facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

veljko rajkovic_resize

1.DelcevoGlobalOnline: Омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме интервјуто?

Со големите соработуваме по принципот на реципроцитет. Колку тие посакаат толку ние прежалуваме!?

Вака функционира, подобро кажано, функционерисува и белиот и црниот свет. А, богами и жолтиот!?

2.DelcevoGlobalOnline: Може ли да се живее од афоризмот?

 Би можело, ако афористичарите имаат моќ на трансформација во пеперутка (која живее 24 часа), а да задржи, макар малку, од малиот мозок.

3.DelcevoGlobalOnline: Има ли лоши денови за еден сатиричар?

Има!? Ама, сепак, најлоши се: понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота и недела?

4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на пат околу светот?

Без молив и хартија! Хартијата трпи сé, па, веројатно и мојот молив!

5.DelcevoGlobalOnline: На што би ја потрошиле последната пара?

На книга! Затоа што, таа ми е најдобар пријател. Не може да ме прочита!?

6.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека стапот излезе од Рајот?

Бидејќи сум РАЈковиќ, може да ми се верува: Стапот од Рајот излезе!? Подобро кажано, отстранет е како технолошки застарена алатка. Ама, одамна е надминат во нашиот Пекол. Стапот и морковот се, како што би рекол нашиот селанец, пософостицирани сретства.

7.DelcevoGlobalOnline: Има ли денови кога не знаете што да работите?

Погрешно прашање за Црногорец! Црногорците треба да ги прашате: Има ли денови кога сакате нешто да работите? Од тука е мојот афоризам: Во белиот свет не работат во недела, во Црна Гора цела недела!?

8.DelcevoGlobalOnline: Што би и подготвиле на Ангела Меркел за појадок?

Не знам, не сум експерт за појадок! Се прашувате, како тоа? Така! Во мојата фамилија јадеме три пати дневно. Јас ручам!?

9.DelcevoGlobalOnline: А што би сакале таа вам да ви подготви за вечера?

Ги нема таа тие пари! А, не сакам од било кој да правам сиромав!?

10.DelcevoGlobalOnline: Која своја грешка со задоволство би ја повториле?

Секоја! Затоа што, мојата животна максима е онаа, Лениновата: Учи, учи и само учи!

11.DelcevoGlobalOnline: Која работа никогаш не би ја прифатиле?

Не би ја прифатил работата на полтронот, иако тие се привилегирани: Влегуваат во аналите уште за време на животот!? А, кога би можел, по некој случај, и би прифатил, би побарал на гробот да ми испишат епитаф: Биди горд на сé тоа што не го правеше!?

12.DelcevoGlobalOnline: Кое животно, наместо змијата, би го ставиле помеѓу Адам и Ева?

Е, за тоа е веќе предоцна! Сепак, асоцирајќи на јаболката, тоа би бил црвот, без сомнеж!? Затоа што, тој би го грицкал листот од смоква, што Адам сé повеќе би го возбудувало и, можеби, од возбудување, не би ја прифатил понудената јаболка!

13.DelcevoGlobalOnline: Омилена брачна должност?

Гледање на всисувањето на правот во режија и изведба на мојата тешта. Во рамките на таа должност, на сопругата би и ја дал најискрената логистичка, пред сé, морална поддршка!

14.DelcevoGlobalOnline: Што мислите, што бевте во претходниот живот? Зошто?

Во претходниот живот бев будала, и тоа – не обична, туку дворска! Зошто? Затоа што бев попаметен од кралот, кој беше најобична будала!? Сепак, во овој живот, никогаш не би прифатил да бидам дворска будала. Бидејќи – своја куќичка, своја слободичка!?

15.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека е кучето најдобар пријател на човекот?

Да. Кучето е најдобриот човеков пријател. Не лае!? Постои реална можност дека и оваа кованица ја измислил човекот, затоа што на кучето му ја намени коската, за него да му остане месото.

16.DelcevoGlobalOnline: Конститутивна седница на парламентот на нудистичка плажа или во јавна куќа?

На нудистичка плажа! Тука би имал сигурно кворум! Освен тоа, тоа би било единствена шанса и политичарите да бидат голи и боси! Би останало и понатака да држат говори: Почитувани граѓани! – го започна политичарот говорот и продолжи да лаже.

17.DelcevoGlobalOnline: Кој е оптималниот број на јавни куќи по број на жители?

Една јавна куќа на милион граѓани. Во тој случај Црна Гора би имала сопче од јавна куќа, што би им овозможило само на ретките да уживаат.

18.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа?

Би тргнал без двоглед, ама би се вратил од пола пат и би го земал! Зошто? Затоа што прв пат се заљубив на нудистичка плажа. И тоа – на прв двоглед!?

19.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во моќта на акупунктурата?

Не, затоа што сум - ат теиста! Значи, им верувам само на коњите!? Ако не ми верувате, сочекајте ги резултатите од наредните избори!? Инаку, акупунктурата во Кина многу ретко се практикува!? Дури, во еден подолг период, беше забранета. Значи, Кинезите веруваат во немоќта на акупунктурата. Зошто би бил јас поголем католик од...

20.DelcevoGlobalOnline: Што би му посакале на комшијата: да му липса кравата, да има шефица нимфоманка или шеф хетеросексуалец?

Ни едно, ни друго, ни трето! Би посакал да му цркне тревата! Нека му е само кравата здрава!?

21.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?

Бидејќи сум ноторна пијаница, се уверив, како што веќе реков, во љубов на прв двоглед. Кога и да се напиев, гледав двојно. Затоа сум еден од ретките кои на венчавката рекоа: да, да!?

22.DelcevoGlobalOnline: Има ли живот после судбоносното „ДА„?

