facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

photo6

Во животот за некои нешта за да ви станат како сонце јасни, е доволен само еден поглед, еден единствен блесок, за момент да замолкне целиот свет. И во средиштето на оваа еуфорија да се роди уште еден нов момент на желба за уште едно утре, поразлично од било кое досега поминато.

Токму еден таков поглед е причина на ова наше денешно интервју, кое ке биде поразлично од се она досега што може да се сврсти во овој наш специфичен вид на изразување.

Барбара Спасевска или позната под своето алтер его на социјалната мрежа фејсбук како Сончева Фосфорна, е млада девојка-студент во втора година на Факултетот за ликовни уметности-Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Веќе 6 години е директно врзана со уметноста, од аспект најпрво како средношколец во Државното средно училиште за применета уметност “Лазар Личеноски-Скопје”, за потоа да се запише и на најпрестижната високообразовна сликарска институција во нашата држава.

Она што оваа млада раскошна душа во себе го носи е повеќе од приказна, која наликува на модерна бајка, за која постојат само скромни впечатоци, налик фрагменти на една вистинска драматична судбина и идентитет, кој единствено може неупатениот човек да го заслепи со својата светлина и врелина.

Без ни малку скромност можеме да укажеме на потребата од  внимателно следење на уметничкиот доем на оваа млада девојка во иднина.

За најилустративно претставување на идниот академски сликар направивме едно интервју проследено со фотографски акти по избор на самата Барбара...

 “Интервју за младешкиот копнеж на сопствен белег врз објективната реалност”

photo2

1.DelcevoGlobalOnline: Зошто баш Барбара? Има ли некоја приказна во позадина како причина за Вашето име?

- Да. Всушност, мајка ми и татко ми биле фанови на познатата пеачка односно автор и актерка, Barbara Streisand. Од тука потекнува приказната за моето име.  Сакам да признам една интерeсна работа. Не се сеќавам кога моите ми се обраќале со “ Барбара”, ( како и обично, во ситe случаи слушав само “сине” ), но добро се сеќавам на тоа кога ќе земев маче во прегратка и ќе му се претставев како Марија. Да, сама си го дадов името. Мислев дека така се викам, се до денот кога сосема случајно ме викнаа по моето вистинско име. Среќа, имав 5 години тогаш, кратко време сум била во заблуда, хаха.

2.DelcevoGlobalOnline: Каде и зошто според тебе си родена?

- Родена Штип, по желба на мајка ми.  Искрено ги прашав родителите зошто сум родена. Одговорот беше: Сакавме твојот брат  да има сестричка.

3.DelcevoGlobalOnline: Има ли поврзаност меѓу тебе лично во раното детство со Рок музиката?

-Да, и тоа тесна поврзаност. Едни од најраните спомени во кои се зачнува мојата љубов кон музиката , се оние во кои татко ми постојано ми свиреше песнички пред спиење, на неговата акустична гитара. Тоа се всушност едни од бeсценетите спомени кои ги имам. Уште ги имам во себе  и спомените од грамофонот и плочите на него. Можам да кажам дека љубовта кон Рок музиката ја наследив  токму од  него. Се слушаше Bijelo Dugme,  Divlje jagode, Smak, Deep purple, The doors, David Bowie, The rolling stones, Uriah Heep  и многу други... Искрено, присетувајќи се на тие денови, не знаев што е тоа што го слушам, меѓутоа, со текот на времето чекор по чекор се роди и приврзаноста  која денес ја разбирам. Или со други зборови, да ја разбирав музиката при првото запознавање со неа, уживањето сигурно ќе беше многу поголемо.

4.DelcevoGlobalOnline: Каде лежи коренот на твојата вродена љубов кон алтернативните погледи во твојот живот?

