facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

tolevski govor

Триесет прашања во вид на громогласно интервју со живата легенда на македонската сатира... Името му е Васил Толевски, нема влакна на јазик, има длабока проникнувачка суштина во неговите одговори која веруваме дека барем малку ке ја промени Вашата перцепција за релативно објективната суштина- генерално... 

Ако тоа е случај, сме добиле Бинго-Бинго-Бингооооо....Парите за инат не ги подигаме....

Васил Толевски е од неодамна е добитник на наградата "Златна значка" која ја доделува Културно-просветната заедница на Србија, што претставува особено драга награда и високо признание за овој наш (без намера за љубоморство кај другите) сатиричар и воопшто деец.

 

tolevski priznanie

Па да започнеме...

1.Честитки за најновата награда “Златна значка“. Остварен ли е Вашиот сон ?

Благодарам за члеститката, ама сонот не ми е остварен. Мој најголем сон е сите Македонци да добијат по една Златна значка, ама на крајот од работниот век. Како во социјализмот, кога пред одење во пензија им се даваат часовници на вработените. Тоа ќе биде најголем доказ дека во Македонија нема невработени.

2. Има ли лоши денови за сатиричарот?

За добриот сатиричар никогаш нема лоши денови. Тој најдобро твори баш кога има лоши денови - за народот. Бидејќи кај нас, со години наназа е од лошо-полошо, тоа е сигурен знак дека за македонската сатира доаѓаат – подобри денови!

3. Што би избришале од Вашата биографија?

Би сакал да имам биографија како нашите политичари, со избришани дамки. Моја најголема црна дамка е занимавањето со политиката. Иако знаев дека политиката е курва, сепак застанав во редот, со надеж дека и мене ќе ми даде.

VASIL TOLEVSKI_resize4. Што би сакале да додатете на Вашата биографија?

Насловница во тврд повез, со државен штембил. Овака, мојата биографија е индивидуален квалитет со кој може еден ден да се фали само Комисијата за лустрација.

5. Кога би имале временска машина во кое време би застанале?

Секако дека би застанал во најлошото време и онаму каде најлошо се живее. Значи: Би застанал во сите времиња, затоа што би сакал да бидам најдобар сатиричар на сите времиња.

6. Со која истириска личност би сте се замениле за само еден ден?

Не ги сакам летечките измени, како во хокејот. Јас сакам да се лизнам на нешто убаво и долготрајно. Би се заменил со говедоно на Ким Кардашијан. Мислам дека ќе бидам адекватна замена.

7. Верувате ли во претходен живот?

Верувам. Велат дека сум реинкарнација на Исус. Можеби затоа сега ме распнуваат, од работното место, па сé до наплатните пунктови за комунални сметки.

8. Кои грешки би им ги простиле на политичарите?

За нашите политичари кои ги гласав, рака давам. Да ми се исиши...Затоа ним треба да им ги простам – моите грешки.

9. Златна рипка или Аладинова ламба?

Сепак златна рипка. Не ми личи да го тријам Аладина. Сепак, далеку сум од потенцијален учесник на геј парадата, иако и мене ми е зинат газот за посладок живот.

10. Еден час со Марија Шарапова на пуст остров или на осамена нудистичка плажа?

Марија Шарапова и само поради тоа што топките ги става најпрвин во гакичките, па потоа сервира. Можеби ќе имам среќа и моите топки еден ден да бидат во нејзините гаќички.

11. Што би смениле кај Ангела Меркел?

Најпрвин земјата. Би ја ставил да живее во Македонија. Нека види колку е тешко сите да ни велат дека сме  на коњ, а влезот во ЕУ да ни е под опашката.

12. Масер на Мадона или советник за култура на Обама?

Би направил комбинација од двете работи – Културен масер на Мадона. Мене не ме бива за советник, сакам работата секогаш да ја држам в рака. Импотентните нека му ја мислат.

13. Што им фали на нашите политичари?

Сексуална култура. Тие сакаат со сите да се онадат, а да не им влезе. Еве, сега размислуваат и за промена на сексуалната ориентација – се вртат накај Путин!

