facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

01

Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје.

За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната работа, што за уметничкиот доем кој е евидентен во нивната музика која ја создаваат.

Навидум обични дечки, од скопското секојдневие, секој со своја животна приказна. Но, ставени заедно еден до друг во котелот наречен "Apotheosis", градат несекојдневна слика на грандиозна музичка илустрација која никого не остава рамнодушен.

Од неодамна бендот е со својот прв албум издаден во сопствена режија кој е насловен премногу загадочно "Shadow and sound" (мк. "Сенка и звук"). Нивната приказна продолжува и во иднина со искрена наша надеж за долговечност да не кажеме вечност, зошто  ќе звучиме премногу ласкаво. 

04

На носачот на звук кој претставува сублимат на 9 различни музички композиции, е застапен модерен, компактен андерграунд звук кој несомнено има иднина.Од она што успеавме да го слушнеме (расположиво на youtube каналот на "Apotheosis") можеме да кажеме дека станува збор за енормно огромен број на нијансирани слоеви на емоции, техничка сегментација која изобилува со чувство на комплетност. Интересен е осетот за диверзификација на секоја песна како целина сама за себе.

Во контекст на претстојниот концерт на бендот "Apotheosis" како дел од фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", момците ветуваат незаборавно шоу на директен удар буквално по сите сетила на посетителите на самиот концерт.

01

Почнуваме: 

1.DelcevoGlobalOnline:

За почеток на ова интервју, кажете нешто повеќе за вас, за постоењето, почетоците на бендот и како се роди идејата (потребата) за создавање на Апотеозис?

Apotheosis:

Бендот е зачнат околу 2008/2009 година, под името Executor. По неколку години, со неколку измени на состав, и развој на звукот преку менување на стилот и суб-жанровите вклучени во нашата музика,  еволуираме во ентитетот Apotheosis, кој се поистоветува со под-жанрот на хеви метал - melodic death metal, иако не се ограничува на истиот, што покажуваат примесите на power metal и помалите примеси на black metal-от.

2.DelcevoGlobalOnline:

Кој во бендот е автор на песните, аранжманот, текстот, музиката? На кој начин Апотеозис создава една песна, албум?

05

Apotheosis:

Секоја композиција на нашиот бенд, е една кохезија од енергијата на сите членови, една резонанца меѓу вибрациите кои се канализираат во едно јадро и се оформува една песна. Како и да е, уделот не е еднаков за сите во сите песни, секој од нас има по некоја песна во која оставил посебен и по силен белег. Некој, за одредена песна, на пример, може да го има искомпонирано поголемиот дел од инструменталниот аранжман, друг пак, целосно да го има напишано текстот и вокалниот аранжман, и мелодијата и акцентите на истиот.

3.DelcevoGlobalOnline:

Од што ја црпите вашата инспирација за создавање на музика?

Apotheosis:

Нашата инспирација, ја црпиме од повеќе извори. Ја влечеме од бендовите кои веќе, релативно кажано, успеале во нешто кон кое ние сеуште се стремиме. Тоа се различни бендови од различни жанрови, односно под-жанрови на металот, и пошироко, кои на различен начин и со различен интензитет, допреле до нас на психички и емотивен план, бендови кои не нѐ оставиле истите откако се имаме поврзано со нивната музика и порака.
Друго нешто што не инспирира да ја креираме нашата музиката, е самото човечко (свесно и несвесно) постоење, делување, перцепирање на реалноста, создавање на концептите и архетиповите и нивно користење како градбени единици на нашата личност, соочувањето со таа личност, соочувањето и справувањето со целиот спектар на прашања, стравови, идеи и проблеми до кои секојдневно допира психата на секоја свесна единка.
 

4.DelcevoGlobalOnline:

Дали е тешко да се биде член на бенд од калибарот на Апотеозис и во физичка и во духовна смисла на зборот?

02

Apotheosis:

Овие 5 години сериозно постоење на бендот, не поминале без тешки периоди и несогласувања. Но, волјата за надминување, и самото надминување на тие проблеми, конфликти и несогласувања, доведува до една кохеренција на нашите енергии фокусирани на овој бенд. Нормално дека не е совршен балансот, но стремежот да се балансира инпутот и аутпутот на секој член - е присутен. Имало и физички и духовно тешки периоди, но до сега сме крепеле, и ќе крепиме. Сепак, метал свириме, и психофизичката издржливост треба да ни е една од главните одлики.

5.DelcevoGlobalOnline:

Дали членувањето во бенд како Апотеозис носи со себе одредени привилегии, во смисла авторитет во друштвото, углед и симпатии помеѓу девојки, препознатливост и слава во вашата околина? Или пак членството и работата со бендот носи со себе “проклетство” на преголема фокусираност на музиката и себеизолација од други животни “трендови”. Колку е позитивна а колку негативна припадноста во семејството наречено Апотеозис?