-  Релативноста на мојата вродена љубов многу пати ми дозволи да се запрашам за апсолутноста на истата. Се почесто имам желба да зборувам за тоа во најдолги можни црти, меѓутоа во речиси секој таков случај  бирам да ја искажам најкратката мисла. Вродената љубов кон алтернативните погледи  на некој начин пушти корени во најраните пресврти  во мојот живот. Сепак, детскиот плам ме наведе на тој начин на гледање. Алтернативата ја почитувам како начин.

photo35.DelcevoGlobalOnline: Како изгледа еден твој вообичаен ден, кога немаш поим што ке правиш следно во денот?

- Најмногу  го обожавам вообичаениот ден, дома, Делчево, далеку од денот на штоперица во Скопје. Мирен сон, без размислување што да се прави во наредниот ден. Се будам, доручкувам, трчам, после се релаксирам. Слушам музика, знам да  зачистам по дома, во спротивно знам да лежам и цел  ден. Имало  ден кој цел ми бил потрошен во лежење и размислување. Имало и денови со истото само без размислување. Не сакам да кажам дека обожавам самотија, но презаситеноста ми ги пакува куферите и ме носи дома, на ден два.  За мене вообичаен ден е оној во кој никој не ме вознемирува, ден во кој уживам на свој начин, буквално кротејќи и уживајќи во убавината на максималната опуштеност.  

6.DelcevoGlobalOnline: Што ти значи фразата “Содржина на едно клучно секојдневие” спомената во еден наш претходен разговор?

- Да, се сеќавам, зборувавме за музика. Мислам дека всушност стануваше збор за песна во која содржината се однесуваше на навидум ситните нешта кои свесно или несвесно, обземени од  згужваноста на севкупноста, ги занемаруваме односно игнорираме, а истите го прават секојдневието.  Можеби повеќе сум сакала да кажам “клучната содржина на едно секојдневие”, меѓутоа целта на разговорот не е избришана и со горенапишаната фраза.

7.DelcevoGlobalOnline: Кој ти е најраниот спомен од твоето минато? Најдрагиот?

- уф, да можев да издвојам... Ќе се обидам да издвојам еден. Најраниот и најдрагиот спомен лежи под една јаболкница, на една голема ливада. Во магла ми е споменот, но боите на пејсажот, преплавеното бистро небо, шаренилата на цвеќињата, острата зелена боја на тревата, старата и сува кора на јаболкницата, разиграните дебели нејзини гранки, веселите пепeрутки, уште некако ја имаат онаа мека и харизматична присност. Се лулав на лулашката што дедо ми ја постави на една од гранките. Беше високо. Чинам, кога и да се присетам,  го чувствувам ветрето во моите коси, чистотата на тогашната радост. На секое навраќање кон тој спомен, уште со мислите се обидувам да ги дофатам пеперутките што ми прелетуваа пред очи дури се лулав. На секое навраќање кон тој спомен, уште дури се обидувам да ја почувствувам топлината на сончевите зраци... Ми недостига тој ден. Многу.

8.DelcevoGlobalOnline: 1876 година е значајна за постоењето на денешната македонска држава. Кои се твоите импресии во врска со оваа година?

- Разловечко востание. Разловци, местото на раѓањето на идејата за ослободување на народот. Таму лежат и безброј мои бесценети спомени, среќни спомени. Тесно сум поврзана со тоа место, и едноставно не можам да го избришам од мојот живот, бидејќи пра-дедото на мојот дедо бил токму еден од организаторите на Разловечкото востание, и  ми е драго што имам еден таков предок, во историјата на  мојата фамилија. Каде и да одам, каде и да останам, тоа место било и секогаш ќе биде  “ лулка на моето детство” .

photo49.DelcevoGlobalOnline: До колку најмногу знаеш да броиш, од назад кон напред, почнувајки од бесконечност?

- Би броела се додека не увидам дека не можам до крај...

10.DelcevoGlobalOnline: Дали смислата за постоењето на човековиот род, за тебе е дидактичко или метафизичко прашање?

- Мислам дека е прашање од една релативна поврзаност меѓу двата поима.  Осознавањето на  она што е над реалноста и искуството, и спроведувањето на истото во учењето, си рефлектира една клучна потреба од  меѓусебна складност.

