facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Ако убавината се мери со воздишките, извиците на воодушевување и громогласноста на аплаузот тогаш во Делчево го имаме едно од најубавите и најдрагоцени богатства што некогаш постоеле на овие простори во национални рамки. Ако вистината се мери со вчудоневиденоста во погледот на публиката, тогаш во Делчево ја имаме најспектакуларната манифестација на човечко постоење и опстојување низ временските епохи од историјата на светската цивилизиација.

  

Во петок салата на Македонскиот народен театар во центарот на Скопје беше домаќин на 7 нематеријални културни наследства на човештвото од регионот на Југоисточна Европа од МАкедонија, Албанија, Романија, Турција, Бугарија и Хрватска. Од сите овие Копачката ја крена публиката на нозе, зататне салата од извиците на воодушевување помеѓу присутните, аплаузот немаше крај....А за крај, во чест на радоста и гордоста што беше видлива во очите на сите присутни во тој момент во салата на МНТ, драмечките горостаси по втор пат ја занишаа забревтаната фурија наречена Копачка од село Драмче. Појасите повторно се затегнаа, се исправија старечките погледи кон далечината, зататнеа тапаните во ритамот на  срцето и душата на пијанечкото постоење од дамнина. Сцената која ни одблизу не можеше да го собере редот на Копачката, се тресеше под налетот на лесните чекори на играорците, кои одвај ја допираа земјата. А таа сепак се тресеше...Се тресеше под силината на времето кое натежнало под чекорите на сите досегашни генерации на предци на овој бисер на пијанечкиот фолклор. Тоа беше духот на Пијанец, олицетворен во снагата на грамадниот приказ на десетмината кои чекореа на сцената како цело Драмче и цел пијанец да настапува во тие моменти пред публиката.

Грмежот на тапаните беше заменет со пискотот на ќеменето...Милозвучна хармонија на човечко несовршенство и состојба на душата. Нема мир пијанечката душа на оваа атмосфера...Се занишува женската Копачка, редот на мајките на нашиот народ, од срцето на Голак и Влаина. Љубовта кон сопствениот народ е неизмерна...Убавината има нов лик, прецртан од ликот на пијанечката жена. Оваа симбиоза на духот и телото егзистира само во легенди...

А легендата докажа дека живее и понатаму...

Името на овој сублимат на жива егзистенција што на своите плеќи го носи товарот на сопственото време и времето на сопствените предци не може да се преведе на друг јазик...Затоа што нема поим во светската цивилизација што соодветствува со она што ги тресеше ѕидовите на стариот МНТ. Единственоста, посебноста и уникатноста, заедно со автентичноста, посветеноста и жилавоста се одлика на овој народ, кој има свој иденттет и постоење.

Тоа за вечност нема да биде променето...Се додека татни екот на Копачката, ќе чука и срцето на нашиот народ. До крај на вечноста и назад.

К о п а ч к а та од село Драмче, Општина Делчево, Република Македонија е име кое е на пат да биде длабоко врежано во страниците на светската цивилизација, како нематеријално културно наследство на човештвото.


Овој процес е инициран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, во соработка со Општина Делчево. Самиот процес е воден од луѓе поединци од Делчево кои врз основа на сопствениот волонтерски порив за афирмација на сопствениот град, село, држава и народ, веќе 4-та година непрекинато и со целосна посветеност се вложуваат себеси во оваа епохална приказна, која ке остави свој аманет за генерациите што доаѓаат, за постигање на уште поголеми успеси на овој наш простор на живеење.

Додека дојде тоа време, приказната продолжува да се раскажува....

brosura kopacka_mnt_3_resize brosura kopacka_mnt_1_resize brosura kopacka_mnt_2_resize

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Култура

Последни актуелни вести

Број на посети:409Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата "Шуми" по текст на рускиот писател Александар Николаевиќ Островски, во режија на Драгана Таневска.   Оваа...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1281Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа денот на светото Богојавление-Водици. Граѓаните во Делчево масовно уште во раните утрински часови ги посетуваа црквите во...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1149Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево. Традиционално како и секоја година, и оваа 2016 година Светиот крст ќе се фрла во водите на река Брегалница од мостот во...
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:1625Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото. Љубопитни, стрпливи и длабоки погледи на сите страни, делење на мислења, сугестии, по некоја расправија, дофрлање на...
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:646Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево." Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.

Поврзани статии

Број на посети:1091Рејтинг:5Категорија:Култура
makedonski-genocid-vo-delcevo Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".......
Објавено на 15 Јуни 2015, 19.18 часот.
Број на посети:1109Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-n-j-vapcarov-24-ti-maj-2014 По повод одбележувањето на 24-ти Мај-Денот на Св.Кирил и Методиј на централниот настан за прославување...
Објавено на 24 Мај 2014, 22.13 часот.
Број на посети:575Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica-1 Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во Културно информативниот центар "Романса"...
Објавено на 25 Ноември 2013, 19.14 часот.
Број на посети:482Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во просториите на културниот дом во...
Објавено на 25 Ноември 2013, 11.45 часот.
Број на посети:874Рејтинг:0Категорија:Култура
promocija-na-tvoreshtvoto-na-stojan-tarapuza Во понеделник 11.11.2013 година во Домот на Културата во Кочани се одржа промоција на трите тома...
Објавено на 12 Ноември 2013, 18.41 часот.
Број на посети:721Рејтинг:0Категорија:Култура
izlozba-karikaturi-kocani-2013  Започнувајки од 11.11.2013 година репрезентативна листа од 40 карикатури кои беа во конкуренција...
Објавено на 12 Ноември 2013, 06.57 часот.
Број на посети:1774Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-kopacka-mnt-skopje-video Забележетe како со грмнувањето на тапаните публиката се раздвижува нанапред кон сцената...Се палат...
Објавено на 30 Октомври 2013, 06.27 часот.
Број на посети:1711Рејтинг:0Категорија:Култура
nastap-kopacka-mnt-skopje Во организација на ИЦТМ Национален комитет на Република Македонија со подршка на Министерството за...
Објавено на 24 Октомври 2013, 06.38 часот.
Број на посети:527Рејтинг:0Категорија:Култура
thepianoguys  КУНГ ФУ ! Име на боречка вештина ставена во име на песна. Зошто? Епа погледајте го следното...
Објавено на 20 Октомври 2013, 08.01 часот.
Број на посети:962Рејтинг:3Категорија:Култура
pijanecko-maleshevska-svadba Ех, свадба, свадба....И тоа не било каква... ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА... А свадбарите....Свадбарски...
Објавено на 31 Август 2013, 19.03 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#