Иако претходно беше најавен големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија" во Делчево и Македонска Каменица за денес (петок 18.04.2014 година), за промоција на програмата "ПРОВЕРЕНО 2014-2018", сепак истиот не се одржа.

Овој исход се наметна по одлуката на партиското раководство и Претседателот Никола Груевски, на последниот состанок на Републичкиот изборен штаб, поради големото чувство на почит за запазување на верските чувства на жителите на Делчево и Македонска Каменици, за каде беа најавени големите народни митинзи.

Со овој гест врвот на партијата повторно ја покажа својата определба за запазување на многу поважни и суштествени моменти од приоритетно значење за народот и државата, со сета должна почит кон идентитетските вредности кои се од огромно значење за македонскиот граѓанин.

Наместо митинзи,  за овој ден кога во државата наголемо се празнува празникот "Велики Петок", активностите на премиерот Груевски со дел од неговиот тим беа променети во посета на црквата Успение на Пресвета Богородица заедно со огромниот број на делчевчани, како и прошетка по централното градско подрачје во Делчево.

Со ова Премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажаа дека политиката не им е најважната работа, туку празнувањето и чествувањето на верата и славењето на Бога на македонскиот народ.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Религија