11.DelcevoGlobalOnline: Што ке му подариш на Дедо Мраз за оваа нова година?

- најверојатно платно, со насликан зимски пејсаж.

12.DelcevoGlobalOnline: Дали може на сликарско платно да се наслика една човечка душа?

- Може. Впрочем, зависи од самата индивидуа, начинот на кој пристапува може и не е веќе толку битен, колку што е избегнувањето на механиката во едно творење.  Тука, посекако игра улога и знаењето односно разбирањетo на поимот “душа”.  Разиграноста на убавината која се претопува низ потезите, неизбежно  ја рефлектира положбата на творецот, во не секоја смисла на зборот.  Психолошкиот момент не секој го зема во предвид, поготово не секој кој го гледа само финалниот продукт. Како добра лекција може да биде моментот кога раката и знаењето не се усогласуваат со релативната замисла, или со други зборови, неуспешно ја интерпретираат. Големината на поимот, сама по себе овозможува еден огромен простор за дефинирање односно искажување. Она што не е дефинирано, вам би ви било интересно, така? Во спротивно, веќе дефинираното, кога тогаш ќе избледи, или ќе остане во еден апсолут, што во “одаите на уметноста” не би требало да го бара своето место.

13.DelcevoGlobalOnline: Микрокосмос или Макрокосмос? Во кој од овие поими би избрала да го живееш твојот живот?

- Макрокосмос, дефинитивно.

14.DelcevoGlobalOnline: Колку прсти од човечката рака се потребни да се наслика едно уметничко дело, без притоа да направи ниту еден потег со сликарската четка?

-  Почнувајќи од најмалата бројка, би рекла слободно- еден. Нормално, сечија потреба си го бара своето. Два прста, три прста... десет прста можат чудо да направат.

15.DelcevoGlobalOnline: Меѓу Адам и Ева постоело одредено недоразбирање кои ги чинело прогон од рајот. Според тебе што во суштина било тоа недоразбирање?

- Според досега ученото, самата алчност, посекако вклучувајќи го и интересот за забранетото се алките, според познатата теорија.  Се прашувам, каква ќе беше  воопшто приказната доколку не се случело недоразбирањето, како и самиот акт на прогонство од рајот?

photo8

16.DelcevoGlobalOnline: Господ-Бог пред исплашениото лице на Мојсеј, на планината Синај, сликал на камени плочи. Од што се состои убавината на уметничкото дело наречено “Десет Божји заповеди”?

- Незамисливата чистота проткаена во Десетте Божји заповеди, во денешно време сме свесни дека е несериозно сфатена, а и со целосна совест ќе кажам дека ретко кој од нив  се спроведува во пракса. Зар има некој кој не излажал? Денес, поединци не го сакаат ближниот, веќе во историјата се бележат многу војни кои носат илјадници жртви во името на престижот, борбата за територија, што значи се убивало, и за жал  и ден денешен се убива.  Да не набројуваме, фактите сами по себе ја рефлектираат реалноста онаква каква што е. Веќе многу пати замислив еден свет каде на некој начин ќе владее острата прецизност на Божјите заповеди. Просто не можам да ја издржам прекрасноста на тој свет, поради “ суровоста на склопот во кој живеам и творам”.  Хармонијата просто “ гази се пред себе”  со самото  реализирање на  еден акт на човечност, како и осознавање на правилното. Сепак, гледајќи од друга страна, непочитувањето на заповедите , и тоа како индиректно ја поставува врската со спротивното. Убавината е во моќта на сликањето, начинот на кој се интерпретира пораката. Убавината се состои од “ убавината на убавото” .

photo5 resize

17.DelcevoGlobalOnline: По падот на побунетите ангели, од височините на Рајот, човекот се здобил со политички плурализам во изборот на сопствените можности и потенцијали, како и идеалите кон кои ке се стреми. Колку овој плурализам е опасен? Дали истиот е неопходен? Доколку би постоела диктатурата на сопствениот ум, во одаите на вечниот рај, дали би ја одобрила т.е. подржала?

