facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

Интервју

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

1 resize

Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови. Истата исчезнала. 

Но, бројот седум повеќе не е божествен. Иако е се уште до извесна мерка магичен број.

D.H.Lorens-"Apocalypse"

13 resize

Нема прашање кое не може да биде одговорено. Колку ли само може да бидеме ограничени? Дали одговорот е вистинскиот, дали прашањето е вистинското...? Нема совршени факти, освен оние кои самите на себеси ке си ги докажеме. Апсолутна вистина или субјективна реалност? За милион години може да настанат толку многу работи кои истовремено може да зафатат огромна материјална содржина. Колку нешта може да бидат создадени само за еден миг? Дали отсустото на тој миг ке создаде сосема нова реалност, помалку голема од онаа претходната? Каде лежи причината за недостиг на совршенството?

....и уште многу повеќе.

....за симбиотското постоење наречено живот и причините да се биде оригинален-единствен...

Почетокот е еден и единствен...Крајот не се знае!

 

41.DelcevoGlobalOnline: Дали мислиш дека времето може да запре и зошто?

-          Доколку часовникот  е оној кој укажува на точно прикажување на текот на времето, во тој случај времето би запрело кога батеријата ќе се потроши. Но, ако зборуваме за времето кое може и не мора да се дефинира како една компактна точка на едно постоење и не постоење, без оглед на тоа дали ќе бидат земени во предвид сите наши знаења за она што според човекот “ прво настанало”, не би се согласила дека ќе запре.

Можеби времето најлесно го преведуваме како една појдовна точка од која започнува еден човечки живот и трае до точката која го означува крајот на истиот, во тој случај станува збор за времетраење на еден живот, кој брои денови, месеци и години, но не ја покажува и големината на самиот поим Време. Ако се означи запирање на времето, во тој случај ќе се дојде до заклучок дека времето е минлива појава, што може да биде само една заблуда на човечкиот ум. 

2.DelcevoGlobalOnline: Колку може да биде неограничен космосот според твои субјективни критериуми на бесконечност?

-          Колку повеќе сум свесна за  субјективноста на моите критериуми на бесконечност, толку повеќе знам до каде тоа може да допре мојот ум, посекако земајќи ги во предвид и моите “ чекори кон бесконечноста”. Се додека мојот ум, и посекако било чиј, се врзува стабилно за одреден столб земајќи го за константен, и се додека промените на истиот не бидат добредојдени или воопшто прифатени, ќе се појавува оној ѕид како препрека меѓу единката и онаа  илузија која на било кој начин дозволува да се разбере бесконечноста. Ако она до кое допрело човештвото е конечното, во тој случај космосот е ограничен. За среќа љубопитноста како трн во душа, се појавила токму можеби поради тоа, да  укаже на бесконечноста која кој-како ја разбира. Космосот е неограничен онолку колку што ние не знаеме.

3.DelcevoGlobalOnline: Дали некогаш со намера да нацрташ совршен круг, во немоќ ти дошло да материјализираш некоја друга геометриска форма?

Тоа најчесто ми се случува, речиси секојпат. Никогаш не бил совршен, со исклучок на моменти кога користам помагала. Меѓутоа, формите кои произлегле од моето неуспешно исцртување на совршен круг, кога како сум ги занемарувала, сум ги бришела и повторно обид... Во одредени ситуации дадени форми биле задржани на парчето хартија и материјализирани, бидејќи претставувале една нова форма која спонтано се создала и рефлектирала одредена уникатност, која се издвојува од веќе познатите форми. Посекако, со задржувањето на таквата форма, самата приказна во композицијата што следува, се менува несомнено, што мене лично ми се допаѓа. 

4.DelcevoGlobalOnline: Флексибилноста на човечкиот ум е релативна работа. Се сметаш ли себеси за флексибилен ум?

Флексибилноста на мојот ум речиси секогаш зависела од дадената ситуација во која сум се наоѓала. Почесто мојот ум е флексибилен, меѓутоа одредени ситуации го бараат од мене спротивното. Токму како што рековте вие, релативата владее со флексибилноста на умот. 

5.DelcevoGlobalOnline: Моментално кој е твојот “центар на гравитација” околу кој се врти твоето вниманеие?