Еве што мислам за тоа: Сам себе си пресуди. Неговиот последен збор беше: Да!

Инаку животот во бракот е можен, ако мајката на моите деца нема мајка!? Јас ја немав таа среќа, па, од мака, изустив: Мојата тешта е феномен. И кога слабее, не губи на тежина!?

23.DelcevoGlobalOnline: Аладинова лампа или Златна рипка?

Аладинова ламба, затоа што со неа би отишол на морската шир да ја барам златната рипка.

24.DelcevoGlobalOnline: Што би избришале од својата биографија, а што би додале?

Би ја избришал фотографијата, а би додал карикатура! Затоа што, во животот, прилагодувањето е услов за опстанок.

25.DelcevoGlobalOnline: Што мислите за мажите кои проверуваат што има под брачниот кревет?

Мислам дека се супер хумани, затоа што проверуваат, после помислата дека ќе направат чудо во креветот, некој недолжен да не страда под креветот.

26.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во Дарвиновата теорија на еволуцијата?

Заклучете од мојот епиграм во оригинална верзија, на црногорски:

Дарвине, Дарвине испеци, па реци:

да ли су нам мајмуни пречи или преци?! 

Поблиску сум до овој, отколку резонот во мојата прва книга на афоризми: Сé е во гените. Од тука толку мајмунисување!?

27.DelcevoGlobalOnline: Кому би ја доделиле Нобеловата награда за сатира?

Би ја дал на сите оние кои им даваат повод на сатиричарите за сатирично размислување на стварноста. Пред сé – на политичарот кој ни на мува нема згазнато, затоа што се собираа на него.

28.DelcevoGlobalOnline: Улица или библиотека со вашето име?

Бидејќи скромноста е доблест по која сум познат надолж и накрст – и библиотека и улица! Ако би заслужил булевар, би се откажал од библиотеката во корисат на оние кои ја одминуваа целиот живот. Затоа што, и јас имам душа!

29.DelcevoGlobalOnline: Што би им препорачале на младите сатиричари?

Би им препорачал: Пијаните од власт двојно не нé гледаат! Затоа, со сатирата на оние кои не сотруваат!!!

30.DelcevoGlobalOnline: Вељко Рајковиќ, приватно, без цензура?

Џентлмен!!? Кога на црногорскиот фестивал на хуморот, сатирата и карикатурата ја примав дипломата и паричната награда, пријдов до микрофонот и славодобитно изјавив: Од дипломата се одрелувам во корист на мојата тешта, а паричниот дек го посветувам себеси!? Може ли почесно?

&&&&&&

Интервјуто го подготви нашиот  дежурен афористичар Миле Ѓорѓијоски.

Повеќе афоризми од различни автори на нашиот веб портал може да прочитате во нашата рубрика Е-aforistiqa.

Повеќе афоризми на нашиот веб портал од Вељко Рајковиќ може да прочитате во неговиот посебен уредувачки простор.

&&&&&&

Биографија:
Роден е 1954. година во Дуево, Река Црноевиќи, Цетиње.

Пишува афоризми, епиграми, сатирични приказни и сатирични песни.

 Досега ги има објавено следните книги:

  • Во знакот на извичник (афоризми - 1999.)
  • Човеколиките луѓе (афоризми - 2007.)
  • Људница (афоризми - 2011.)
  • Дарвине, Дарвине (епиграми – 2011.)

 Еден е од авторите на АНТОЛОГИЈА НА ЦРНОГОРСКИОТ АФОРИЗАМ (2006.) заедно со Саво Мартиновиќ и Дејан Тофчевиќ.

veljko rajkovic_resize

Повеќе пати е наградуван на “Црногорскиот фестивал на хумор и сатира” во Даниловград (Црна Гора). Во 2005. година, прогласен е за сатиричар на годината во Црна Гора. На првиот меѓународен конкурс за карикатура и афоризам, 2005. година во Црна Гора, ја доби првата награда за афоризам. Добитник е на втората награда за афоризам на “Чивијада” во Шабац, во 2008. година, како и прва награда за сатирична песна на конкурсот на сатиричнат сцена ЖИКИСОН во Параќин (Србија). Добитник е на наградата “Радое Домановиќ”- Екселенција на сатирата (за најуспешен странски сатиричар) за 2011. година, која му ја додели Здружението на писатели на Србија и Фондот Радое Домановиќ.

Застапен е во сите најзначајни антологии, збирки на афоризми, помеѓу кои се: АНТОЛОГИЈА НА СЛОВЕНСКАТА УМЕТНОСТ објавена во Полска; АНТОЛОГИЈА НА БАЛКАНСКИОТ АФОРИЗАМ објавена во Белград; како и во книгата на Д-р. Ратко Божовиќ, СЕДУММИНА ПРОТИВ МЕНЕ, каде е претставено и есеистичко е толкувано творењето на седуммината најзначајни црногорски афористичари.

Во четири наврати учесник е на најпрестижниот фестивал на хуморот и сатирата во регионот – САТИРА ФЕСТ, кој во почетокот на октомври, секоја година, се одржува во Белград, а кој го организира Белградскиот афористичарски круг.

Уредник е на дел од порталот МОНТЕНЕГРИНА, културна порта на Црна Гора за хумор, сатира и карикатура, како и на сајтот за хумор и сатира LJUDNICA.

Дипломиран правник е и живее во Подгорица (Црна Гора).


 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови502,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови512,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови605,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1042,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови568,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови681,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови756,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови429,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови220,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови446,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови358,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови462,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови569,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови384,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови370,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови504,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови366,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови408,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1045,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови721,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови704,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови696,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:456Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1327Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1183Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:446Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1680Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:674Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1949Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:579Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1414Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2332Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#