Apotheosis:

Апотеозис не е изговор да се биде главен во друштвото или да служи како пикап лајн кога запознаваме девојки. Апотеозис е едно среќно место надвор од реалноста, место каде што одиме да заборавиме на сите проблеми и едноставно да се опуштиме во музиката. Не сакаме да гледаме на бендот како направа со која ќе се фалиме или ќе си го бустаме егото. Ќе бевме истите личности и да го немавме бендот.

6.DelcevoGlobalOnline:

Што е за вас Апотеозис? Бизнис, хоби, забава, опсесија или од се по нешто?

 

Apotheosis:

Па, кратко речено, од сѐ по нешто, со тоа што бизнис е на последно место. Нашате цел во создавањето на оваа музика, освен што, низ развојот на бендот, ни била порта за излез на нашите идеи, концепти, чувства и емоции, а понатаму, со созревање на бендот и звукот, посегнување и допирање преку нив, до секој слушател. Нашатаa цел е да ги споделиме тие содржини со слушателите, да ги споделиме болките и човечките фрустрации, како и радостите и живоста, која може да се преточи во еден звучен медиум.

7.DelcevoGlobalOnline:

Дали соработувате со други бендови, дали разменувате инспирација, искуства, ресурси? Каква е според вас состојбата на ниво на креативност и оригиналност на македонската рок сцена воопшто? Има ли иднина, т.е. каде ја гледате иднината на македонската рок култура-краткорочно и долгорочно.

Apotheosis:

Директно, во врска со создавање на самата музика, не соработуваме со други бендови (за сега), но во врска со организирање свирки и слично, нормално дека имаме контакт со други бендови и соработка, и тоа многу добар и другарски однос со доста од нив, кој вклучува и разменување и позајмување на опрема. Всушност, сите од нас петорица, сме и членови од други бендови.

8.DelcevoGlobalOnline:

Интернет поврзаноста нуди речиси неограничени можности за себепромоција. Но некако и покрај целата таа отвореност кон светот буквално од сечиј дом во двете насоки, многу малку може да се најдат информации за современата рок сцена во Македонија (со исклучок на многу мал број интернет портали). Каде е проблемот за ваквата состојба? Дали сметате дека самите бендови треба да одиграат поангажирана улога во овој тренд на популаризација и себепромоција?

07

Apotheosis:

Точно е дека самите бендови треба да одиграат голема улога. Со ставањето на албумот на некои страни добивме фидбек од неколку странски лица кои сакаа да го слушнат целиот материјал и да напишат критика на нивните веб страни и блогови. Некои луѓе не контактираа и сакаа да го набават албумот. Сепак ние не ја доигравме улогата до крај. Го немаме албумот ставено за купување или пак за целосно преземеање од интернет. Има многу веб сајтови кои сакаат да промовираат музика од целиот свет, но сеуште не сме ги контактирале. Едноставно еден бенд не може да ги стави своите песни на јутуб и да очекува целиот свет да го дознае. Треба голема посветенст и ангажираност. Од друга страна и самата македонска сцена има свој (не)придонес за развојот на сцената. Немаме издавачка куќа која сака да има метал бендови во својот каталог. Секако има некои помали како Die Hard Bookings и Мрак, но се далеку од она што се Авалон и останати куќи кои можат своите „клиенти“ да ги пласираат на светскиот пазар.

9.DelcevoGlobalOnline:

Кога и каде исчезна способноста на рок музиката да го менува светот и општествените текови воопшто?

Apotheosis:

Кога? Ради 2000-тити? Не знам. Но западначката култура има свој уддел. Со сите овие рециклирани рап и хип хоп и поп песни кои се тренд денес едноставно не му се дава шанса на рокот да се изјасни. Да не се разбереме погрешно не им се потсмеваме на другите жанрови или пак ги деградираме, збориме чисто за музиката од 2010-та па навака. Се дава преголем акцент на тематика за пари и жени и клубови. Луѓето се навикнати веќе да слушаат плитки теми. Додека големите телевизии како Mtv и Vh1 и ред други не одлучат дека рокот треба да има поголемо место во музиката, рокот ќе ја нема и моќта да го менува светот.

10.DelcevoGlobalOnline:

Кои се вашите арт идоли во најопширна смисла на зборот уметност и вашите музички икони за кои можете да кажете дека го палат вашето внимание повеќе од сите други?

 

Apotheosis:

Ако зборуваме лично за идолите кои не натераа да фатиме гитара на почетокот, сигурно би рекол Металика, Ајрон Мејден, Блек Сабат. Но, како еволуираше нашиот звук, се сменија и нашите влијаниа и погледни, како и бендовите кон кои се стремиме. Ги следиме бендовите кои припаѓаат на ист жанр како нашиот па може да се каже дека Дарк Транквилити, Ин Флејмс и Инсомниум се главните бендови кои ги следиме и од кои директно и индиректно учиме како да ја подобриме нашата музика.