Искрено, моменталниот  “ центар на гравитација “ околу кој се врти моето внимание е пораст на двоцифрената бројка на процентот на опуштеност. Правам се што е во моја моќ со цел да го надминам она ниво кај што на некој начин застанав. Станува збор за занемарување на сопствената потреба од психички одмор и релаксација, што дефинитивно не ми дозволува едно исчекорување напред.

6.DelcevoGlobalOnline: За некои луѓе само еден момент е доволен за да го променат своето мислење. Која твоја карактерна црта не може да ја промени ништо на светот?

Се прашувам која од моите карактерни црти е оформена до степен на стабилна цврстина, за да ништо на светот не може да ја промени. Всушност, честопати сум била во заблуда, сметајќи во дадениот момент дека мојот карактер е цврсто оформен, без да ја земам во предвид мојата возраст. Станува збор за еден пристап кој со секоја нова ситуациja трпи одредени промени, и посекако се гради паралелно со искуствата.

7.DelcevoGlobalOnline: Опстојувајки на планетата земја на човечкиот род му недостигаат повеќе работи од материјална но и од спиритуална природа што можеби постојат надвор од Земјата. Што тебе како пропадник на човечкиот род ти недостига а што го нема на планетата земја (духовно или материјално)?

Сум размислувала за тоа што човекот го прави среќен, дали материјалното му го олеснува животот, или духовното го исполнува? Дали можеби моќта на едното е противречна на другото, или се јавува потреба од баланс?  Кога веќе зборувам за себе, слободно ќе кажам  дека материјалното ме кочи во остварување на одредени цели од минлив карактер, бидејќи води паралела со времетраењето на мојот живот. Станува збор за една компликација која мора  на еден или друг начин да се разреши со цел дофат на посакуваното. Меѓутоа кога станува збор за духовното, морам да го наведам свесниот разум за истото, за чие усовршување не би следела ничии правила, со цел да дознам дали ми недостига. Прашувајќи се самата себе за тоа дали духовниот мир можам да го постигнам овде на Земјата или надвор од неа, всушност заклучувам дека јас како припадник на човечкиот род имам силна потреба од тоа, без разлика на околноста и начинот.

2

8.DelcevoGlobalOnline: Длабоко во универзумот постојат неограничен број на неодговорени одговори кои чекаат да бидат прашани. Кој е одговорот кој ти би сакала да го прашаш?

Прашувам за “ човековото лудило”, и зошто истото не се вреднува како сериозен стадиум, и од каде заклучокот дека еден човек е нормален, а друг не? Дали поврзаноста со универзумот претставува одреден кодекс и  доколку е така, кон што води се ова? Едноставно имам премногу прашања...

9.DelcevoGlobalOnline: Белата светлина претставува совршена комбинација на баланс на бои. Постои ли доволно добра причина да се наруши белилото (совршеноста) на едно бело платно, притоа ризикувајки да се создаде нешто несовршено во таа смисла?

Ако се земе во предвид потребата на поединецот да интерпретира приказна која на еден или друг начин е поразлична, би рекла да. Ризикот да се создаде една несовршеност, може само дополнително да укаже на степенот на нарушувањето на белилото ( совршеноста ), со цел надоградба и негово суштинско разбирање. 

10.DelcevoGlobalOnline: Четката на сликарот може да биде голем непријател на визијата на уметникот која тој намислил да ја наслика. Дали се имаш судрено со таква ситуација и како тогаш го надминуваш овој предизвик?

Да, се имам судрено. Предизвикот го надминувам со многу работа. 

11.DelcevoGlobalOnline: Која е цената на твоето артистичко совршенство? Оскуден минимализам или ренесансен раскош?

Самото мое надоградување со текот на годините, би требало да рефлектира раскош. Сепак цената држи паралелна линија со производот.

12.DelcevoGlobalOnline: Немир или спокојство? Која состојба на душата за тебе е својствена и ти лежи на срце?

Спокојство. Но постојат моменти кога го љубам немирот, од проста причина да се присетам на тоа колку е вкусно спокојството. 

13.DelcevoGlobalOnline: Хаосот изразен преку хаотично движење на зовриеност на материјата во макро и микро космосот раѓа закономерности кои детерминираат една цела нова реалност која претходно не можела да биде сватена во математички рамки на формулираност и свесност од страна на мнозинството човештво. Дали после топлината, студот кој надоаѓа е доволно добра причина за задоволување на човечката немоќ за перцепција на новонастанатата детерминирана реалност?

