Со свечен празничен дух, со најголеми почести и празнична атмосфера денеска во Делчево беше одбележан големиот христијански празник Богојавление-Водици во Делчево.
Делчевчани во огромен масовен број излегоа во центарот на градот и присуствуваа на осветувањето на водите на реката Брегалница и пронаоѓањето на Светиот крст.
Оваа година честа да го пронајде Светиот крст му припадна на 20 годишниот Винко Златков од село Габрово. Тој посака здравје среќа и успех за себе и за своето семејство како и за сите православни христијани насекаде во светот, кои го празнуваат денешниот празник.
Од страна на архиерејското намесништво на Македонската православна црква од Делчево тој беше даруван со сребрена паричка и осветена икона на Господ, Исус Христос како и христијанска литература.
Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански на среќниот пронаоѓач на крстот во водите на река Брегалница му подари 10000 денари.
Овогодинешното одбележување на Водици во Делчево помина во прекрасна празнична и свечена атмосфера помеѓу сите жители на Делчево.
Повеќе фотографии од настанот може да се прегледаат на нашата фејсбук страна.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |