facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

01

Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic point". Можеби ова и не е некоја специјална најава на која како конзументи на пишаниот македонски збор сте навикнати, но нејсе...

Бенд кој што според наше скромно мислење претставува  иднина на македонскиот прогресивен рок звук ќе настапи на второто издание на рок фестивалот "Во Делчево под ѕвездите"  кој ќе се одржи во петок (03.07.2015 година) на отворено на летната сцена во градскиот парк во Делчево со почеток во 19.30 часот.

Со "Chromatic point" во ова интервју разговараме за нивните почетоци, влијанија и инспирација, за нивните планови во иднина. Најважно од се е што од бендот најавуваат впечатлив и незаборавен настап под ѕвезденото небо во центарот на Делчево.

Ги покануваат буквално сите граѓани на Делчево но и од соседните општини да бидат дел од овој незаборавен и несекојдневен настан. 

Уживајте!

04 

1.DelcevoGlobalOnline:

Во македонските рок кругови нема потреба посебно за претставување на Хроматик поинт, но веројатно за останатите рок “неверници” и тоа како има. И за едните и за другите: накратко кои се Хроматик поинт, од “праисторијата” до денес?

Chromatic point:

Хроматик Поинт е инструментален прогресив рок бенд формиран во 2010 година и има за цел да и даде една нова димензија на рок музиката во комбинација со Македонски етно елементи. Бендот има две студијски изданија ‘Златен Пресек’ 2012 и ‘Слики од старата куќа’ 2014. Во првичниот состав во бендот членуваа тројца членови од  Делчево, меѓутоа со тек на време бендот доживеа трансформација и моменталниот состав на бендот е:

Душко Ичев (Клавијатури) Ален Спасевски (Бас гитара) Стефан Миладинов (Гитара) и филип Јездиќ (Тапани).

2.DelcevoGlobalOnline:

Дали е можно според ваши зборови стереотипно Хроматик поинт да се класифицира како некој жанровски бенд на влијанија, или станува збор за нешто сосема поинакво, автохтоно?

Chromatic point:

Влијанијата се секако неизбежни, но преку музиката што ја правиме и идеите што ги развиваме се трудиме да бидеме максимално оригинални и уникатни во идејата и изразот.

3.DelcevoGlobalOnline:

Кој во бендот е автор на песните, аранжманот, текстот, музиката? Има ли некоја призната и докажана шема според која Хроматик создава една песна, албум?

03

Chromatic point:

Во процесот на создавањето на музиката активно учествуваат сите членови, даваат свои идеи и предлози за тоа како треба да звучи одредена песна или одреден дел од песна. Притоа особено се внимава на тоа да се задржи стилот по кој Хроматик Поинт се препознатливи и уникатни кај публиката и критичарите.

4.DelcevoGlobalOnline:

Од што ја црпите вашата инспирација за создавање на музика?

Chromatic point:

Сите членови од бендот се доста креативни, имаат огромен потенцијал за компонирање и творење нови композиции. Веројатно главна инспирација за создавање нова музика е потребата за себеизразување, да се изнесе на виделина се она што го чувствуваме, живееме или мислиме, и да го споделиме со публиката и светот воопшто.

5.DelcevoGlobalOnline:

Дали е напорно да се биде член на Хроматик поинт и во физичка и во духовна смисла на зборот?

Chromatic point:

Хроматик Поинт е бенд кој функционира на доста професионално ниво, секој од членовите работата си ја сфаќа најодговорно, и секој дава свој максимум за остварување на обврските. И покрај брзиот начин на живот и секојдневните обврски што секој член ги има, кога е во прашање Хроматик Поинт секој пат се наоѓа време и простор и сила за релизирање на зацртаното.

6.DelcevoGlobalOnline:

Што е за вас Хроматик поинт? Бизнис, хоби, забава, опсесија или од се по нешто?

07

Chromatic point:

Опсесија!

7.DelcevoGlobalOnline:

Дали соработувате со други бендови, уметници и дали разменувате инспирација, искуства, ресурси? Каква е според вас состојбата на ниво на креативност и оригиналност на македонската рок сцена воопшто? Има ли иднина, т.е. каде ја гледате иднината на македонската рок култура-краткорочно и долгорочно.