11.DelcevoGlobalOnline:

Неодамна излезе на виделина пред јавноста вашиот албум “Shadow and Sound” (мк. Сенка и звук). Кажете ни нешто повеќе за самото издание, процес на создавање, снимање, менаџмент, контекстот на инспирацијатана звукот и содржината на текстуалните целини....

03

Apotheosis:

Албумот почнавме да го снимаме август 2014-та година, но поради обврски кон факутлет и работа не го завршивме се до февруари 2015-та. Го снимавме кај еден од гитаристите дома, кај Петар.  Некои песни претрпеа мали промени при процесот на снимање, имаше многу нови идеи кои ги добивавме во текот на снимањето, но се се уклопи некако перфектно во таа некоја замисла која ја имавме за албумот. Во март го однесовме на миксање кај Иван Јамандиловски до македонскиот метал бенд Амброз. Тоа што Иван направи на албумот е неверојатно и сме премногу задоволно од крајниот производ кој излезе. Темите кои се обработуваат во песните се премногу лични. Секоја песна има свој траг во себе од времето кога  е компонирана и доколку ги подредиме песните хронолошки како се компонирани тие претствуваат еден вид на дневник на нашите животи.

12.DelcevoGlobalOnline:

Колку е значајно за самиот креативен процес на едно музичко издание зад вас како бенд да стои веќе афирмирана дискографска куќа? Дали би им дозволиле на продуцентите да влијаат на артизмот за конечниот продукт по цена на поголем успех, во вид на еден албум, сингл или спот?

Apotheosis:

Искрено не би дозволил некој од надвор да се меша во нашиот звук и нашата филозофија. Секако доколку станува збор за искусен продуцент неговите совети би биле добродојдени, но ние како бенд имаме цврста замисла за тоа како треба да звучи наштиот бенд. Веќе имаме план за вториот албум и како тој ќе се надоврзе на Shadow and Sound. Го имаме испланирано звукот, текот на песните и темите на текстовите и не би постоело сценарио каде што би дошол некој продуцент од страна и би му дозволиле да ги измени целите кои ги имаме зацртано.

13.DelcevoGlobalOnline:

Што е она што можеме од вас како бенд да очекуваме во иднина? Каде се гледате себеси после 10 години?

06

Apotheosis:

Тешко е да се каже. Искрено ќе ве излажам ако кажам дека се гледаме како бенд кој прави турнеи низ светот и има своја база на фанови во многу држави. Самото опкружување и ова општество не ни дозволува таков луксуз каде што можеме да оставиме се и да се фокусираме само на бендот. Сите гледаме да завришиме факултет, да најдеме стабилна работа и да си тераме со животот, но доколку хипотетички добиеме прилика да правиме турнеи и да се промовиравме пред светот, сметам дека без размислување ќе се спакуваме и ќе одиме.

14.DelcevoGlobalOnline:

Настапувате во рамки на второто издание на фестивалот “Во Делчево под ѕвездите”, заедно со Дани, Хроматик поинт, Македон... Кои се вашите очекувања од настапот? Што може публиката во центарот на Делчево да очекува од вас?

08

Apotheosis:

Нормално дека ќе дадеме се од себе на настапот, кон тоа се стремиме на секоја свирка/концерт. Од нас може да се очекува остар и жустар звук, кој се надеваме ќе допре и пробие низ чувственото јадро на секој човек таа вечер.

15.DelcevoGlobalOnline:

За крај што ќе им порачате на делчевската и македонската рок публика?

Apotheosis:

Да ја слушаат музиката која најмногу им говори на нив, а сепак да не се ограничуваат ни на музичко поле, ни на ниедно друго поле во животот. Зошто еволуира звукот, еволуираме и ние, како души, односно индивидуализирани свесности, во оваа релност, од која (во моментов) можеме да перципираме само една мала фракција, мал спектар на фрекфенции. Но, ете што СЀ може да се креира дури и со само звучниот спектар кој може да го чуе човечкото уво, и колку тоа, преку слухот, може да допре до човечката душа. Чујте, и слушајте! Слушајте, чувствувајте се живи, креирајте и сакајте!

 


 Прашањата за интервјуто ги подготви:

Реализација: Јуни, 2015, Делчево, Скопје

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови433,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови449,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови552,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови970,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови545,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови636,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови702,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови397,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови197,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови425,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови317,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови438,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови523,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови354,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови346,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови474,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови341,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови383,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1018,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови689,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови677,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови644,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:358Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1223Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1097Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:376Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1407Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:591Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1669Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:380Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1293Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2045Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#