бизнис, содржи голем дел од секвентните идеи и сцени на вториот дел од оваа франшиза создадени под режисерската палка на Џејмс Камерун,  и оттука во голема мера личи на зародиш на светот на Осмиот патник (Alien). Вредно е да се спомене дека во филмот драматизацијата и холивудското клише на Гладијатор, филм кој доживеа масивен комерцијален успех на почетокот од новиот век, се намерно изоставени во доза на траги кои секако не недостасуваат во филмот. Единствена забелешка на целиот овој 3Д спектакл е што филмските фанатици и верни следбеници на светот на Alien веројатно нема да бидат задоволни пред се поради предвидливоста на развојот на дејството на филмот, кој од разбирливи причини е направен да личи на своите филмски претходници. Секако овде клучна улога најверојатно изиграле луѓето од филмското студио кое е носител на правата за работа со сторијата на Вонземјанинот.

Филмот започнува со спектакуларна сцена на почетокот на светот (барем оној живиот), кога еден од Инжинерите, оставен од сопствениот вид, се жртвува себеси испивајки таинствен флуид и ослободувајки ја сопствената ДНК за почеток на животот на планетата земја. Отука натаму дејствието се упатува во иднината кога тим на научни во Шкотска откриваат хиероглифи кои стојат како патоказ за постоењето на вонземска раса кој претходно ја посетила земјата. Овој тим станува дел од научна експедиција која со вселенскиот шатл Прометеј заминува во влесленска прошетка по звезденото небо во потрага по создателите на човечкиот род, со безброј прашања од егзистенцијална природа.

Овие прашања се провлекуваат низ целиот филм но никако да бидат поставени на вистинскиот начин, а уште помалку да добијат соодветен одговор.Оттука и заклучокот дека ке следува и продолжеток на овој филм, во блиска иднина. Иконографијата во филмот е онаа добро познатата на фановите на Вонземјанинот, со хуманоиден робот наречен Дејвид  кој се грижи за техничката страна на патувањето, но сепак и со дополнителна мисија од неговиот креатор, која остатокот од екипажот отпосле ја дознаваат. 

И прашањето на вашиот дежурен "буљач во филмското платно" е следното: Што по ѓаволите Дејвид му кажа на единствениот преживеан Инжинер, пред овој да му ја искорне главата (процесорот) и пред да го стартува вонземјанскиот спејс шатл, со цел да се врати на земјата за да го уништи човечкиот живот кој претходно во филмот го создадоа. Што, зошто, како...безброј прашања кои гледачот си ги поставува....но филмот завршува, и секако ке мора да платиме нов билет за се уште неснимениот филм, кој едвај ке чекам да го видам.

Актерската екипа во филмот е на ниво на предизвикот, особено Шарлиз Терон (Charlize Theron)и Мајкл Фасбендер (Michael Fassbender) секако тука е и Noomi Rapace која во налет на создавање на живот во една од сцените на филмот, прикажа вознемирувачка секвенца од која многумина би побегнале од кино салата.

Noomi Rapace (Elizabeth Shaw)
Noomi Rapace
Elizabeth Shaw
Charlize Theron (Vickers)
Charlize Theron
Vickers
Guy Pearce (Peter Weyland)
Guy Pearce
Peter Weyland
Idris Elba (Janek)
Idris Elba
Janek
 Филмот "топло" им го препорачуваме на сите SF следбеници и најдете прилично јако седиште за седење додека го гледате филмот, со појачани потпирки за рацете..
И за крај ви го линкуваме кино трејлерот на филмот, кој мора да произнаете доста "зајадливо" изгледа:
 
 
Навигација за други популарни филмови:
{loadnavigation}
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Филмски рецензии

Други интересни статии

Поврзани статии

Број на посети:823Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
recenzija-mulholand-drive Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го...
Објавено на 11 Јули 2015, 13.04 часот.
Број на посети:1007Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
olympus-has-fallenОвој филм третира една сериозна тема која го засега било кој човек на планетата земја: Борбата за...
Објавено на 30 Јуни 2013, 12.32 часот.
Број на посети:916Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-men-of-steel Кога некој залутан делчевчанец одеднаш ке се најде во Скопје среде јули, најпогодно место да се...
Објавено на 22 Јуни 2013, 15.31 часот.
Број на посети:1125Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
dredКога почнав да го гледам филмот, си реков:Кај е по ѓаволите -The one and only-Сталоне? На крајот на...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.55 часот.
Број на посети:1307Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
life-of-piПриказна за едно момче кое во моментот на раскажувањето на сопствената животна приказна е возрасен маж,...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.21 часот.
Број на посети:1018Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qupside-downqДали некогаш сте сонувале сон во кој лебдите во облаци? Притоа чувствувате леснина во абдоменот и ви се...
Објавено на 27 Декември 2012, 17.02 часот.
Број на посети:1127Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qthe-third-halfqДоста лепење плакати наопаку !!! Па не сме неписмени "мајке ми". Синоќа по 7 години во Делчево кино...
Објавено на 12 Декември 2012, 12.48 часот.
Број на посети:885Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qpremium-rushqОд секогаш сум сакал вакви филмови. Што да кажам... Филмот има дух, карактер, став, забавен е , акција...
Објавено на 02 Декември 2012, 17.56 часот.
Број на посети:665Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
---qdeadfallqЕве еден типичен пример на филм кој што се наоѓа во не толку гламурозната холивуудска продукција на...
Објавено на 02 Декември 2012, 10.42 часот.
Број на посети:304Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
2012-12-01-17-04-29Играјки на сентиментот на граѓаните на светот, филмската индустрија покажува дека се уште знае да плови...
Објавено на 01 Декември 2012, 15.58 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#