facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Aleksandar Cotric1.DelcevoGlobalOnline: Балканот е епицентар на светскиот афоризам. Србија водечка сила, а Вие најдобар српски афористичар. Како е да си на врвот?

Има афористичари кои се подобри од мене и од кои учам, и во Србија и во другите земји. Јас сум средна генерација и ги почитувам постарите колеги, а и младите делуваат поттикнувачки на мене. Јас се трудам, да пишувам афоризми за различити теми, а нив, му благодарам на Господ, ги има многу.

2.DelcevoGlobalOnline: Што би додале во Вашата биографија?

Ми е жал што не ме апсеа и осудуваа поради пишување на сатира.

3.DelcevoGlobalOnline: Што би избришале од Вашата биографија?

 

Ништо не би избришал, само ми допишал уште афоризми и приказни.

4.DelcevoGlobalOnline:  Омилена изрека,поговорка, афоризам...

Верувам во Господ. Така е најдобро за двајцата.

5. DelcevoGlobalOnline: Во чија кожа не би сакале да бидете ?

Не би сакал да бидам во кожата на селаните и работниците. Сите им ја дерат кожата.

6.DelcevoGlobalOnline:  Кој не би сакале да ви се пикне под кожата ?

Вируси и бактерии.

7.DelcevoGlobalOnline:  Има ли лоши денови за еден сатиричар?

Лошите денови за сатиричарот се најдобри денови за сатирата.

8.DelcevoGlobalOnline:  Која историска личност под казна би ја сместиле во денешницата?

Оние кои во минатото ни ветуваа светла и подобра иднина.

9.DelcevoGlobalOnline:  Со која историска личност би се замениле за неколку часа?

Со Александар Македонски, иако пеесет насто остварив. Александар сум, уште само да бидам и Македонски.

10.DelcevoGlobalOnline: Работа кој никогаш не би ја прифатиле .

Безработица и легачење се единствени работи на кои не би се нафатил.

11.DelcevoGlobalOnline: Кој дел од гардеробата на Ева ве фасцинира?

На сардините „Ева“ во конзерви, најмногу ми се бендисува оној морж со големите заби.

12.DelcevoGlobalOnline: Масер на Ана Ивановиќ или советник за култура на Обама?

Советник на Ана Ивановиќ.

13.DelcevoGlobalOnline: Што би смениле кај Обама?

Би го сменил Обама.

14.DelcevoGlobalOnline: Надзорник во харем или уредник на еротски магазин ?

Во двата случаи, инаку како и во животот, единствено би можел да гледам, па ми е сеедно.

15.DelcevoGlobalOnline: Што би и зготвиле за појадок на Ангела Меркел?

Српска салата и германски колбаси.

16.DelcevoGlobalOnline: А што би сакале таа да ви зготви за ручек?

Телешки стек „Холштајн“ и караѓорѓева шницла.

17.DelcevoGlobalOnline: На пуст остров сте со Мадона, каква порака би ставиле во шишето?

Би пратил празна хартија, за да не нé најдат.

18. DelcevoGlobalOnline: Златна рипка или Аладинова ламба?

Духот е повреден од злато, иако риба е риба!

19.DelcevoGlobalOnline:  Кои три желби би и исполниле на златната рипка?

Не верувам дека би можел три пати.

20.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека стапот од Рајот излегол?

Стапот излезе од рајот, за да направи Пекол на земјата.

21.DelcevoGlobalOnline:  Верувате ли во реинкарнација?

Верувам дека љубовта никогаш не умира и дека се реинкарнира во омраза.

22.DelcevoGlobalOnline: Ќе ја победиме ли белата чума?

Не верувам, бидејќи луѓето на Балканот мислат дека белата чума се шири со интимни односи.

23.DelcevoGlobalOnline:  Што мислите за мажите што ѕиркаат под брачниот кревет?

Би требало да погледаат и во шифоњерот, позади параванот, на балконот... Изненадувањата демнат од сите страни.

24.DelcevoGlobalOnline:  Верувате ли дека две третини од мажите имаат рогови?

Кој не боде и треба да има рогови.

25.DelcevoGlobalOnline:  На што би ја потрошиле последната пара?

На десет ќебапчиња, со лук и пиперки, и тоа на скопскиот Бит-пазар.

26.DelcevoGlobalOnline:  Без што не би тргнале на пат околу светот?

Не би тргнал без презерватив.

27.DelcevoGlobalOnline:  Се срамите ли од нешто што не сте направиле?

Да, ама срам ми е да кажем што.

28.DelcevoGlobalOnline:  Улица или библиотека со Ваше име.

Улица. Повеќе време поминав на улицата, отколку во  библиотеките.

29.DelcevoGlobalOnline:  Кога би морале, со кого би ја поделиле Нобеловата награда за литература?

Би ја поделил со Толстој и Чехов, затоа што ние тројца неправедно не ја добивме оваа награда.

30.DelcevoGlobalOnline: Чотрич приватно .

Од кога постои Фејсбук, не постои повеќе ништо мое приватно.

Интервјуто го подготви нашиот дежурен испрашувач и дежурен афористичар Миле Ѓорѓијоски.

АЛЕКСАНДАР ЧОТРИЌ-БИОГРАФИЈА-

Александар ЧОТРИЌ е роден на  25. септември 1966. година во Лозница.

Од 1984. године објавува афоризми во НИН, "Политика", "Вечерни новости", "Денес", "Литературен збор", "Студент", „Младински новини“, НОН, "Дуги", „Став“, "Белградски новини", "Време", „Јеж", „Младост“ „Македонски остен“, „Остен“ и други весници и списанија.

Хумористичко-сатирични приказни пишува од  2003. година.

Чотриќ во „Српски збор„ од 1992. до 2005.година редовно ја пишуваше колумната “Петта колона” на две новинарски страници. Не престануваше да пишува ниту за режимските притисоци, репресии и војни. Во “Петта колона” објави преку шеесет илјади афоризми и сатирични коментари. Реткост е во српското новинарство една колумна да трае 13 години. Афоризмите од оваа рубрика се пренесувани во белградската “Наша борба”, новосадскиот “Маѓар со”, скопски “Остен”, сплитски “Ферал”, бањалучки “Репортер”, загрепскиот “Денес”, сараевската “Недела” и во други весници на просторите на бившите југословенски држави.

cotric

Чотриќ ги има објавено следните книги афоризми:

- "Ќе ви дадеме ние демократија" (Књижевна омладина Србије, 1993, второ издание Српска реч, 1995);

- "Петта колона" (Српска реч, 1997);

- "Недозволени мисли" (Српска реч, 2000 );

- „Кратки резови“ (Српска реч, 2004);

- „Афоризми“ (Алма, 2007);

- „Изабрани афоризми“ – „Избрани афоризми” (2007)  у Македонији;

- „Брзи резови“ – „Incizii rapide“ (2007) у Румунији;

- „Гола вистина“ (Аурора, 2008);

- „Афоризми“ (библиофилско издање 2008);

- „Пострежимски мисли“ (изабрани афоризми) (Плато, 2008);

- „Детска работа“ (афоризми за децу) („Аурора“, 2010); 

- „Своеглава книга“ (афоризми за децу) („Аурора“, 2010);

- „Црна книга“ - “Czarna ksiega” (2011) у Пољској;

- „Афоризми за деца“ - „Aforizmi za otroke“ (2011) во Словенији;

- „Помрднување на паметта“ (Агора, 2012)

Александар Чотрић е коавтор на книга со м-р Радован Калабиќ „Споменица на Дража“ (издание на авторот, 1995. и 1997) и Милен Поповиќ „Собрани во расејување“ („Српска реч”, 2002).Во 2012 година ја објави публицистичка книга „Во чест на витезот на српската емиграција“ („Алма“).

Книгата хумористично-сатирични приказни „Обележени приказни“ („Аурора“) Александар Чотрић ја објави во 2006, „Приказни пред будење“ („Алма“) 2007, и „Причинување“ („Вук“) 2011.

Во 2007 година ја објави книгата анегдоти „Така зборуваше Вук“ („Алма“), и 2011. „Вуковата азбука“ („Аурора“).

Чотриќ ги има подготвено следните антологии и зборници:

-„Патец“, антологија на српскиот афоризам за деца, Завод за уџбенике, Београд, 2012.

-„Дриблинг на духот“, зборник афоризми за спортот, Беоштампа, Београд, 2012.