Да, сепак тоа  подразбира еден сосема нормален циклус на промени, со кои човештвото е неизбежно да се соочи, и сосема нормално и од голема полза е, да бидат осознаени таквите појави, со цел разбирање на својата моќ и немоќ за перцепција на реалноста. 

14.DelcevoGlobalOnline: Кој е најневообичаениот подарок кој си го добила? Обиди се да ја објасниш симболиката и значењето на овој подарок за тебе лично.

Не би можела да издвојам, сите досегашни подароци се сами по себе уникатни и секој од нив носи со себе различна приказна и значење, што не е помалку или повеќе вреднувано од приказната и значењето на друг подарок...

15.DelcevoGlobalOnline: Знам дека сакаш музика која е неконвенционална за мнозинството луѓе во Делчево (а можеби и пошироко). Дали би можела да живееш во такво опкружување цел свој живот? Што би променила за да ја надминеш таквата состојба?

112 resize

 Би можела, посекако израснав во тоа опкружување, и не ми пречи многу. Не би променила ништо, од причина што доволно го почитувам сопствениот избор и изборот на другите. Можеби ми треба поголемо искуство во прилагодување меѓутоа кругот на познаници се состои од поединци кои го разбираат и прифаќаат мојот избор, што поготово ме прави среќна. 

За крај со желба да приредам мало изненадување, за најупорните и верни читатели на нашиот веб портал, на соговорничката во ова интервју сакам да и подарам една илустрација која е подготвена од Миро, а по моја лична идеја.

Со скролот на глувчето, тркалајте се надолу....

Вреди....





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

kirco za_barbara

Прашањата за интервјуто ги подготви Kircho A.

Фотографиите се превземени од приватната архива на Барбара Спасевска. Фотографиите се авторско дело и за нив сите авторски права се задржани од страна на авторот. Не е дозволено превземање на истите и нивно користење без дозвола од самиот автор!.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интервју - Културни работници

