facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Vasil i_Mile

1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?

„Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме.

2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?

Може, ама само на емотивен план. Никогаш до сега не бил објавен тендер за афоризам, како тогаш би не претплатиле?! Затоа сега работиме со полна „пара„, ама без пари.

3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?

*Додека ние го бркаме последниот воз. останатите влегуваат во вселенски капсули. Но, за наша среќа, нема потреба да го бркаме, бидејќи нашиот воз нема абер од тргнување. Тука е уште од времето на Хитлер и Тито. А можеби се чека на нов Тито, за да тргне?!

4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа?

Без мојот „реквизит„. Ама, за нивна среќа, а моја несреча, како ќе поминуваат годините, нам ниту на плажа нема да ни се оди. Кој би сакал да го гледаат со овиснат „реквизит„ за рекреација? Освен ако влеземе во Африка. Таму им виси и на старо и на младо.

5.DelcevoGlobalOnline: А без што на пат околу светот?

Без нашите политичари. И на секоја дестинација би оставал по еден, уџум да не види. После 123 станици ќе се вратам сам во нашата ни мила и никогаш непрежалена Македонија. А кога ќе ме видат дека се враќам сам, напатениот народ има да пукне – од среќа.

6.DelcevoGlobalOnline: На пусото острово сте со Ангела Меркел каква порака ќе ставите во шишето?

Ќе ставам многу емотивна порака: Ангела, оставете ја Македонија на мира. Немојте да правите експерименти ни со Албанците, Србите, Бошњаците...А потоа шишето нема да го фрлам како секој нормален што би направил. Туку би и го ствил на многу видно место. Европа да види дењк и ние сме писмени.

7.DelcevoGlobalOnline: Свечена седница на парламентот на пусто острово или  на нудистичка плажа?

На нудистичка плажа не доаѓа во предвид. Нашите пратеници ниту за онаа работа не ги бива. Дури ми е страв да предложам седница во џунгла, бидејќи тие таму ќе се чувствуваат како да се дома. Значи, ми останува само на пусто острово. Ама, под услов таму да нема телевизиска станица.

8.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека еден ден сите плажи ќе бидат нудистички?

Јас верувам во Господ, а и тој верува во мене. На неколку пати го видов Господ, во бели гаѓи. Затоа, ако тој може како врховен поглавар да се појавува во бели гаќи, зошто нашиот народ да не биде гол?! А тоа е единствен услов да се биде на нудистичка плажа.

9.DelcevoGlobalOnline: Би ставиле ли ставка во буџетот за изградба на јавни куќи?

Сега ја реновираа, зошто пак да трошиме на нова јавна куќа?! „Собранието е јавна куќа, секој може да влезе во неа„- вели мојот пријател и рецензент на мојата најнова книга, светскиот Слободан Симиќ.

10.DelcevoGlobalOnline: Портир во парламентот или чувар на нудистичка плажа?

Со новиот закон за работни односи нема да постои место портир туку ќе биде чувар. Бидејќи неаме мрднато од мртва точка, нормално е да бидам чувар на гробишта, во собранието. А, за чувар на нудистичка плажа не ме бива. Жените веднаш ми ги читаат мислите.

11.DelcevoGlobalOnline: Кого би го вратиле во сегашноста Чарло Чаплин или Мерлин Монро?

Ниту едниот на кого му се смее цел свет, ниту другана, прчлана што му еба мајката на Кенеди. Вакви имаме еден цел куп.

12.DelcevoGlobalOnline: Има ли денови кога не знаете што да работите?

Ако некој има години кога не знае што да прави, зошто јас да немам денови?! Сепак, за да си го оправдам денот пред Господа јас пишувам афоризми. И Господ за секој добар афоризам ми дава ден повеќе. Јас имам напишано бајаги добри афоризми, така да можеби има шанси да бидам како некои во собраниено – вечен.

13.DelcevoGlobalOnline: Масер на Мадона или советник за култура на Обама?

И едната и другион немаат никаква шанса моја рака да ги пипне. Слушам Мадона ставила сиси од пластика и направила реконструкција на „онаа„ работа. Каква е сиромаштија кај нас, јас ќе морам да се напумпам со полиуретан, од оној за градилишта. А Обама? Првиот пат кога ќе го видам ќе му предложам да се кандидира за бројач на чавки во сончогледот. Сите црни работи во Македонија - негово масло се.

14.DelcevoGlobalOnline: Што би му подметнале на Берлускони, секс бомба или сомнителна вијагра?

Јас му симнувам капа на Берлускони. Такви политичари му требаат на светот. Тој кога дупи се знае, ред мора да има. Нашиве кога не дупат, не знаеме ниту главата каде ни е.

15.DelcevoGlobalOnline: На што би ја потрошиле последната пара?