Chromatic point:

На вториот наш албум ‘Слики од старата куќа’ Остваривме соработка со етно групата Синтезис и Браќата Тавитјан, кои ни излегоа во пресрет и ја прифатија нашата покана да дадат свој придонес во нашето второ студиско издание. Македонската рок-метал сцена е во една незавидна положба и сметаме дека недостасува креативност и упорност кај бендовите како и желба и отвореност за соработка и за разменување идеи и искуствао. Со исклучок на неколку бендови кои што функционираат активно на сцената и се борат со сите предизвици да се опстои, ситуацијата на Македонската рок сцена воопшто не е сјајна, но се надеваме дека бендовите ке се активираат малце по сериозно, ке порасне ентузијазмот за создавање на една цврста рок култура која ке биде на ниво, и ке звучи ново и автентично.

8.DelcevoGlobalOnline:

Интернет поврзаноста нуди речиси неограничени можности за себепромоција. Но некако и покрај целата таа отвореност кон светот буквално од сечиј дом во двете насоки, многу малку може да се најдат информации за современата рок сцена во Македонија (со исклучок на многу мал број интернет портали). Каде е проблемот за ваквата состојба? Дали сметате дека самите бендови треба да одиграат поангажирана улога во овој тренд на популаризација и себепромоција?

 

Chromatic point:

Проблемот го гледаме и кај бендовите и кај публиката, но и кај медиумите и одговорните луѓе кои го организираат и обликуваат  културниот живот во земјава.

Во денешно време најголемо значење на му се дава на профитот и заработката, од одреден вид музика, па затоа најголемиот дел од изведувачите и менаџерите се заинтересирани за музика преку која ке дојдат до што поголема заработка. Што се однесува до интернетот и можностите кои тој ни ги нуди, секако дека придобивките се големи и корисни, меѓутоа од друга страна целата таа интернет поврзаност придонесе да се намали продажбата на носачи на звук во светски рамки, со што музиката како своевиден продукт ја губи својата вредност.

9.DelcevoGlobalOnline:

Дали, кога и каде исчезна способноста на рок музиката да го менува светот и општествените текови воопшто?

08

Chromatic point:

Сметаме дека рок музиката и уметноста воопшто никогаш и не влијаеле на општествените текови и немале моќ над политичките сили да придонесат да се смени светот или да се направат било какви промени кон подобро или полошо. Музиката од секогаш била и ке биде резултат на времето во кое што живеат и творат авторите.

11.DelcevoGlobalOnline:

Кои се вашите арт идоли во најопширна смисла на зборот уметност и вашите музички икони за кои можете да кажете дека го палат вашето внимание повеќе од сите други?

Chromatic point:

Како поединци секој си има правци во уметноста и музиката од кои црпи најмногу инспирација, меѓутоа музиката која ние ја твориме е продукт пред се на наша сопствена идеа и мисла обликувана, во помал или поголем дел, од најразлични уметничи текови, стилови и стремежи, но притоа секогаш внимаваме да бидеме што е можно пооригинални, како би оставиле свој белег во областа на музиката.

12.DelcevoGlobalOnline:

Во фокус на промоција пред македонската јавност е вашиот албум “Слики од старата куќа” (мк. Сенка и звук). Кажете ни нешто повеќе за самото издание, процес на создавање, снимање, менаџмент и контекстот на инспирацијатана звукот.

05 06

Chromatic point:

Снимањето на албумот траеше скоро една година, се сменија половина од членовите во бендот, меѓутоа за среќа се излезе добро и добивме повеќе отколку што изгубивме. Знаевме дека треба да ги надминеме моментите на криза во служба на музиката што ја создаваме и сите верувавме дека на крај ќе доставиме до публиката продукт кој ќе ги оправда нивните очекувања и ќе го задоволи нивниот вкус. Максимално се внимаваше на сите детали околу продукцијата на звукот, аранжманите, дизајнот на омотот и сите пропратни детаљи. Единствено нешто кое недостасува е соодветен менаџмент за да можеме да се претставиме пред што е можно поголем број публика, меѓутоа од неодамна сме во преговори со странска продуцентска куќа, преговорите течат во позитивна насока, меѓутоа сега за сега нема да ви откриваме повеќе детали околу тоа.

13.DelcevoGlobalOnline:

Исто така и самиот арвторк на албумот“Слики од старата куќа”  со видео клиповите снимени за неколку песни, се со интересен компактен визуелен дух и концепт. Кој е “виновен” за ваквиот арт дизајн и на што се должи истиот?