Најнови интервјуа

Објавено на 29 Јуни 2015, 17.23 часот.
zvucno-vizuelna-senzacija-od-chromatic-point-vo-delcevo Почитувани гатачи на грав, прераскажувачи и толкувачи на соништа, гледачи на кафе, оговарачи! Време е да ги оставите сиве овие беспредметни работи и да се  позанимавате со нешто далеку по профано и целисходно: Во текстот по чиј наслов и по некоја случајност дојдовте ќе зборуваме со членовите на бендот "Chromatic...
кликови528,рејтинг0
Објавено на 29 Јуни 2015, 14.27 часот.
interview-apotheosis-06-2015 Во петок на второто издание на фестивалот "Во Делчево под ѕвездите", честа да ги бранат боите на цврстиот рок звук им припадна на метал составот "Apotheosis" од Скопје. За оваа петчлена метал фурија може многу што да се напише и каже. Што за постоењето на бендот и техничките аспекти нивната...
кликови530,рејтинг0
Објавено на 04 Септември 2014, 00.00 часот.
intervju-sasha-dimitrijevic-2014  По се изгледа едни од најсмешните шеги во животот се шегите искажани без зборови. Во тој манир е и ова наше интервју со големиот мајстор на карикатурата кој доаѓа од срцето на југот од Србија. Срце поделено на две меѓу Нови Сад и Ниш.... За мотивите на  "Интервју-то без зборови" со Саша...
кликови628,рејтинг0
Објавено на 22 Август 2014, 00.00 часот.
interviuw-keti-radevska-2014Кети Радевска живее во с. Буково, Општина Битола. Родена е на 03.07.1973 година. Со цртање се занимава над 15 години. Првите карикатури ги има објавено во изданието "Остен". Свои карикатури има објавувано и во изданијата "Его", "Вицотека" и други. Има учествувано во голем број на фестивали и конкурси при што...
кликови1059,рејтинг0
Објавено на 21 Август 2014, 00.00 часот.
najava-sasha-dimitrijevic-2014 Помеѓу народот постои стереотип кој говори дека математиката и уметноста многу ретко одат заедно... Но како и со многу други работи во животот, стереотипите постојат за да бидат рушени! Доказ за тоа е човекот за кој ке си дозволиме да го претставиме како еден од врвните мајстори на карикатурата во светски рамки.  По...
кликови582,рејтинг0
Објавено на 19 Август 2014, 16.39 часот.
najava-intervju-keti-radevska-2014 Во следната најава нема да откриеме кој со кого ке се ожени/омажи... Нема да критикуваме влади, партии невладини, медиуми... Едноставно ке понудиме културолошка промена за она за кое мислиме дека треба да се сврти вниманието на љубителите на добриот цртеж... Добрата уметност.... Миле Ѓорѓијоски во својот познат стил и шарм... Поставува...
кликови701,рејтинг0
Објавено на 27 Мај 2014, 19.29 часот.
interview-veselin-zidarov11.Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? -Баба ми (мајка и на жена ми).  2.Може да се живее од карикатура? Зошто? -Роден сум со чуство за хумор. Поради тоа хонорарите ми се смешни 3.Омилена изрека,афоризам,поговорака.- Здравје без хумор – Жива болест 4.Без што не би тргнале на нудистичка плажа?- Не би отишол...
кликови777,рејтинг0
Објавено на 26 Мај 2014, 09.52 часот.
najava-veselin-zidarov  За бекството од политичко силување, за она што му недостига на современиот здрав хумор, за разликата помеѓу политичарите и човекојадците како и многу повеќе... Интервју "На работ..." со Веселин Ѕидаров, еден од најистакнатите бугарски афористичари од светски ков.  Само на нашиот портал во вторник 27.05.2014 година... Очекувајте без предрасуди :) !
кликови439,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 20.26 часот.
najava-interview-krlevski НАскоро на DelcevoGlobalOnline интервју со македонскиот афористичар Атанас Крлевски... Очекувајте и смејте се....
кликови228,рејтинг0
Објавено на 22 Мај 2014, 19.46 часот.
interview-irien-trendafilov1 Како што најавивме претходно во продолжение го пренесуваме интервјуто со бугарскиот карикатурист Ириен Трендафилов од Пловдив. По форма интевјуто е комбинирано: Ред букви ред карикатури...Невообичаено но практично. Уживајте....  1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена карикатура која со задоволство би ја споделиле со нашите читатели? 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од карикатура? Зошто? -Со карикатура може да се живее, но ако ти е ...
кликови457,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 09.29 часот.
interwiev-ekrem-macic 1.Ваш омилен афоризам со кој би сакале да го започнеме ова интервју? -Немам омилен афоризам.Афоризмите се како деца, сите се рамноправни. Но, да се обидам. Босна ми е во срцето, а Херцеговина - на кемен; Морав да штампам дополнителен тираж од книгата. Првиот никој не го примети. 2. Може ли да се...
кликови371,рејтинг0
Објавено на 21 Мај 2014, 08.27 часот.
najava-interview-irien-trendafilov Ириен Трендафилов е бугарски карикатурист роден во 1955 година во Пловдив-Р.Бугарија. Со карикатура се занимава уште од млади години и е еден од најафирмираните бигарски но и светски карикатуристи со особено специфичен израз на структурата и техниката на карикатурите, но и по нивниот специфечен белег на содржината која неговите карикатури ја...
кликови478,рејтинг0
Објавено на 20 Мај 2014, 18.46 часот.
interview-vancho-polazareski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека, афоризам, поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? Сатирата е како игла, боцка ама и шие.  2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од сатира? Зошто? - Е зошто де! 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа? Да, ќе го фатиме... за таквото. 4.DelcevoGlobalOnline: Без што не би тргнале на нудистичка плажа? Без...
кликови576,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 08.00 часот.
