facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Washington D.C., 2079……Со овие акроними започнува филмот за кој многумина ке кажат дека не е ништо посебно, туку само уште една типична холивудска трансмисија преку големото платно, до консументите кои лакомо апсорбираат се што ке им се сервира.

Но сепак, овој филм е од европска продукција, во решија и по оригинална идеа на Лук Бесон. Токму така оној истиот Лук бесон кој го афирмираше пакетот наречен Такси, еден два и три, Оној единствениот и истиот Бесон кој го инсценираше Петтиот елемент, Транспортер и редица веќе култни филмови кои останаа имуни на Холивудскиот “шарм” а сепак значат нешто (и тоа како) во светската филмска индустрија.

Во филмот Заклучување или Изолирање (мене лично повеќе ми одговара вториот превод на англискиот Lockout), станува збор за футуристичка акциона трилерска без ни малку американска драма, која храбро но и суптилно се спротивставува на очигледниот американски естаблишмент, кој царува во редовите на тајните служби и политичките врвови на американското секојдневие.

Значи годината е погорое посочената, а американците си останаа американци. Повторно преварантски сплетки (по Делчевски кажано), зачинено со брутална експресија на сила, која го разбива рамнодушното човечко чувство уште на почетните секвенци на филмот. Гај Пирс (Guy Pearce) седи на “удобното” осамено столче во центарот на собата за испрашување (во декор уреден по мерката на CIA-the almighty), од спротивната страна стои I am the man-директорот на ЦИА и поставува прашања, од типот “Што се случи во собата?”  итн..., притоа на секој “погрешен одговор”, г-динот Снег (анг. Snow)-поранешен оперативец на ЦИА, добива естаблишментски удар во лицето, неколку пати, без притоа “око да му трепне” и воопшто да му се разниша неговата самодоверба, пушејки цигара од минатото во кое сите пушеле (во 2079 година никој повеќе не пуши во филмот). Потоа следи кратка дигресија во филмот со која во неколку минути многу вешто решисерот дава умешен трилерски заплет (без многу трилеросувања-повеќе јадење ќотек секој од секого, иако не се знае кој е кој во тие неколку кратки минутки), за потеклото, навиките и способностите на Snow, кој по пат на оптичка илузија станува жртва на правичниот правосуден систем на државата Америка. Спакуван во современи хидраулични окови добива инекција за заспивање, и билет на 30 години во еден правец во максимално обезбедениот затвор MS-1 верувале или не во Замислете цела вселенска програма, со целосна космонаутска инфраструктура за вдомивање на “олошот од лицето на земјата”...Скафандри, спејс шатли, независна анти вселенска интегрирана одбрана на затворот, стручни научници во бели одела кои се грижат сето тоа да тече лагано и подмачкано, безбедносен систем кој вклучува ретензиони капсули во кои затворениците хибернираат, и ходници од типот на Alien 4 исполнети со (верувале или не) глупи стражари кои чекаат да им помине смената и да се вратат дома на планетата земја. Секако врв на глупавоста е по малку и комичниот лик на управникот на затворот, кој изигрува head negative karma killer  но во суштина е мивка која слепо извршува “нечии наредби”. Ова “нечии” не се знае чие е затоа што во филмот накратко се спомнува “Компанијата” која го изградила затворот, а што-како и зошто не е кажано, барем не директно...Кон крајот на филмот во врска со суштината за постоењето на овој затвор се соопштива еден факт но истиот не е доволно елабориран и продлабочен. Искрено со негово поексплицитно додефинирање, би се дала многу поквалитетна слика за суштината на постоењето на Компанијата, нејзините врски со естаблишментот, под радарот на Претседателот на САД. Кога го спомнувам Претседателот на САД (немоќно старче во филмот, зависен директно од лично од него именуваните челници во администрацијата, тоа не е случајно бидејки како главен катализатор на развивањето на приказната на филмот ја има улогата на ќерката на претседателот, која во хуманитарна акција, заминува на MS-1 во истражувачка мисија за да ги испита третманот на затворениците во затворот, како и озлогласените озборувања во врска со не хуманото однесување на “научниците” кон затворениците.

Секако вистината позади релациите научници, затвореници, полициски персонал, владини агенции и “Компанијата” е далеку посурова, но тоа не е до крај експоатирано во филмот.

Секако потоа во настрого обезбедениот затвор и тоа во вселената, работите се превртуваат од корен, и сите затвореници (одред од 500 најозлогласени криминалци од цел свет), ја превземаат контролата над затворот, т.е. вселенската станица....И секако ќерката на претседателоте заробена, па бега, па пак ја заробуваат, па таман да ја ослободат, за малку ке загине итн, итн...Цела американска “разбијачка” снага не може да стори ништо...Единствено Snow, е најповикан кој во скафандер упаѓа во затворот и разбива се пред себе.

Најсветол момент од филмот (човечки кажано) е кога братот на водачот на затворениците ги убива беспомошните заложници на централниот мост од платформата, притоа вешто гестикулирајки под рефлекторите на продукцијата, која го изроди овој филм. Потоа следуваа неколку предвидливи ситуации, масивни експлозии, претходна вселенска битка, за при крајот да следува расплетот, во врска со заплетот од почетокот на филмот, во врска со безбедносните пропусти на тајните служби.

Се на се динамичени филм со обиди за стриповски декор и иконографија, што е навистина позитивна карактеристика на сите филмови на Лук Бесон. Ликот и карактерот на Гај Пирс е секако карактеристичен за сите главни улоги во филмовите на овој режисер, а секако и главната хероина си има забележителни моменти фо филмот, која задолжително плени со убавина и широкоградост.

Погледајте го филмот, нема да зажалите за потрошеното време.

Во продолжение ви го прикажуваме официјалниот трејлер на филмот.

 

 
 

 

Актерска екипа: Навигација за други популарни филмови:  

 

{loadnavigation}


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Филмски рецензии

Други интересни статии

Поврзани статии

Број на посети:823Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
recenzija-mulholand-drive Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го...
Објавено на 11 Јули 2015, 13.04 часот.
Број на посети:1007Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
olympus-has-fallenОвој филм третира една сериозна тема која го засега било кој човек на планетата земја: Борбата за...
Објавено на 30 Јуни 2013, 12.32 часот.
Број на посети:916Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-men-of-steel Кога некој залутан делчевчанец одеднаш ке се најде во Скопје среде јули, најпогодно место да се...
Објавено на 22 Јуни 2013, 15.31 часот.
Број на посети:1125Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
dredКога почнав да го гледам филмот, си реков:Кај е по ѓаволите -The one and only-Сталоне? На крајот на...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.55 часот.
Број на посети:1307Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
life-of-piПриказна за едно момче кое во моментот на раскажувањето на сопствената животна приказна е возрасен маж,...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.21 часот.
Број на посети:1017Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qupside-downqДали некогаш сте сонувале сон во кој лебдите во облаци? Притоа чувствувате леснина во абдоменот и ви се...
Објавено на 27 Декември 2012, 17.02 часот.
Број на посети:1127Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qthe-third-halfqДоста лепење плакати наопаку !!! Па не сме неписмени "мајке ми". Синоќа по 7 години во Делчево кино...
Објавено на 12 Декември 2012, 12.48 часот.
Број на посети:885Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qpremium-rushqОд секогаш сум сакал вакви филмови. Што да кажам... Филмот има дух, карактер, став, забавен е , акција...
Објавено на 02 Декември 2012, 17.56 часот.
Број на посети:665Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
---qdeadfallqЕве еден типичен пример на филм кој што се наоѓа во не толку гламурозната холивуудска продукција на...
Објавено на 02 Декември 2012, 10.42 часот.
Број на посети:304Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
2012-12-01-17-04-29Играјки на сентиментот на граѓаните на светот, филмската индустрија покажува дека се уште знае да плови...
Објавено на 01 Декември 2012, 15.58 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#