Недела, 05 Февруари 2012 21:57
Последно освежено на Вторник, 25 Септември 2012 03:34
Напишано од Administrator
Потребно: 4 пастрмки од по 250 гр., сок од лимон, путер, сол и црн пипер (за украс 1 лимон и магдонос)
за фил: 100 гр. сечкан замрзнат спанаќ, 100 гр. младо несолено сирење, една лажица брашно, една жолчка, 2 лажици кисела павлака, рендана кора и сок од лимон, малку морско оревче, сол и црн пипер
Исчистените пастрмки добро измијте ги и избришете ги со крпа. Отстранете им ја средната коска сечејќи кај опашот и главата. Посолете и ставете црн пипер и попрскајте ги со сок од лимон.
Фил: полека одмрзнете го спанаќот на шпорет, кога водата ќе испари додајте го младото несолено сирење и мешајте со дрвена лажица. Ставете го брашното, жолчката, павлаката, сокот од лимон и кората, сол, црн пипер и морско оревче. Филот поделете го на четири дела и наполнете ги пастрмките. Добро затворете ги за да не истече филот. Четири парчиња алуминиумска фолија премачкајте ја со путер, на секоја ставете по една пастрмка, на рибите направете им по три реза со нож и завиткајте ги во фолијата.
Ставете ги во тава за печење, прелијте ги со вода што врие на висина од еден центиметар и печете ги 30 минути.
Пастрмките послужете ги украсени со магдонос и парчиња лимон.