Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".... и многу други....

Ова се сцени од последната трета по ред самостојна изложба на младиот и талентиран уметник Алесандар Белогаски.

  

Ова е приказна која останала за навек втемелена во генетскиот код на суровото постоење на Македонскиот народ...

"Македонски геноцид" е името на ова потресно сведоштво за постоењето на македонската непобитност која во себе содржи страдања, лелек и плач... Бескрајна тага и бол....

Она што некогаш било сегашност, денес (понеделник 15.06.2015 година) со почеток во 20.00 часот во фоајето на Спомен домот Асном, барем во мал дел можеше да биде визуелизирано од страна на публиката-љубител на ликовното изразување.

Слика по слика, верига на суровите ѕидови во провевното фоаје на Спомен домот АСНОМ во Делчево.

Ова е настан за кој во иднина треба да се пишуваат уметнички критики... Не од делчевската јавност, туку од македонската.

 

За вакви и слични настани вреди да се пишуваат стории...

Уметноста од ваков калибар заслужува да биде глорифицирана.

Изложбата беше отворена со читање на поезија, по што од страна на директорот на НУЦК "Н.Ј. Вапцаров", г-динот Љупчо Петровски беше даден краток биографски осврт за авторот Белогаски.

 

Александар Белогаски со својата графичка нарација гордо и сигурно чекори кон врвовите по кои некогаш одел неговиот предок акварелистот Љубомир Белогаски.

Ликовните дела закачени на ѕидот кои љубоморно ги впиваа погледите на посетителите зрачат со својот сензибилитет, со својата тешка и мачна содржина. Но од друга страна претставуваат своевидно богатство во уметничката историографија на нашата земја...

 

Земја која е родена од крвта на сопствениот народ. За навек да опстојува и постои, токму преку уметноста, спортот, науката и самопочитта...

Изложбата "Македонски геноцид" од Александар Белогаски е во организација на НУЦК "Н.Ј. Вапцаров" од Делчево. Истата може да биде посетена од страна на заинтересираните граѓани во наредната недела, по што изложбата ќе биде понудена за претставување на повеќе други општини од овој регион на државата.

 

Повеќе од творештвото на Александар Белогаски можете да проследите во нашата галерија, која е плод на долгогодишната наша соработка со младиот и особено талентиран уметник од истокот на Република Македонија.

P.S. Овој текст е напишан по неколкугодишна апстиненција на авторот.

P.P.S. Никогаш не знаете што може иднината да донесе. Но за овој настан вреди секој искажан збор да биде изнесен на виделина!

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Култура