 

Chromatic point:

За артворкот беше задолжен Дејан Мирчевски со идејно решение и фотографија од Барбара Спасевска. Снимавме два видео клипа од новиот албум, за композицијата ‘’Слики од старата куќа’’ и за ‘Стихија’ која е во соработка со Синтезис. Како во музиката што ја правиме така и во арт дизајнот и визуелизацијата внимававме многу да го запазиме концептот на бендот и да ја дообрјасниме нашата музика преку визуелното. Сметаме дека завршивме многу добра работа и го заокруживме албумот давајки му една целина.

14.DelcevoGlobalOnline:

Колку е значајно за самиот креативен процес на едно музичко изданиезад вас како бенд да стои веќе афирмирана дискографска куќа? Дали би им дозволиле на продуцентите да влијаат на артизмот за конечниот продукт по цена на поголем успех, во вид на еден албум, сингл или спот?

Chromatic point:

Подршка од дискографка куќа му е потребна на секој бенд без исклучок. Секако дека би прифатиле влијание од продуценти по цена на поголем успех, меѓутоа само доколку сметаме дека сеуште стоиме на стилот што го сакаме и сме задоволни од крајниот продукт.

15.DelcevoGlobalOnline:

Евидентен е спојот на македонската традиционална ритмика па дури и мелодија, во досегашното музичко творење  на Хроматик поинт но тоа е подигнато на едно универзално музичко ниво со меѓународни естетски вредности. Дали и во иднина планирате творештво во таа насока?

09 10 

Chromatic point:

За тоа какво ќе биде нашето творештво во иднина ќе покаже времето, меѓутоа токму тој спој на македонската традиционална музика и останатите музички жанрови, пред се металот, се она што му дава белег на нашето досегашно музичко патување и планираме и понатаму да продолжиме по тој пат, затоа што има што да се истражува во таа насока и притоа да се понуди продукт кој ќе биде оригинален, музички издржан и интересен, не само за металската публика туку и за пошироките народни маси.

16.DelcevoGlobalOnline:

Што е она што можеме од вас како бенд да очекуваме во иднина? Каде се гледате себеси после 10-15 години?

Chromatic point:

Многу е битно да бидеме живи и здрави за 10-15 години! Доколку не служи здравјето гарантираме уште повеќе музика, концерти, албуми и се надеваме меѓународно призната кариера.

17.DelcevoGlobalOnline:

Настапувате во рамки на второто издание на фестивалот “Во Делчево под ѕвездите”, заедно со Дани, Апотеозис, Македон... Кои се вашите очекувања од настапот? Што може публиката во центарот на Делчево да очекува од вас?

02

Chromatic point:

Нашите очекувања се дека публиката ќе дојде и ќе ужива во нашиот настап. А што се однесува до публиката-ги очекува 90 минутно уникатно музичко доживување во кое ќе дадеме се од себе.

18.DelcevoGlobalOnline:

За крај што ќе им порачате на делчевската и македонската рок публика?

Chromatic point:

Да дојдат на 3-ти и да уживаат во вибрациите на нашиот настап и на настапот на нашите колеги кои ке настапат истата вечер. А целокупната македонска рок публика што повеќе да почитува и подржува македонски рок бендови и што повеќе да ги посетува нивните настапи.

Прашањата ги состави:

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови454,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови465,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови565,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1005,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови548,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови651,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови719,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови409,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови203,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови430,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови327,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови444,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови536,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови364,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови353,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови487,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови347,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови389,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1027,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови699,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови683,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови664,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:386Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1251Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1122Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:393Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1556Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:621Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1853Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:517Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1331Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2224Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Јавен повик за крајни корисници за активноста “Грижа за стари лица, дел од програмата ОКР 2017“

[2/10] Јавен оглас до евидентирани невработени лице завклучување во Програмата Општинско - корисна работа 2017/2018

[3/10] Започната изградба на атмосферска канализација на крак од ул. Македонска во населбата Милково Брдо

[4/10] Програма за манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2017"

[5/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[6/10] Започна реконструкцијата на улицата Питу Гули во населбата Милково Брдо

[7/10] Завршна вечер од меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[8/10] Прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[9/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#