Денеска (Петок 18.04.2014 год.) Премиерот на Владата на Република Македонија Никола Груевски, помеѓу граѓаните во  Делчево го одбележа големиот христијански празник, Велики Петок.

 Премиерот Груевски во присуство на црковни лица на МПЦ, заедно со огромен број на граѓани на Делчево присуствуваа на поставувањето на плаштеницата на Исус Христос пред олтарот во црквата Успение на Пресвета Богородица. Притоа имаше чест да се протне под плаштеницата заедно со граѓаните на Делчево, како што налага христијанскиот обичај.

Покрај Премиерот Груевски на овој чин присуствуваше и Градоначалникот на Општина Длечво, Дарко Шехтански, носителот на листата на кандидати за пратеници во третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Никола Тодоров, како и кандидатот за пратеник од Длечево, Д-р Милка Христова од оваа листа.

Протнувањето под плаштеницата во која според Светото писмо било завиткано телото на Синот Божји, по неговата земска смрт симболизира оддавање на сопственото тело под закрила на силата божја олицетворена преку оваа света реликвија како што е плаштеницата..

Во Делчево како и ширум светот, со поставувањето на плаштеницата на Исус Христос започнуваат велигденските празнувања помеѓу верниците. 

 
 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Религија