Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 


-"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево."

Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат филмски маратон на значајни филмови од македонската кинематографија.

 

На репертоарот за проекции се поставени македонските класици: Хај фај, Три ани, Среќна нова 49, Планината на гневот, и Тетовирање.

Филмскиот маратон од 5 филмови се случува после подолга пауза на кино проекции во делчевското кино, која беше реконструирана во изминатата година од страна на Министерството за култура на Р.М.

Повозрасните жители од Делчево и ден денес се сеќаваат на годините кога кино салата во Делчево ги живееше своите златни денови, како единствен медиум преку кој што можеа да се погледаат филмски остварувања од светски најзначајните продукции. Дали и колку барем во мала мера ќе се поврати тој сјај на овој дом на културата во Делчево зависи најмногу од понудата на самата кино програма, но и од потребите и навиките од самите граѓани на Делчево.

Сепак филмот погледнат на големото платно во кино сала е магија која вреди да се практикува што по често, како од културолошки така и од општествено-социолошки аспект на формирање на јавната култура како кај поединци така и кај мнозинството од жителите на нашиот град.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Култура