facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

interview jovco_savov_1

Неодамна во рамки на Првиот меѓународен фестивал на афоризам и карикатура, Делчево имаше чест и задоволство да биде домаќин на еден од најголемите, најафирмираните и најоригинални карикатуристи на Балканот, Европа па и пошироко. Наградата која му припадна во рамки на самиот фестивал помеѓу  160 автори и карикатури е само знак за неговото значење како автор на цел еден универзум на илустрации, кои пленат со сопствената мултидимензионална атмосфера.

Јовчо Савов од Р.Бугарија, на свој оригинален начин претставува мезанинска свежина во ходник без промаја. Онаму каде што ветерот стои тој со своите живописни карикатури прави турбуленција од тип на цунами и торнадо, кои како атмосферска појава на овие простори иако не се познати, сепак се чувствува негативниот набој и ефектите од нивната потенцијална појава.

Ова интервју во продеолжение е дополнително сведоштво за духот и карактерот на самиот автор, кој не пропушта да не заинтригира со секој негов збор и одговор.

Уживајте, мачете се... Кој-како...

Interview jovco_savov_2

1.DelcevoGlobalOnline: Ве сметаат за еден од најдобрите карикатуристи во Бугарија, но и во светот. Како е да се биде Јовчо Савов?

Јовчо Савов: Марк Твен кажал: „Слухот за мојата смрт е силно преувеличен“. Светот е голем и гласнини демнат од сите страни. Затоа, додека нема точни информации, не само од Светската, но и од Вселенската статистика, во врска со големината на мојата „ добрина”  - ќе се воздржам од коментар.

2.DelcevoGlobalOnline:Може ли да се живее од карикатура?

Јовчо Савов: Имам слушнато дека некои живеат од карикатура. Но пак ќе повторам – светот е голем и гласините демнеат од сите страни.

3.DelcevoGlobalOnline: Има ли лоши денови за еден врвен карикатурист?

Јовчо Савов: Да. Кога барометарот покажува дека сум стапнал на врвот од Монт Еверест – на 8848 м надморска височина, и кога ќе погледнам наоколу со двогледот, гледам само рамно и бескрајно плато.

4.DelcevoGlobalOnline: На пуст сте остров со Мадона каква порака ќе ставите во шишето?

Јовчо Савов: За  да бидам разбран правилно, ќе раскажам една анегдота. Тоа повеќе би било прашање, кое сум го раскажувал и го имам поставувано стотици пати и никој досега не можеше да го даде точниот одговор.

Брод за прекуокенаски крстарења претрпува бродолом. Само еден морнар на 28 години, една убава патничка на 36 години и нејзината 18 годишна ќерка успеале да се спасат од бродоломот и со непрекинато пливање успеале да стигнат до пуст остров. По три седмници морнарот започнал да му се обраќа на младото девојче со зборот „ Тетко“. Прашањето е: Во каква роднинска врска влегле во тоа време тројцата заедно? Точниот одговор е: Никакви. Едноставно морнарот полудел од секс. Значи, ако веќе имам средено претстој на пуст остров со Мадона, можам да размислам дали да прифатам...но не повеќе од една седмица. Сепак разумот нека победи.

5.DelcevoGlobalOnline: Кој дел од гардеробата на Ева е најинспиративен за карикатурист од Ваш ков?

Јовчо Савов: Одделот со капите. Велат дека во пеколот, за грешните жени ѓаволот измислил многу посурова казна од казаните со врела смола. Тоа биле соби полни со безброј капи, но без ниту едно огледало. Ако постои некој предмет, без кој животот на жената би изгледал потполно безмислен, со кој таа непрекинато разговара и му нема никаква доверба – тоа е огледалото!

6.DelcevoGlobalOnline:Верувате ли дека стапот од Рајот излегол?

Јовчо Савов: Документирано е, дека во Рајот постоело јаболково дрво. А бидејќи имало дрвен материјал, значи имало начин да се направи од него и диригентска палка. Е,  на пратот размерот е поголем, значи предвидено е  за поголем оркестар.

7.DelcevoGlobalOnline: Што најмногу ви оди по нервите?

Јовчо Савов: Телевизор без узда која пасе во ливада од навики.

8.DelcevoGlobalOnline:Омилена брачна должност?

Јовчо Савов: Кога по незнам кој пат ме прашуваат : „ До кога ќе седиш пред компјутерот“ - и да одговарам автоматски – еве сега доаѓам.

9.DelcevoGlobalOnline:Верувате ли дека две третини од мажите имаат рогови?

Јовчо Савов: Крајно време е да се разоткријат слични такви чувани државни тајни – можеби процентот за р'тење на семето, кое се сее нелегално по ридовите на Венера и да е повисок од две третини.

10.DelcevoGlobalOnline: Што мислите за мажите што постојано ѕиркаат под брачниот кревет?

Јовчо Савов: За мене тоа можат да бидат мажи, кои со добро срце и емпатија сакаат да предупредат, дека каснувањето од усојница е премногу опасно за здравјето и животот.

11.DelcevoGlobalOnline: Пред кого повеќе се крстите. Пред поповите или политичарите?

Јовчо Савов: Различни луѓе – едни трчаат да го бакнуваат крстот на попот, други – попот под крстот. Имам сретнато попови,  кои заслужуваат да се крстиш и со двете раце.

