Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Во понеделник 03.06.2013 година во село Разловци достојно беше одбележан празникот посветен на Св.Цар Константин и Царица Елена.

Во истоимената црква посветена на овие светци која и воедно била и жариште на планирањето и одвивањето на Разловечкото востание во 1876 година, се служеше света литургија со која чиноначелствуваше Митрополитот Брегалнички г-дин Иларион, се преосвети овој христијански храм по неговата реконструкција која беше спроведена во изминатиот период. 

На литургијата покрај свештени лица од Брагалничката епархија и жители на село Разловци о од повеќе места во Делчево присуствуваа и Градоначалникот на Општина Делчево г-дин Дарко Шехтански и Претседателот на Советот на Општина Делчево г-дин Драган Христов.

По завршување на светата литургија од страна на г-дин Иларион беа доделени Благодарници за ктиторите кои помогнаа со материјални сретства при реконструкција на црквата.

За сите присутни потоа во дворот на црквата се служеше свечен ручек во организација на месната заедница и црковниот одбор. Инаку овој празник од памтивек се празнува како ден на село Разловци т.н. Селски собор кој го празнуваат сите домаќинства во селото и ги пречекуваат своите роднини, и пријатели во своите домови.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Религија