facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

Жителите на село Ѕвегор (центарот на Македонија, како што повеќемина од нив го нарекуваат), се редок пример за меѓусебна слотеност, единство и посветеност на сопствените верувања,  идеи и залагања, секогаш кога станува збор за круцијални прашања од заедничко значење за селото.

 2-ри Август-Илинден секоја година претставува круна на таквите залагања и идеи, од аспект што на овој ден посветен на еден од најзначајните датуми во националната македонска историја, секој ѕвегорец (веруваме и сите делчевци) се максимално посветени и фокусирани на што подостојно и поубедливо одбележување на празникот на Свети Илија-заштитникот на селото.

Надалеку е позната максимата "За Илинден секој ѕвегорец во Ѕвегор"....

 

И оваа година верни на традицијата со поколенија наназад селото Ѕвегор празнуваше...Празнуваше во чест на својот светец, во чест на Илинден 1903-та, го славеше АСНОМ 1944-та.... Празнуваа ѕвегорци во чест на своите ближни кои од целиот свет за овој ден се слеаа ко река во родното парче земја, покрај огништето во кое се родени и каде пораснале....Празнуваа ѕвегорци во чест на своите баби и дедовци, во чест на сопствените претци, но, празнуваа и во чест на џагорот на младите генерации кои се уште го хранат живото ткиво на оваа прекрасно пијанечко село.

Во предвечерието на празникот уште синоќа (четврток 01.08.2013 год.) од страна на најмладите во селото беше поставено 35-метарското знаме со сонцето од Вергина....Симболиката беше јасна....Се знае кој е кој, на ова парче земја наречено Балкан...

Утрото започна со видната раздвиженост и ангажираност буквално по секој двор, во секое домаќинство. Се правеа последните подготовки за преќек на големиот број на гости кои ги посетија своите пријатели во селото. а токму пријателството, дружбата, меѓусебниот престиж и спортска борба беа повод, како и секоја година со генерации наназад, за организирање на беспрекорно организираниот турнир во мал фудбал на игралиштето над селото. Иако температурата беше околу 40-тиот степен на асфалтното игралиште, сепак на теренот се биеше бескомпромисна битка за престиж и освојување на пехарот на турнирот, кој што важи за еден од најпосакуваните трофеи од ваков вид во целиот источен регион. Дури четиринаесет екипи од цел пијанец се надигруваа под двете сонца кои беа присутни на теренот...Сонцето на небото и сонцето во срцата на Ѕвегорци.... Турнирот заврши со тесна победа и триумф на екипата од село Габрово на која и припадна пехарот на турнирот. Второто место заслужено беше доделено на една од екипите од Делчево. Третото место го поделија екипите на домаќинот Ѕвегор и екипата од село Стамер. Овој турнир е жив пример дека во овој регион има огромен фудбалски потенцијал, меѓутоа и спортски дух проткаен со дружење и гостоњубивост. Неизбежната скара на отворено беше само еден мал интересен додаток кој го зачади воздухот со "празнично расположение".

 

Големиот селски собир во амбиентот на манастирот Свети Илија е наделеку познат по своето значење и забележителност. Целиот манастир со сите негови пропратни елементи е изграден од самите жители на селото кои што грижливо и трпеливо секоја година воведуваат по некоја новина како содржина во манастирскиот двор често подржувани во своите напори на облагородување на овој простор со средства од Буџетот на Општина Делчево и ЈПКД Брегалница од Делчево.. Овде се почитува вербата во Господ, во симбиоза и меѓусебна поврзаност со природата која ја истурила целата своја раскош на прегратките на планината Влаина во чие подножје се наоѓа манастирот. Над манастирот будно стои втренчен надалеку познатиот Илин камен-геоморфолошка целина за која се поврзани голем број на легенди и преданија.

 


Оваа година како и повеќе години наназад, присутна беше богата културно-уметничка програма во организација на НУЦК Никола Јонков Вапцаров.

За вечерните часови во центарот на селото е закажана луда и незаборавна младинска забава на која се поканети сите: од 3 до 73 па и нагоре.... :).