12.DelcevoGlobalOnline:Без што не би тргнале на пат околу светот?  

Јовчо Савов: Без обувки.

13.DelcevoGlobalOnline:Што би и зготвиле за доручек на Ангела Меркел?

Јовчо Савов: Марк ал англе.

14.DelcevoGlobalOnline: А што би сакале таа да ви зготви?

Јовчо Савов: Фино ќе се пренасочам кон ентузијзмот – подобро да ме изведе во ресторан.

15.DelcevoGlobalOnline:Портрет карикатурист на Обама или масер на Ангела Меркел? 

Јовчо Савов: ОБАМЕРКЕЛ – едно исто се.

16.DelcevoGlobalOnline:.Руски рулет или телевизиски пренос од седница на Собрание?

Јовчо Савов: На  рускиот рулет сепак човек има шанси.

17.DelcevoGlobalOnline:На кој дел од женското тело најмногу запнувате додека цртате еротски карикатури?

Јовчо Савов: Мислам дека сум умерен човек – не се залетувам до крајност, ми се допаѓа задлабочувањето во златната средина.

18.DelcevoGlobalOnline: Шо мислите за свечена седница на парламентот на нудистичка плажа?

Јовчо Савов: Може да се експериментира – сите сме  голи во облеката, а всушност оние кои се проституираат никогаш не обраќаат посебно внимание за размерот на работничката облека.

19.DelcevoGlobalOnline: Златна рипка или Аладинова ламба?

Јовчо Савов: Златна рипка. Мојата прва желба е : Да ми испорача една Аладинова ламба

20.DelcevoGlobalOnline: Кого би сакале да го играте на филм: Наполеон Бонопарта или Казанова?

Јовчо Савов: Интересни предлози – ќе разговарам за ова со мојот менаџер. Овој типот Наполеон Бонапарта сум го видел во многу карикатури  и тоа се од лудници, а госпоѓа Казанова не ја познавам.

21.DelcevoGlobalOnline: Кои историски личности под казна би ги вратиле да живеат на Балканот?

Јовчо Савов: “Господи, чувај  ме од пријателите, од враговите сам ќе се чувам“ - рекол некогаш тој истиот Наполеон Бонапарта. Нема да е лошо сите  „Пријатели“ на Балканите да ги населат засекогаш на нашите простори.

22.DelcevoGlobalOnline: Има ли разлика помеѓу политичарите и човекојадците?

Јовчо Савов: Секако – вторите избегнуваат да јадат сурово месо и секогаш ги плукаат кошчињата од облеката на жртвите.

23.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во Дарвиновата теорија на еволуцијата?

Јовчо Савов: Господ Бог направил гигантска шега со самото создавање на Хомо Сапиенс. И бидејќи, ако си ја признае грешката, ќе му падне авторитетот – за да излезе од состојбата сув, преку определена сума склучува зделка со подреденото лице – некој си Чарлс Дарвин, кој распространува некаква измислена теорија и ја става вината на Бог под килимот.

24.DelcevoGlobalOnline: Ќе ја победиме ли белата чума?

 Јовчо Савов: Ако светот е супермаркет и постои бонус-акција... може да се случи.

25.DelcevoGlobalOnline: Што мислите за Нобелова награда за карикатура и со кого би ја поделиле?

Јовчо Савов: Идеата не е лоша. Парите не се малку. Штом комитетот кога делел награди, застанал на мене, значи преценил, дека ќе направиме поволна спогодба во негова полза.

26.DelcevoGlobalOnline: Улица или галерија со Вашето име?

Јовчо Савов: И едното и другото се фантазии, фантазиите немаат недостатоци.

27.DelcevoGlobalOnline: На што би ја потрошиле последната пара?  

Јовчо Савов: За галеријата,  со моето име.

28.DelcevoGlobalOnline: Кому би ја поклониле Вашата најдобра карикатура?  

Јовчо Савов: На галеријата со моето име.

29.DelcevoGlobalOnline: Што би избришале, а што би додале во Вашата биографија?

Јовчо Савов: Биографијата е како Библијата. А таму е напишано : „ Ништо да не се брише иништо да не се допишува„

30.DelcevoGlobalOnline: Последно прашање е можеби демоде, но сепак.... Што би им порачале на нашите читатели?

Јовчо Савов:

Interview jovco_savov_3

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови454,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови466,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови566,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1005,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови548,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови651,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови719,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови409,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови203,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови430,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови327,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови444,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови536,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови364,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови353,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови487,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови347,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови389,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1027,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови699,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови683,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови664,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:386Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1251Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1122Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:393Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1556Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:621Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1853Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:517Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1331Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2224Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Јавен повик за крајни корисници за активноста “Грижа за стари лица, дел од програмата ОКР 2017“

[2/10] Јавен оглас до евидентирани невработени лице завклучување во Програмата Општинско - корисна работа 2017/2018

[3/10] Започната изградба на атмосферска канализација на крак од ул. Македонска во населбата Милково Брдо

[4/10] Програма за манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2017"

[5/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[6/10] Започна реконструкцијата на улицата Питу Гули во населбата Милково Брдо

[7/10] Завршна вечер од меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[8/10] Прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[9/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#