Нам ни е дадено за ден да сакаме

и пак на разделба тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

 

а може никогаш да не се видиме.

 

Пат ке ни препречат мостој соборени,

пат ке ни препречат градој изгорени,

пат ке ни препречи куршумот в чело.

И пак сме можеле тажни да бидеме,

и пак си велиме: не заборавај ме!-

а може никогаш да не се видиме.


Превземено од стихозбирката "Поезија" од Блаже Конески издадена во 1967 година во рамки на едицијата "Блаже Конески:Избрани дела во седум книги", од страна на издавачката куќа Култура-Скопје

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Македонска бесмртност