alt

Пристапот на корисниците на нашиот веб портал може да биде на четири нивоа:

А) како Гостин,

Б) како Регистриран/Најавен корисник,

В) Како Автор на текстови

Г) Специјално

 

 А)

Ниво на пристап како Гостин е наменето за сите интернет корисници кои ке ја одберат нашата www.delcevo.org.mk веб адреса. Сите наши корисници во својство на Гостин можат: 

  1. да читаат информации кои се објавени за таа намена;
  2. Информациите објавени на нашиот веб портал да ги користат за едукативни и информативни  цели, истите да ги копираат и да ги праќаат на нивни соработници, пријатели и роднини, со јасно видлива и декларирана ознака дека станува збор за информации превземени од нашиот веб портал www.delcevo.org.mk 
  3. Истите информации да ги споделуваат на социјалните мрежи за кои е овозможено преку поставените иконки за соодветната социјална мрежа под секој текст на нашиот веб портал.
  4. Да коментираат на секоја информација под секој објавен текст каде тоа е овозможено од страна на администраторите со внесување на код за анти-спам заштита,  и притоа коментарите потребно е да бидат:
Испратените коментари од страна на корисници нашиот веб портал на ниво на Гостин ке бидат прегледани и ке бидат објавени доколку се во согласност со погоре наведените услови како и  Општите Правила за употреба, во најкраток можен рок, од страна на администраторите. altСите оние коментари кои не се во согласност со погоре наведените услови како и  Општите Правила за употреба на овој веб портал нема да бидат објавени.
Веб порталот www.delcevo.org.mk не сноси никаква одговорност околу точноста и валидноста на информациите пренесени од страна на нашите корисници во својство на Гостин.Овие информации остануваат сопственост на корисниците кои ги објавиле и овие лица одговараат за валидноста, точноста и содржината  согласно законската регулатива на Р.Македонија или во државата од каде се објавени коментарите. Секој коментар кој е објавен од страна на корисници со статус Гостин, е проследен со соодветна IP адреса која им е достапна на администраторите на веб порталот, и по барање на надлежни институции, оваа IP адреса може да биде дел од соодветна правна постапка, доколку за тоа се истакне правна потреба.

 

Б)

Корисниците со ниво на пристап Регистриран/Најавен корисник можат:

Покрај горенаведените карактеристики можат да:

  1. Коментираат на секој текст на веб порталот каде тоа е овозможено од страна на администраторите, без притоа да мора да го користат кодот за анти-спам заштита, и без притоа коментарот да биде модериран од страна на администраторите.
Регистрација на корисници:
Регистриран корисник се станува преку регистрација на јавно објавената апликација на веб порталот според сл. постапка:
  • Кликни на делот "Најави се" од десната страна на вашиот монитор ,

alt

  • Откако ви се отвори апликацијата за внес на податоци, кликнете најдолу на зборовите "Зачленување корисник" 

alt

  • Откако ке ви се отвори формата за регистрација внесете ги вашите податоци во означените полиња.
alt
Сите ваши податоци кои ги внесувате се енкриптираат во базата на податоци на веб сајтот и ги знаете само вие. Дел од овие податоци може да ги види само Супер администраторот на сајтот, но не и вашата лозинка, која е единствена и позната само на лицето кое ја внесува. Оваа лозинка е вашата влезна врата на сајтот како Регистриран корисник. 
  • По внесувањето на вашите единствени податоци кликнете "Зачлени".
  • Следете ги упатствата ги ке ги добиете во вид на автоматизирана порака
  • За најава Кликни на делот "Најави се" од десната страна на вашиот монитор и внесете ги Корисничкото име и лозинка со кои се регистриравте на нашиот веб портал (доколку ги заборавите истите ги имате на вашиот е-мејл кој сте го внеле при вашата регистрација).
За да проверите во какво својство е вашиот статус на посета на нашиот веб сајт потребно е да кликнете на апликацијата "Најави се" каде доколку сте најавени ке ви се отвори прозорец за дијалог "Добредојдовте _______________" (каде место означеното празно место ке стои вашето корисничко име). 
alt
Доколку не се појави вака опишаниот прозорец за дијалог, потребно е да се Најавите или регистрирате, според постапката наведена погоре.
Информациите споделени во форма на коментари од страна на Најавени (Регистрирани) корисници на овој веб портал се сопственост на нивните автори кои што одговараат за валидноста, точноста и содржината  согласно законската регулатива на Р.Македонија или во државата од каде се објавени коментарите. Секој коментар кој е објавен од страна на најавени(регистрирани) корисници, е проследен со соодветна IP адреса која им е достапна на администраторите на веб порталот, и по барање на надлежни институции, оваа IP адреса може да биде дел од соодветна правна постапка, доколку за тоа се истакне правна потреба.

В)

Корисниците со ниво на пристап "Автор на текстови" корисник можат:

  1. Преку посебниот дел од главното мени достапен преку врската Интерактивно-->>Пријави колумна да пријавуваат/уредуваат свои текстови во посебни категории на информации на нашиот веб портал.

Добивање на статус на Автор на текстови на веб порталот www.delcevo.org.mk

Секој граѓанина на општина Делчево и пошироко во регионот може да се стекне со статус со ниво на пристап класифициран како "Автор на текстови". 

За таа цел потребно е да се пријави на нашиот постојан конкурс за НОВИНАР АМАТЕР кој што нашиот веб портал го има објавено. Конкурсот е достапен на сл. линк тука.

Начин на уредување и пријавување статии од страна на корисниците со ниво на пристап "Автор на текстови": 

Секој соработник на нашиот веб портал во својство на "Автор на текстови", кој е избран од страна на нашиот уредник во рамки на погоре означениот конкурс ке добие права и обврски согласно меѓусебно потпишан договор за соработка помеѓу лицето во својство на Автор на текстови и ЗГ Акција за млади Делчево. Пред да се започне со исполнување на правата и обврските согласно овој договор, ова лице ке добие краток курс за начинот на уредување и и пријавување на статии на нашиот веб портал, според точно дефинирани  инструкции за исполнување на оваа улога. На располагање на Авторот на текстови ке му бидат доделени по електронски пат и нагледни материјали според кои ке може да уредува/пријавува текстови на нашиот веб портал.

Дали текстовите по нивното пријавување автоматски се објавуваат на веб порталот?

Пријавените текстови од страна на Авторот на текстови пристигаат како известување  до администраторот и уредникот на нашиот веб портал, кој ги прегледува/корегира (за да ги задоволат потребните стандарди за објавување) и овозможува објавување на истите. Содржинскиот дел на текстот останува непроменет, односно се третира согласно Договорот потпишан помеѓу соработникот и здружението. Администраторот/уредникот единствено можно е да  изврши технички промени кои се неопходни околу дефинирање на изгледот и распоредот на текстот и фото материјалите кои се пријавени за објавување. Суштината на текстот си останува непромената.

Г)

По потреба администраторите на нашиот веб портал можат и да овозможат т.н. "Специјално ниво" на пристап до содржините на истиот, согласно потребите и можностите на здружението.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

За проектот - Правна рамка