facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

alt

Сопственик на доменот www.delcevo.org.mk е ЗГ Акција за млади од Делчево-во натамошниот текст здружението, според регистарот на Marnet-македонскиот регистратор на Интернет поддомени. Сопственик на сите содржини  објавени на веб порталот "Делчево-Минато сегашност и иднина" е здружението.

Овој веб портал е од Забавно-информативен карактер.

Основна цел за постоењето на овој веб портал е објективно информирање на граѓаните за суштински прашања од областа на секојдневното живеење на граѓаните во општина Делчево, микрорегионот Пијанец-Малеш, но и пошироко.

 На веб порталот се поставени т.н. RSS feed-ови од информативни веб портали, за чии што содржини здружението не сноси никаква одговорност и истите само ги реемитува. Објавата и емитувањето на овие RSS feed-ови е согласно правилата на превземање на истите од нивните сопственици.

 Здружението на граѓани Акција за млади-Делчево од Делчево, под целосна материјална и формално правна одговорност како правен субјект одговара за објавените содржини на овој веб портал, само и единствено од страна на сопствените членови, кои имаат потпишано пристапница, и се регистрирани како членови на здружението, и за објавувањето на ваквите информации имаат добиено писмена согласност од страна на управните органи на здружението.

Поради постоење на можноста за интеракција помеѓу корисниците и посетителите на овој веб портал, во форма на изнесување на нивни лични ставови, како и пласирање на информации,  на овој веб портал, Здружението на граѓани Акција за млади од Делчево не сноси никаква одговорност за карактерот и валидноста на вака пласираните информации од страна на корисниците на овој веб портал, кои не поседуваат никаква писмена согласност од страна на здружението, како овластени лица кои ке можат да објавуваат содржини на овој веб портал.

Одговорноста за ваквите информации им припаѓа на луѓето кои ги објавиле истите преку овој наш медиум.

за Валидноста и точноста на сите информации, објавени на веб порталот треба да се земат со одредена доза на резерва и истите да се проверат со Главниот уредник на порталот по писмен пат доколку за тоа има потреба.

Корисниците на овој веб портал можат да имаат неколку нивоа на пристап кон содржините на истиот:

  • Основното ниво на пристап е Гостин,
  • второто ниво на пристап е Регистриран корисник,
  • третото ниво на пристап е Специјално.

Секој корисник на овој портал со самото побарување на адресата www.delcevo.org.mk од својот пребарувач има ниво на пристап со статус на Гостин. Доколку корисникот ја пополни регистрационата форма (достапна на повеке делови од порталот), во која се бараат соодветни податоци, се стекнува со статус Потенцијален регистриран корисник. Администраторот добива известување дека има влез на податоци за регистрација и истиот ја разгледува формата и може (но не мора) да му дозволи на корисникот статус Регистриран корисник. Со здобивање на статус Регистриран корисник, корисникот може да користи посебни привилегии во прелистувањето и употребата на функционалностите на овој веб портал.

Податоците кои корисникот ги внесува во регистрационата форма се од доверлив карактер и за истите постои енкрипциона форма на заштита во рамките на базата на податоци на овој веб портал. Сопствениците на овој веб портал немаат право овие податоци да ги споделуваат во никој случај освен ако за тоа не се утврдат потреби согласно законската регулатива во Р.Македонија, по налог на овластени служби во државата.

Овој веб портал има оддели на кои корисниците преку најразлични веб алатки можат да прикачуваат текстуални, графички, видео и друг вид на медиски содржини, да даваат коментари, како и да ги споделуваат содржините од овој веб портал со други веб портали на глобалната мрежа.

Сите содржини од ваков вид коишто корисниците ги прикачуваат на овој веб портал се контролирани и достапни за процесуирање од страна на администраторите на веб порталот.

Доколку се забележат медиски содржини од навредлив карактер, расна, полова и било каква друга дискриминација, ширење на омраза и нетрпеливост, погрдни зборови, пцовки, експлицитни и врбални расправии, пиратерија, загрозување на авторски права, нарушување на интелектуална сопственост и друг сличен материјал, објавен или прикачен од страна на некој корисник на овој веб портал, истите содржини ке бидат забранети, и укинати од емитување во рамките на порталот, а таквите корисници ке бидат забранети за користење на порталот.

Здружението не превзема никаква одговорност за последиците од споделувањето на содржини од овој веб портал со други веб портали кои овозможуваат таква можност, и самата таква активност е на одговорност на корисниците кои ја изведуваат оваа операција на споделување на информации.

Со самата посета на овој веб портал, корисниците се согласни на сите услови наведени во текстот погоре, и носат соодветна одговорност за сопствените постапки во врска со овие содржини на овој веб портал, согласно законските текстови кои ги рекулираат овие односи во Република Македонија.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

За проектот - Правна рамка

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#