Во петок и сабота 26-ти и 27-ми овој месец Општина Делчево по втор пат ќе биде организатор на манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2014”. Централниот настан на манифестацијата ќе се одржи во градскиот парк во центарот на Делчево пред Спомен домот АСНОМ со почеток во 10.00 часот.
Настанот е конципиран како промотивен за повеќе видови на производи од слива која во голем дел се произведува на ова поднебје на регионот на Пијанец и Делчево. Големиот број на површини на насади од сина слива кои доминираат во земјоделието во делчевско се една од главните карактеристики по кои се карактеризира ова подрачје од државата. Голем е уделот на остварување на финансиски приходи како за приватните стопанственици кои работат со произвотство и трговија со сина слива. Слична е ситуацијата и со повеќе индивидуални производители кои имаат приходи во семејството по овој основ. Оваа практика и тренд на раст на земјоделските површини покриени со насади на слива се интензивираше во последните неколку години, со оглед на интензивното државно субвенционирање на оваа стопанска гранка.
Организацијата на манифестацијата “Пијанечки денови на сливата ” од страна на Општина Делчево е од особено значење бидејки придонесува кон зголемувањето на препознатливоста на големата лепеза на производи базирани токму на сливата како основна суровина.
Во саботата на 27-ми септември на платото пред летната сцена во паркот во Делчево ќе се препекува слива од поднебјето на регионот на Пијанец, ќе се подготвуваат мармалад, различни џемови, компот, ќе се промовираат и дегустираат различни традиционални и современи специјалитети од домашни пецива и слатки итн. И сето тоа ќе биде придружено со убава традиционална музика, пропратено со традиционални обичаи и кажувања, со дефиле на традиционални носии и многу други изненадувања.
Оваа манифестација се организира по вторпат од страна на Општина Делчево, со тенденција истата да прерасне во традиционална, во наредниот период.
Фотографиите во оваа статија се превземени од минатогодишниот настан. Целокупната галерија од настанот е достапна во нашата онлајн галерија тука или на нашата фејсбук страница тука.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |