facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

altДали некогаш сте почувствувале дека вашето место под сонцето е извенато...Вашата сенка губи на интензитет и длабочина...Вашиот лик во огледалото станува проѕирен....

Притоа светот е отиден толку напред во секој поглед што вие се чувствувате како стара кубура која работи се уште на барут... Притоа нема класични непријатели за отстрел, нема достоен предизвик за вашата основна функција и работа што само и единствено вие знаете да ја работите, нема моторно масло со кое можете да го подмачкате сопствениот гломазен механизам кој полека полека зачкрипува под налетот на новите бранови кои иднината ги носи.

Сакате автобус, сакате автомобил, сакате моторцикл, сакате скејт борд, сакате со бет-мотор, сакате со бет-мобил или со (најново) бет-летало... Патот Делчево-Скопје верувам е најдолгата и најмачната за патување дестинација од било кое место во државата до нашиот "капитал (анг.Capital)", но сепак стегајте патиките, кондурите, влечките (кој како) и правец Kино Mилениум. Дури и скапите пуканки не би трeбало да ве онерасположат да го погледате овој филм во кино салата.

Се додека не си го дозволите ова задоволство ке мора да се задоволите од нашата (и слични други) текстуални рецензии,видео исечоци, трејлери и слично, по интернет, но во никој случај не го гледајте овој епохален филм со лоша пиратска снимка. (Греота е...:) ) 

 "Бетмен -Подемот на темниот витез"  е совршено ремек дело на блок-бастерски настроената филмска индустрија (читај фабрика за пари) кое отсликува една навистина епска приказна за вечната битка помеѓу доброто и злото и сите нивни измеѓу манифестации. Особено впечатокот е поголем што оваа епска битка потекнува од стриповски-илустрирани карактери и јунаци кои пленат со својота богата и сликовита дефиниција и идентификација во светската поп култура.

 alt

alt alt alt 

Филмот на почетокот почнува некако бавно, со смалено темпо и без некои посебно спектакуларност-класично затишје пред бура. Секако почетокот не е она на што сме навикнати од Бетмен, па затоа самиот филм ти влева се поголема наезда на исчекување и нетрпение. Овде нарацијата и сценариото се главните улоги кои го карактеризираат овој дел од филмот, секако умешно направено со концепт на подреденост кон преостанатиот дел од филмот. Типично како добро осмислена партија шах, во која стратешкото планирање игра клучна ролја во целата структура на ова филмско остварување, филмот има свое отварање, кулминација на дејството и фин крај кој ги задоволува мнозинството од консумирачката публика. Некои пребирливи фаци ке речат дека крајот можело драматуршки подобро да се изваја, но сепак....прашање на вкус е работава. Секако исклучок од овие квалификации е спектакуларното бекство од авион на Бејн-главниот негативец во филмот.

altНетипично за холивудските блокбастери овој филм има во себе и една суштествена дигресија, со која се успорува целокупниот воинствен набој на филмот. Имено дигресијата се содржи во моралниот, физичкиот, финансискиот и на било кој друг план, пад на главниот лик во филмот. Оваа дигресија според вашиот дежурен "дробач" не е направена на соодветно ниво и не ми е баш јасно зошто е тоа така направено. Дали станува за режисерски пропуст или притисок од страна на продукцијата, не е јасно, но евидентно е дека приказната во извесна мера е разводенета и не го задржува адреналинското ниво на расположение.

Секако оваа сенка во сценариото и драматургијата, останува во позадина, зад феноменалните визуелни ефекти, беспрекорната камера, костимографија, глумечки арсенал на "големци" од највисок калибар, кастинг, обоеност и  текстура, совршеното светло, специјални ефекти, звучни ефекти, музика, и се, се друго, по кое овој филм дефинитивно ке ја одбележи оваа 2012 година. На сите овие позитивни епитети сериозно се "накалемуваат" и инвентивно и спектакуларно изградените сцени, масовни борби и технолошката "поткованост" на филмот со технолошки иновации и оружје.

alt

Како уште една дополнителна мала бледа работа во филмот би ја спомнале и поврзаноста на оваа епизода од сагата за Бетмен, со првата епизода (исто така режирана од Кристофер Нолан), во делот на спомнувањето и улогата на Лигата на сенките, во целата приказна. Затоа пак ликот на Харви Дент како заедничка алка меѓу вториот и третиот (последен) дел, некако повеќе е впечатлив, но сепак тоа е најверојатно поради поврзаноста со ликот на Џокерот од претходниот "витез", кој апсолутно доминира по стилскиот израз како епохална-маестрално одиграна улога од страна на сега веќе починатиот Хит Леџер.

 За сите зли души кои се родени нон стоп да цимолат и негодуваат, им посакувам никогаш да не влезат во кино со 3D технологија...Тоа ке биде нивна најголема казна.

А за останатите "freak-ви" им посакувам да влезат во нашето сега за сега најдобро 3D кино Милениум во Скопје, и да се препуштат во едно незаборавно впечатливо и по малку возвишено чувство на посебност и индивидуалност. Нека се "мачат малце" зошто без мака нема наука...

За и околу сижето на филмот не би навлегувалe да го интерпретирамe, тоа сепак ке биде безобразно од наша страна, со оглед на фактот дека филмот е навистина спектакуларен и обемен, а убавината во глобала е индивидуално чувство кое секој субјект мора сам за себе да го "свари".

Во прилог пренесуваме повеќе трејлери од филмот кои ги има на располагање на интернет, се со цел да ја доближиме атмосферата на филмот до гледачите, и да испровоцираме гледање на самиот филм, затоа што ваков филм не се создава често, и истиот секако ке биде запаметен во кулоарите на филмската индустрија во иднина.

 

 

 

 

Актерска екипа: 

Christian Bale како Bruce Wayne/Batman

Tom Hardy како Bane

Anne Hathaway како Selina Kyle/Catwoman

Joseph Gordon-Levitt како John Blake

Michael Caine како Alfred Pennyworth

Gary Oldman како Commissioner James Gordon

Morgan Freeman како Lucius Fox

Nestor Carbonell како Mayor Anthony Garcia

Marion Cotillard како Miranda Tate/Talia al Ghul

Режисер:

Christopher Nolan

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Филмски рецензии

Други интересни статии

Поврзани статии

Број на посети:823Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
recenzija-mulholand-drive Доколку мислевте дека знаете се за добар трилер филм и на кој начин истиот можете да седнете и да го...
Објавено на 11 Јули 2015, 13.04 часот.
Број на посети:704Рејтинг:0Категорија:Забава
supbetben После сензационалната вест дека "убавецот" Бен Афлек ке го глуми Бетмен во наредниот Man of steel 2,...
Објавено на 20 Октомври 2013, 17.58 часот.
Број на посети:1007Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
olympus-has-fallenОвој филм третира една сериозна тема која го засега било кој човек на планетата земја: Борбата за...
Објавено на 30 Јуни 2013, 12.32 часот.
Број на посети:916Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-men-of-steel Кога некој залутан делчевчанец одеднаш ке се најде во Скопје среде јули, најпогодно место да се...
Објавено на 22 Јуни 2013, 15.31 часот.
Број на посети:1125Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
dredКога почнав да го гледам филмот, си реков:Кај е по ѓаволите -The one and only-Сталоне? На крајот на...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.55 часот.
Број на посети:1307Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
life-of-piПриказна за едно момче кое во моментот на раскажувањето на сопствената животна приказна е возрасен маж,...
Објавено на 28 Декември 2012, 08.21 часот.
Број на посети:1017Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qupside-downqДали некогаш сте сонувале сон во кој лебдите во облаци? Притоа чувствувате леснина во абдоменот и ви се...
Објавено на 27 Декември 2012, 17.02 часот.
Број на посети:1127Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qthe-third-halfqДоста лепење плакати наопаку !!! Па не сме неписмени "мајке ми". Синоќа по 7 години во Делчево кино...
Објавено на 12 Декември 2012, 12.48 часот.
Број на посети:885Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
-q-q-qpremium-rushqОд секогаш сум сакал вакви филмови. Што да кажам... Филмот има дух, карактер, став, забавен е , акција...
Објавено на 02 Декември 2012, 17.56 часот.
Број на посети:665Рејтинг:0Категорија:Филмски рецензии
---qdeadfallqЕве еден типичен пример на филм кој што се наоѓа во не толку гламурозната холивуудска продукција на...
Објавено на 02 Декември 2012, 10.42 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#