14. Во чија кожа не би сакале да бидете?

Во кожата на сиромасите. Нив секогаш ги дерат.

15. Без што не би можеле да живеете?

Мислев дека без воздух не би можело да се живее. Ама нашиве политичари го привикнуваат народов да живее само од воздух. Затоа, не би можел да живеам без политичари и попови. Поповите ми се за да ме опеат кога ќе ме закопаат политичарите.

16. На што би ја потрошиле последната пара?

На фрлање петка-глава. Оној што ја троши последната пара, не може да му е животот петка, кога му се работи за главата.

17. Омилен дел од денот?

Оној кога се подготвуваме за јадење. Ама и тие моменти стануваат се поретки.

18. Омилено јадење?

Турлитава на македонски начин. Ставаш се и сешто, други ти го крчкаат, а ти мораш сето тоа да го конзумираш. Единствена предност ни е што подготовката на турлитавата може да се следи и како директен пренос, на Собранискиот канал.

19. Повеќе жени во политиката или ...

Штета е жените да влегуваат во политиката. Бидејќи политиката ни е курва, излегува дека жените во политика ќе засноваат лезбејски однос. Затоа жените нека се држат за мажите, под услов ако имаат за што да им се држат.

20. Надзорник во харем или уредник на еротски магазин?

Моиментално очите ми се најсигурен дел од телото. Значи, уредник на еротски магазин, или народски речено – харем на хартија!

21. Ќе ја победиме ли белата чума?

Јас ќе дадам се од себе, па и тоа малку што го имам. За доброто на државата мора секој да даде она што го има. Па макар и пикавец да е...

22. Може ли да се живее од сатира?

Може, ама ако не ја потпишуваме на крајот. Инаку, ќе мора, кога ќе го напишам мојот најдобар политички афоризам да ми обезбедат простор во жалните вести.

23. Омилен дел од гардеробата?

Долни гаќички, црни, кратки, со натпис на фирмата – Везув. Нека моите пријателки видат со кого си имаат работа. Везув моментално е изгаснат, ама оној во Италија почнал да чади! Никогаш не се знае и кај мене.

24. Без што не би тргнале на пат околу светот?

Без македонска политичарка. Барем ќе знам дека ме врти со некоја цел.

25. Омилена книга?

Уставот на Република Македонија. Интересен роман во кој многу факти се измислени, ама се корисни за здравјето за нашите непријатели.

26. Омилен сликар?

Ги сакам само македонските политички сликари. Оние кои со години му мачкаат очи на народот. Таква слика имаат направено за Македонија, што странските инвеститори се тепаат да ни ја купат.

27. Омилена изрека?

Стравот грозје чува. Затоа Македонија е позната во светот по виното.

28. Кому би му го посветиле својот најдобар афоризам?

Мојот најдобaр афоризам сеуште го немам напишано, а и оној на кого ќе го посветам – сеуште не е умрен.

29. Сте го напишале ли својот најдобар афоризам?

Го напишав, ама го чувам во глава. Не го објавувам, затоа што ми е мила главата.

30. Што е следно Ваша авторска книга или некоја нова антологија на македонски, балкански, европски афоризми ?

Ова е сериозен одговор. Подготвувам авторска книга, Тито не вика да ни помогне. Подготвувам  и Српско-македонска антологија, со застапеност на активни афористичари од двете земји. И подготвувам драма-комедија. Ќе издржам, од тврд материјал сум. Само не знам дали е буковина или...


Напомена: Фотографиите се превземени од фејсбук профилот на авторот.

Повеќе афоризми од Васил Толевски можете да прочитате во нашата рубрика E-aforistiqa на сл. линк тука а воедно во оваа прилика му се заблагодаруваме на авторот за успешната досегашна соработка.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови502,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови512,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови605,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1042,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови568,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови681,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови756,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови429,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови220,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови446,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови358,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови462,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови569,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови384,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови370,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови504,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови366,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови408,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1045,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови721,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови704,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови696,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:456Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1327Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1183Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:446Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1680Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:674Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1949Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:579Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1414Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2332Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#