Ѕвегор од секогаш бил центар и средиште на многу карактерни особини по кои се карактеризира македонецот....Тука традицијата царува, вербата во Бога е неизмерна, меѓусебната почит и толеранција се секогаш загарантирани, тврдоглавоста и упорноста за истрајност во сопствените напори и цели се бесконечни.

За век и веков...Во слава на народот....Во слава на македонштината...

До наредната година....

ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН!!!

 

Целата фото галерија можете да ја прегледате на сл. линк тука.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Култура

Последни актуелни вести

Број на посети:387Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата "Шуми" по текст на рускиот писател Александар Николаевиќ Островски, во режија на Драгана Таневска.   Оваа...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1251Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа денот на светото Богојавление-Водици. Граѓаните во Делчево масовно уште во раните утрински часови ги посетуваа црквите во...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1122Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево. Традиционално како и секоја година, и оваа 2016 година Светиот крст ќе се фрла во водите на река Брегалница од мостот во...
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:1558Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото. Љубопитни, стрпливи и длабоки погледи на сите страни, делење на мислења, сугестии, по некоја расправија, дофрлање на...
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:621Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево." Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.

Поврзани статии

Број на посети:1063Рејтинг:5Категорија:Култура
makedonski-genocid-vo-delcevo Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".......
Објавено на 15 Јуни 2015, 19.18 часот.
Број на посети:1196Рејтинг:0Категорија:Институции
praznuvanje-ilinden-2014 Како што доликува на големиот национален празник "2-ри Август"-денот на кревањето на Илинденското...
Објавено на 02 Август 2014, 18.13 часот.
Број на посети:1100Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-n-j-vapcarov-24-ti-maj-2014 По повод одбележувањето на 24-ти Мај-Денот на Св.Кирил и Методиј на централниот настан за прославување...
Објавено на 24 Мај 2014, 22.13 часот.
Број на посети:1654Рејтинг:3Категорија:Институции
zvegor-privrsuva-izgradbata-na-ulica Привршуваат градежните работи за изградба на најголемата локална улица воопшто изградена во последните...
Објавено на 05 Март 2014, 06.40 часот.
Број на посети:1094Рејтинг:0Категорија:Институции
opshtina-delcevo-zapocna-so-gradezna-sezona Со започнување на изградбата на три улици во село Ѕвегор, во Делчево рано започна градежната сезона за...
Објавено на 22 Јануари 2014, 14.20 часот.
Број на посети:570Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica-1 Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во Културно информативниот центар "Романса"...
Објавено на 25 Ноември 2013, 19.14 часот.
Број на посети:476Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во просториите на културниот дом во...
Објавено на 25 Ноември 2013, 11.45 часот.
Број на посети:867Рејтинг:0Категорија:Култура
promocija-na-tvoreshtvoto-na-stojan-tarapuza Во понеделник 11.11.2013 година во Домот на Културата во Кочани се одржа промоција на трите тома...
Објавено на 12 Ноември 2013, 18.41 часот.
Број на посети:715Рејтинг:0Категорија:Култура
izlozba-karikaturi-kocani-2013  Започнувајки од 11.11.2013 година репрезентативна листа од 40 карикатури кои беа во конкуренција...
Објавено на 12 Ноември 2013, 06.57 часот.
Број на посети:1762Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-kopacka-mnt-skopje-video Забележетe како со грмнувањето на тапаните публиката се раздвижува нанапред кон сцената...Се палат...
Објавено на 30 Октомври 2013, 06.27 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Јавен повик за крајни корисници за активноста “Грижа за стари лица, дел од програмата ОКР 2017“

[2/10] Јавен оглас до евидентирани невработени лице завклучување во Програмата Општинско - корисна работа 2017/2018

[3/10] Започната изградба на атмосферска канализација на крак од ул. Македонска во населбата Милково Брдо

[4/10] Програма за манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2017"

[5/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[6/10] Започна реконструкцијата на улицата Питу Гули во населбата Милково Брдо

[7/10] Завршна вечер од меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[8/10] Прва вечер на меѓународниот фолклорен фестивал "Голачки фолклорни средби 2017"

[9/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#