interview0risto-filcevski1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју?       -Напишав афоризам против власта. Ми го објавија во судската пресуда. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто?     - За да уживаат другите во бељата што го снашла афористичарот. 3.DelcevoGlobalOnline: Ќе го фатиме ли последниот воз за Европа?     - Ако му...
кликови395,рејтинг0
Објавено на 09 Мај 2014, 06.59 часот.
repete-walex-aleksandrov11.DelcevoGlobalOnline: Оптимален број на јавни куќи по глава на жител?    - Колкав е бројот на жителки ? 2.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли во љубов на прв поглед?    - Да ! – рекол гинекологот. 3.DelcevoGlobalOnline: Што мислите дека сте биле во претходниот живот?    - Не паметам, но се сомневам дека сум бил на ебем си у .... /не...
кликови384,рејтинг0
Објавено на 06 Мај 2014, 18.13 часот.
interview-walex-alexandrov  Почитувани дами и не помалку почитувани г-да. Продолжуваме онаму каде што застанавме. На почетокот... (се смеам). Добро е што смеам... (пак се смеам). по неколку месечна оправдана пауза продолжуваме во уште пожестоко темпо и динамика... Ова што го работиме не е музика но добро легнува на душата... Душичката... Во ек на масовна инстант забава...
кликови513,рејтинг0
Објавено на 02 Мај 2014, 20.12 часот.
najava-interview-walex-02-05-14Почитувани пријатели, љубители на се она што во денешно време се чини толку конвенционално а сепак непознато... Продолжуваме онаму каде што застанавме на почетокот на оваа година. Поради многу малку слободно време да се посветиме на нашата (морам да потенцирам) волонтерска работа во промовирање на вредности кои сметаме дека треба да...
кликови377,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 11.31 часот.
repete-za-vasil-tolevski 1.DelcevoGlobalOnline: Ваша омилена изрека,афоризам,поговорка, со која би сакале да го започнеме ова наше интервју? „Теле вола не рани, тешко кој го нема„. Ама, ние имаме среќа-ги имаме. И благодарение на тоа што ги имаме, се видовме какви мустри од народ сме. 2.DelcevoGlobalOnline: Може да се живее од афоризам? Зошто? Може, ама само на емотивен план....
кликови419,рејтинг0
Објавено на 09 Февруари 2014, 07.59 часот.
aneks-kon-intervju-barbara-2014 Некогаш кога месечината беше силна небесна снага, која владеела над телата на луѓето и поттикнувала движење по патот, неделата била една месечева четвртина. Месечината се уште го оживува протокот по патиштата а ние се уште имаме седум денови во неделата. Грците покрај морето порано имале недела составена од девет денови....
кликови1055,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 16.59 часот.
interview-mile-manchevski-2014-god  Второ интервју за 2014 година... И тоа не со било кого, туку со карикатуристот кој се крие зад кованицата "Милман". Зошто баш со него? Затоа што човекот преку карикатурата навистина има што да каже... И тоа не само да насмее или растажи... Туку навистина преку неговата графичка свест пренесена на хартијата може...
кликови732,рејтинг0
Објавено на 30 Јануари 2014, 00.00 часот.
aneks-kon-intervju-ninus-2014 Поради заинтересираност а и многу недокажани работи од страна на г-динот Нинус Несторовиќ направени во последното наше интервју со него, еве не се враќаме со анекс на интервјуто, по теркот на големите закони и договори.... Ова не е план за заговор...Ова е чисто перцепција на разнобразност! Уживајте!  1.DelcevoGlobalOnline: Верувате ли дека ќе ја победиме...
кликови717,рејтинг0
Објавено на 16 Јануари 2014, 17.55 часот.
interview-damir-novak-2013Како и во 2013 така и во оваа 2014 година по кратка празнична пауза продолжуваме со наши интересни интервјуа со луѓе од повеќе дејности и професии. За прво интервју за оваа година го одбравме интервјуто со карикатуристот Дамир Новак. НАПОМЕНА!!! Некои од карикатурите на авторот се наменети ЕДИНСТВЕНО за возрасни лица, и...
кликови722,рејтинг0

Други интересни статии

Број на посети:495Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1357Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1204Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево....
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:467Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citet-gjorche-petrov-rilski-kongres-1905"Mакедонскиот народ е самостоен народ кој има право на самостоен живот" и затоа "Tреба да се борат за...
Објавено на 10 Ноември 2015, 19.42 часот.
Број на посети:1720Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото....
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:692Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
Број на посети:1985Рејтинг:0Категорија:Институции
gumena-brana-bregalnica Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа...
Објавено на 09 Ноември 2015, 19.29 часот.
Број на посети:605Рејтинг:0Категорија:Македонска бесмртност
citat-jane-sandanski-1Ние треба да го будиме сознанието кај македонските маси дека тие се самостоен народ, дека имаат право на...
Објавено на 24 Октомври 2015, 03.41 часот.
Број на посети:1455Рејтинг:4Категорија:Институции
ulici-zvegorska-reka-najava Утринава на фејсбук страната на Градоначалникот на Општина Делчево беше објавено видео со кое е...
Објавено на 27 Август 2015, 13.32 часот.
Број на посети:2383Рејтинг:5Категорија:Религија
osvetena-crkvata-sv-kliment-ohridski Денеска од страна на Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички Господин Илиарион беше...
Објавено на 18 Јули 2015, 08.44 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#