На отворање сопствена фирма. Би отворил банка за сперма. Барем за почетен капитал немам проблем – при рака ми е!

Vasil i_Mile_1

16.DelcevoGlobalOnline: Ева со смоквин лист или танга?

* Јас Ева ја јадам со кромид. Убава сардина е. А после може и танга да одиграм со комшивката. Таа има маж што не се бања со денови, така да нема да и пречи мирисот на сардина. Инаку јас танго играм само водоравно. Вертикално ме фаќа промаја.

17.DelcevoGlobalOnline: Кое  животно наместо змијата би ставиле помеѓу Адам и Ева?

Не мора животно, еве, би ставил некого од Синдикатите на вработените во администрацијата. И тоа со законот според кој секој административец мора да знае да зборува англиски. Интересно, ама административците – молчат на ова.

18.DelcevoGlobalOnline: Што мислите, што пиел Галилео кога почуствувал дела земјата се врти?

Пијанечка ракија од Делчево. Таа фаќа ама не турка. Осве ако ја пијат жени! Тогаш ги турка на грб.

19.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека човекот постанал од мајмун?

Верувам во Дарвин, ама и Дарвин мора да ми верува дека и обратниот процес е веродостоен. Со тоа што Дарвин неговата теорема не може да ја поткрепи со доказ. Јас мојата ја поткрепувам со едно притискање на копчето од телевизорот.

20.DelcevoGlobalOnline: Што мислите, дали стапот од Рајот излегол?

Денес не е важно од каде ќе излезеш, туку каде ќе влезеш! Така да на стапот би му била подобра вторава варијанта. Затоа, ако имате шанса за средба со пратеникот за кого сте гласале, дајте му го стапот – нека се потпри на вас. Така му ветивте на почетокот на мандатот.

21.DelcevoGlobalOnline: Има ли живот после судбоносното “да“?

Тито се излажа кога рече НЕ. Ама на Сталина. Народов кажа ДА, и сега се кае. Ама, мора да го знаете она старо: По е...нема каење!

22.DelcevoGlobalOnline: Може ли човек да се заљуби во сопствената жена?

Само ако жената е швалерка на друг маж. Тогаш ќе забележите дека жената е многу атрактивна. Секогаш туѓото е послатко.

23.DelcevoGlobalOnline: Омилена брачна должност?

Бркање сојки. Така и се одржува бракот. Бркањето вештерки не оди во домашна атмосфера.

24.DelcevoGlobalOnline: Дефиниција за мажите што често ѕиркаат под брачниот кревет?

Или мажот е столар па ги проверува ногарите или е балван.

25.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека две третини од мажите имаат рогови?

Верувам, затоа што жените не ситничарат и не им треба хемија. Тие и на оној што нема калциум му ставаат рогови. Дури и рака за ставање рогови не наплатуваат!

26.DelcevoGlobalOnline: Ќе ја победиме ли белата чума?

Порано во Македонија се пееше: Црна се чума зададе...И победи народот. Сега со белата чума младите треба да се покажат. Ама, бидејќи младите добиваат се од партијата, очекуваат и оваа битка да ја добијат службено.

27.DelcevoGlobalOnline: Би дале ли царство за коњ?

Зависи од коњот. Од осамостојувањето па наваму царството им го дадовме на многу коњи. Па затоа сега се чувствуваме како магариња.

28.DelcevoGlobalOnline: Има ли разлика помеѓу политичарите и човекојадците?

Од човекојдците имаме помалку болка. Тие веднаш не јадат! Политичариве пред да не изедат – долги години не варат.

29.DelcevoGlobalOnline: Улица или библиотека со Ваше име?

Јас сум за улица. Колку би било убаво кога некој човек би прашал: Се извинувам, каде е улица Васил Толевски? А прашаниот би одговорил: Ааааа, улицата се реновира, полна е дупки.

30.DelcevoGlobalOnline: Нобелова награда за сатира и со кого би ја поделиле?

Со Кирчо Анастасов и Миле Ѓорѓијоски. Да не се тие Источна Македонија ќе биде најдосадното место за живеење во Македонија. После Западна Македонија.

Интервјуто како и до сега го подготви нашиот дежурен афористичар.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови430,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови446,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови552,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови969,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови545,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови636,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови702,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови395,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови197,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови425,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови316,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови436,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови522,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови354,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови345,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови473,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови340,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови383,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1018,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови688,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови674,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови642,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:357Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1221Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1094Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:374Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1402Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:588Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1661Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:378Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1292Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2038Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[2/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[3/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[4/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[5/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[6/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[7/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[8/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[9/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

[10/10] Одлука за избор за унапредување по Интерен оглас бр.02/2017 од 23.06.2017 година

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#