- Би го дефинирала плурализмот во изборот на сопствените можности и потенцијали како опасен, поради немоќта да човекот предвиди каде тоа го води патот кој сам го избрал. Стремежот го гледам како еден повеќе од позитивен поим, бидејќи е еден од патиштата кои сигурно водат кон видикот, воедно приуштувајќи едно да го наречам откровение. Да не постоеше бескрајноста, зар ќе се родеше стремежот? Неопходен,  да... А сепак, не знам зошто не можам да замислам диктатура на сопствениот ум во одаите на вечниот рај. Просто, во моментов не ми успева замислата.

18.DelcevoGlobalOnline: До каде вреди да се оди во напорите за да го промениш светот на подобро?

- Сигурно вреди да се оди до онаму кај што е вгнездена целта. Сепак,  ме плаши волјата.  Мене лично, многу побргу би ме напуштила истрајноста како нејзин грб.

19.DelcevoGlobalOnline: Каде завршува добрината? Од каде започнува пакоста?

-  Најверојатно онаму кај што Сонцето не застанува на црвено светло, а Месечината не поминува на зелено.  Мислев, како што две површини прават линија, така добрината најверојатно има заеднички содржател со пакоста J

photo720.DelcevoGlobalOnline: Дали сметаш дека човекот треба да учи на сопствените грешки, или на туѓото искуство? Која од овие две варијанти остава поубедлив впечаток во идното сеќавање на една личност?

- Впрочем, секогаш кога ќе го споредев своето искуство со  туѓото искуство, притоа внимавајќи да споредам слични содржини, чувствував некоја потреба да го извлечам “заедничкото поднебје” на тие две искуства. Не велам  не, мојата љубопитност често пати ме однела до она место од каде можам да се видам самата себе како сослушувам со часови, како навлегувам во одаите на кажаното, ги разгледувам темелите, секој збор го претопувам во слика со бледа рамка, и сите изрежани надежи, сцени, фрази од искуството, ги чувствувам за многу брзо на својата кожа. Сакам да кажам дека за жал, лесно сочувствувам. Од тука и ја поддржувам варијантата да се учи од туѓи искуства, но со способност да се разбере нештото, да му се пријде умствено  што е можно по блиску. Сепак, јаболката е црвена, но  дури не ја пробам нема да знам дека е вкусна  исто толку колку што е црвена. Убедливо е да се учи од туѓи искуства, многу поубедливо е да се учи  на сопствената грешка, но кога ќе се спојат двете варијанти, мислам дека нема да се смени ништо во убедливоста, колку што ќе се смени во брзината на учењето.

photo10

21.DelcevoGlobalOnline: Пред колонизаторските орди да стапнат на Американска почва, на тие простори живееле индијански племиња со поинакви животни вредности од тогашните колонизатори. Каква според тебе би била денешната реалност и историски тек на настаните (во кратки црти) ако Индијанците ја колонизираа Европа?

- Како што и самите спомнавте, племиња со поинакви животни вредности. Најверојатно, еве се обидувам да замислам, нашиот денешен начин на живот би бил сосема различен од она што е, всушност. Најверојатно технологијата не би доживеала прогрес, и воопшто, што би доживеало прогрес, се прашувам? J  Интересна е замислата, меѓутоа дали  навистина би било интересно да се живее на таков начин, без општа промена, и воопшто било каков напредок?  Да, содржи некоја на свој начин чудна убавина нивната животна вредност, меѓутоа не се случила колонизацијата од нивна страна, а и не мора да значи, напротив, можеби  доколку се случела колонизацијата, денешната реалност посекако ќе имаше некаков историски тек. Истиот посекако не, но некаков , да.

22.DelcevoGlobalOnline: Твоја омилена историска личност со која сакаш да се идентификуваш и зошто?

- Сеуште не се идентификувам со одредена историска личност. Сеуште го градам својот карактер, и кога би избрала една личност, сигурно за одреден период би го сменила мислењето...

photo12

23.DelcevoGlobalOnline: Музика или поезија? Знам дека и двете ти се подеднакво драги... Која е придобивката на филозофијата од потенцијалниот спој на “поезија со музика”.

-  Придобивката најверојатно се вика уметност.  Она што го говори поезијата, може да се слушне од музиката, да речам, дури и обратно. Ако ги именуваме како ќерки на композицијата, тогаш татко би им бил самиот потенцијал на спојувањето.  Самата суштина на преливот на поезијата во музика и обратно, може да ја роди штотуку зачнатата слика, дури. Релјефите во смисла на линија при општењето преку поезија и музика, несомнено ги отвараат портите на она што отсекогаш до ден денешен се нарекува уметност.

photo924.DelcevoGlobalOnline: Каде во светот на земјината површина најпрво би се упатила, доколку тргнеш да ги изодиш пеш целиот свет.

- Египет!

25.DelcevoGlobalOnline: Човечката цивилизација заговара Туризам во вселената... Што мислиш за Туризам во човечкото срце? Дали добро би се заработувало од овој вид на туризам?

- Дали би се заработувало, не знам, но дека вреди како предизвик, тоа да. 

26.DelcevoGlobalOnline: Видикот во животот е поширок кога гледаме со двете очи... Според тебе до каде би догледале ако само за еден  миг без наша контрола и волја и двете очи се случи да ни се затворат?

- Доколку се затворат, а умот и телото се сеуште живи, мислам дека гледањето нема да има крај. Јас едоставно не би сакала да ги отворам очите, воопшто!

27.DelcevoGlobalOnline: Што би насликала на твоето платно, доколку се наоѓаш сред свадба, на која свири Пинк Флојд...? Се надевам дека тоа нема да биде “Уште една тула во ѕидот”?

-  Уф! Самата замисла ми го скокотка срцето. Секако нема да насликам “ Уште една тула во ѕидот”,  не доаѓа во предвид. Можеби  ќе биде достојно да насликам срушен ѕид.

28.DelcevoGlobalOnline: Од која лоша навика би сакала да се ослободиш што е присутна во твоето секојдневие?

- Дефинитивно мрзата.  Уживам многу кога сум мрзелива, едноставно во тој момент нема ништо по слатко од опуштените рефлекси, лежењето  со часови, заспаната желба да се прави било што... Меѓутоа, во одредени моменти се гледам самата себе како претерувам во уживањата, занемарувам многу обврски кои се од прилично голема важност, имаат потреба да бидат завршени. Не би сакала тотално да се ослободам од мрзата, сепак ми е една од омилените навики, но кога е време за акција, би сакала да можам да одолеам.

29.DelcevoGlobalOnline: Кога би можела да избираш различни места било каде во светот, каде би живеела во наредните 10, 20, 30 и повеќе години и зошто?

- Сега за сега, посакувам да живеам во Франција. Причината е очигледна и едноставна. Сакам да живеам онаму кај што уметноста живее, онаму кај што таа дише.

30.DelcevoGlobalOnline: Крајот секому тешко му паѓа? Нешто за крај?

- Ви благодарам за прекрасното интервју, почестена сум! Се надевам ќе има уште разговори слични на горенаведениот.  Го прегрнувам Делчево, и ги поздравувам сите читатели!  J

photo11

Прашањата за интервјуто ги подготви Kircho A.

Фотографиите се превземени од приватната архива на Барбара Спасевска. Фотографиите се авторско дело и за нив сите авторски права се задржани од страна на авторот. Не е дозволено превземање на истите и нивно користење без дозвола од самиот автор!.


Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови434,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови449,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови553,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови972,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови545,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови637,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови703,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови398,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови197,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови425,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови317,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови439,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови523,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови354,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови346,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови474,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови342,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови383,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1018,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови689,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови677,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови645,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:358Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1225Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1097Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:377Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1415Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:591Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1680Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:381Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1296Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2056Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#