Александар Чотриќ е добитник  на следните признанијата:  

 - "Радоје Домановиќ" за најбра книга афоризми (1993) и за сатирични приказни (2004); 

- „Златна кацига“ за афоризми (1994), за приказна (2009) и „Витез од Чарапанија - сер Харди“ (2007) на меѓународниот фестивал за хумор и сатираво Крушевац; 

- „Живојин Павловиќ Жикишон“ (1993); 

- "Драгиша Кашиковиќ" (1995);

 - Годишње награде сатиричног листа "Ошишани јеж" „Браќа Ормаи“ (2003.);

- "Вибове награда" на весникот „Политика“ (2003); 

- награде „Јован Хаџи-Костиќ“ „Вечерни новости“ (2006); 

- награде „Excellence Award” на Меќународном фестивал „Златна јаболка“ воРоманија (2007); 

- награда за најдобра приказна на Фестивалотна црногорскиот хумор, сатира и карикатура, воДаниловград (2007); 

- награде „Стеван Сремац“ за приче и афоризме (2007, 2008 и 2009); 

- „Миливоје Илиќ“, (2006, 2007 и 2008);  

- „Чивијаде“ – (втора награда), за сатиричнаприказна во Шабац (2007) и (2011); 

- Први награди на Фестивалот за хумор и сатрира „Милован Илиќ Миминамакс“ во Нови Сад (2008); 

- „Златна значка“ Културно-просветната заедница на Србија (2008); 

- „Златна плакета“ за афоризма на Фестивалотна афоризмот и карикатураво Струмица (Македонија) (2009); 

- „Златни круг“ Културно-просветната заедница на Белград (2009);

- Прва награда на Конкурсотза еколошко-туристички афоризмиво Чајетини (2009);

- Награда „Ѓорѓе  Фишер“, Секције на хумористи и  сатиричари на   Друштвото на књижевници на Војводина  (2009);

- Прва награда  за афоризам на Међународниот  фестивал на хуморот и сатирата „Куцурски клип“ во Куцури, општина Врбас (2009);

- Прва награда за афоризам на Конкурсотво Качарево, општина Панчево (2010);

- Награда за афоризам и приказна на Конкурсот за  хумор и сатиравоМркоњиќ Град (2010);

- „Најдобар жив сатиричар во Србија“ (заедно соАлександар Баљак), според гласовите на писателите на хумор и сатора од регионот  (2010);

- Награда „Носорог прв ред“, на меѓународниот часопис  за хумор и сатира „Носорог“ од Бањалуке (2011);

- Награда на жирито на детска критика „Доситеево перо“ (2011);

- Награда  на „Фондација Наџи Наман“ („Naji Naaman“) во Либан (2011);

- Награда „Жикишон“ у Параќин, (2012);

- Награда „Алеко“ на град Свиштов и часопис „Стршел“ на меѓународниот конкурс за приказна во Бугарија (2012);

- Голема плакета на Меѓународниот фестивал за хумор и сатира во „Бијелина 2012“

Чотриќ е член  на Здружението на писатели на Србија. Секретар е на Секцијата на сатиричари на ЗПС.

Еден е од основачите на Фондот „Радое Домановиќ“и претседател на собранието на Фондот.

Припадник е на Белградскиот афористичарски круг (БАК) и член на Управниот одбор на ова здружение.

Беше претседател на Управниот одбор на Радио-Телевизија Студио Б, член на Градската влада на Белград и Заменик министер за дијаспора во владата на Србија.

 Дипломиран правник.

Пратеник во Собранието на Србија во својот четрврти мандат.

Живее и работи во Белград.


 


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови454,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови466,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови566,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1005,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови548,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови651,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови719,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови409,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови203,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови430,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови327,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови444,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови536,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови364,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови353,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови487,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови347,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови389,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1027,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови699,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови683,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови664,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:386Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1251Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1122Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:393Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1556Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:621Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1853Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:517Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1331Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2224Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Јавен повик за крајни корисници за активноста “Грижа за стари лица, дел од програмата ОКР 2017“

[2/10] Јавен оглас до евидентирани невработени лице завклучување во Програмата Општинско - корисна работа 2017/2018

[3/10] Започната изградба на атмосферска канализација на крак од ул. Македонска во населбата Милково Брдо

[4/10] Програма за манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2017"

[5/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[6/10] Започна реконструкцијата на улицата Питу Гули во населбата Милково Брдо

[7/10] Завршна вечер од меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[8/10] Прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[9/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#