ninus nestorovic_karikatureКратка биографија:

Нинус Несторовиќ e роден на 10.09.1965 во Снедеревска Паланка. По професија е новинар и сатиричар.

Досега има издадено четири книги афоризми и тоа: "Изгужвани мисли", "Сизифе Србине", "Нераскинлива врска", "Војна тајна".

Приредувач е на Антологијата на новосадски афоризам.

Ги има добиено следните награди:
ВИБ-ова награда, Златна Кацига- Крушевац,
Награди на меѓународниот фестивал за афоризам Чивајада-Шабац.
“Бели Павле“ за најдобар афористичар - Даниловград.
Награда на здружението на новинари на Војводина “Димитрие Фрушиќ“.
Златна плакета ИФАК-Струмица 2013.
“Вук Глигоријевиќ“ на Сатира фест.
Член на друштвото на писатели на Војводина, каде е и преседател на секцијата на хумористи и сатиричари.
Работи во Парачин а живее во Нови Сад.

Интервју со Нинус Несторовиќ

1.DelcevoGlobalOnline: Ваш омилен афоризам, кој би го споделиле со нашите читатели?

Кога тргнав да купам нови гаќи, старите почнаа да ми се вовлекуваат во задникот.

2.DelcevoGlobalOnline: Како е да се живее со сатира и може ли од тоа да се живее?

Сатирата за мене е начин на живот, а не стил на пишување, книжевен род...Живеам за сатирата. но не живеам од неа! Работам како царински инспектор во Параќин и така заработувам за да го протуркам месецот. Инаку живеам во Нови Сад.

3.DelcevoGlobalOnline:Има ли лоши денови за еден сатиричар?

Најлошите денови се најдобри за пишување сатира! За среќа или несреќа, во животот на еден сатиричар, има многу такви денови.

4.DelcevoGlobalOnline: А има ли денови кога не знаете што да работите?

Нема. Имам семејство, сопругата Валентина, три прекрасни деца Катарина, Сара,Михајла и Теа, пишувам сатира... мојот живот е целосно исполнет!

5.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа?

Премногу голи има околу нас, затоа и не гледам потреба зашто би одел на нудистичка плажа... За жал, иако во нашите медиуми голотијата веќе долго време е во мода, единстево само голата вистина никој не ја видел.

6.DelcevoGlobalOnline: Има ли шанси еден ден седниците на парламентот да се одржуваат на нудистичка плажа?

Зашто да не? Нашите политичари ионака веќе од ништо не се срамат.

7.DelcevoGlobalOnline: Би ви сметала ли ставка во буџетот за финасирање на Јавни куќи?

Зашто ни се јавни куќи??? На Балканот веќе одамна никој никого не е...а!!!

8.DelcevoGlobalOnline: На пусто острово со Мадона или лап топ?

Што би правел со лап топ на пуст остров?! Нема струја, нема интернет... Сакал-несакал ќе ја поведам Мадона!!!

ninus nestorovic_profi

9.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли послдениот воз за Европа?

Легнувајте на шините. Доаѓа последниот воз.

10.DelcevoGlobalOnline: На пуст остров сте со Кетрин Ештон. Каква порака би ставиле во боцата?

Ќе го признам Косово!!! Само доведете ја тука...

11.DelcevoGlobalOnline: Златна рипка или Аладинова ламба?

Јас сум за златна рипка... Не верувам во духови!!!

12.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека стапот од Рајот излегол?

А зашто не би верувал? Па, нему тука му е поубаво отколку во рајот!!!

13.DelcevoGlobalOnline: На комшијата да му цркне кравата? Да има шефица нимфоманка или пак да добие шеф хетеросексуалец?

Јас сум конзервативец и традиционалист... го сакам она што го посакувале нашите предци: на комшијата да му цркне кравата!!!

14.DelcevoGlobalOnline: Дали би дале царство за коњ?

Нашето царство е толку скапано што за него ништо не би можеле да добиеме!!!

15.DelcevoGlobalOnline: Ве плаши ли судниот ден?

Малку ... Има тука работи од кои многу повеќе се плашам!!!

16.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека човекот постанал од мајмун?

Човекот не ги разбира мајмуните. Во прашање е јаз помеѓу генерациите.

17.DelcevoGlobalOnline: Што мислите, што сте биле во претходниот живот?

Би сакал да сум бил сликар... покрај музиката, сликарството е најдобра уметност.

18.DelcevoGlobalOnline: Омилена брачна должност.

Сите брачни должности ми се омилени! Семејството за мене е извор на животната енергија!

19.DelcevoGlobalOnline: Што мислите за мажите што сиркаат под брачните кревети?

Не познавам такви ...

20.DelcevoGlobalOnline: Каде би сте сокриле? Под креветот на Мадона или Ријана?

Не сакам да се кријам.

21.DelcevoGlobalOnline: Кој доручек би и припремиле на Карла Бруни?

Со задоволство би припремал доручек за жена ми и моите деца...

22.DelcevoGlobalOnline:  Што би сакале Карла Бруни да ви припрема за доручек?

Не би ја менувал жена ми ни за две Карли! Тоа што жена ми ќе го зготви не умее никоја друга.

23.DelcevoGlobalOnline: Која работа никогаш не би прифатиле?

Би прифатил секоја работа, ако е чесна и добро платена.

24.DelcevoGlobalOnline: Која своја грешка би ја повториле?

Ниту една не би повторил намерно...

25.DelcevoGlobalOnline: Што би избришале, а што би додале во Вашата биографија?

Тука ништо не би менувал.

26. Верувате ли дека кучето е најдобриот човеков пријател?

Не верувам...ги сакам кучињата, а ги сакам и луѓето...мојот најдобар пријател сигурно не е куче!

27.DelcevoGlobalOnline: Која историска личност под казна би ја вратиле да живее на Балканот?

Винстон Черчил. Маркс и Енгелс.

28.DelcevoGlobalOnline: Улица или библиотека со Ваше име?

Улица Нинус Несторовиќ.

29.DelcevoGlobalOnline: Кому прво би ја поклониле Вашата нова книга?

На татко ми и мајка ми. Од благодарност што сум ваков каков што сум.

30.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека еден ден некој сатиричар ќе добие Нобелова награда за литература?

Не верувам. Наградите никогаш не се мерило за вредноста на една книжевно дело... Тие се само маркетинг и пропаганда! Сатирата не е комерцијална работа така да таква врста на публицитет не и треба.

Интервјуто го подготви нашиот дежурен афористичар.

Фотографските материјали се правземени од профилот на Нинус Несторовиќ на фејсбук.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници