facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

 

Критичка паралела за опстојување на ограничено македонско секојдневие  во границите на ова парче небо наречено "Делчево" со сиот свој сјај и темнина, со театарската претстава "Самоубиство на осаманоста" прикажана во кино салата во Делчево.

 Еден по малку носталгичен куриозитет: Поради реконструкција на постојниот објект на кино салата во Делчево која се очекува да започне наскоро, ова беше последен културен настан кој можеше да се види на оваа сцена на која својот бележит здив и допир го оставиле голем број на културни и општествени дејци во минатото како од домашната популација, така и од странство.

За тоа овој спомен на проследување на оваа претстава ќе има посебно значење во животот на оние што беа.... Вклучително и авторот на овој текст...

Ако, само за убаво и арно да биде!

Делчево во изминатите неколку месеци беше заточение на повеќе културни настани кои навидум се случија под исклучени рефлектори и одминати од мноштвото наречено "Делчевски естаблишмент".

За тоа дали има и во колкава мера опстојува вистински критичен цензус помеѓу граѓаните на Делчево, за квалитетни културни настани во делчевското секојдневие, може да се дискутира надалеку и на широко....

Делчево како општина во "далечниот" исток од Република Македонија, поблиску до Бугарија отколку до Скопје си има свои времиња и херои. Но исто така има и свои анти-херои и време на постоење опкружено со магла на заблуда и непознаница на состојбите.

sken za_pretstava_resize

Она што сигурно опстојува во овој град е навидум ступидната тврдоглавост како појава која многу погрешно е разбрана од многу поединци кои се погласно во јавноста собираат снага за да изнесат свое мислење во врска со истата. Најповеќе оваа состојба е изразена кај оние делчевци кои се локал патриоти од дистанца со уреди за далечинско "управување" и единствено преку својата интернет конекција. За волја на вистината оваа "локал-патриотштина" доаѓа до својот климакс за голема група на делчевчани за период од околу 2 недели годишно во првата половина од месец август, секоја година (а во последно време и преку две години), како и за една уште една поголема група на т.н. викенд локал-патриоти понесени од убавините на белиот свет (читај студенски градови: Скопје, Штип, Охрид, Благоевград, Пловдив, Варна, Стара Загора итн.), кои доаѓаат за "заперат" што има да се испере, да спакуваат што има да се спакува и да заминат во своето замислено "El-dorado" на лажна опијатска состојба која кога-тогаш ќе им се сруши врз главите.

Секако ова е само еден сегмент на оваа сурова состојба која речисис сите се прават дака не ја забележуваат, а живеат низ истата. Овде вклучително и на оние делчевчани кои постојано живеат во Делчево и овие погоре наброените. Некој ќе каже дека такви се условите, таков е системот, такви се состојбите.... И многу голем дел од нив ќе кажат: Државата и институциите се виновни за се! И пак продолжуваат да живеат во ваквата состојба на меѓупростор на умот, транзиција на сопствениот живот, која никако да прерасне во сегашност способна за промена на секојдневните навики и сваќања.

 

Претставата прикажана во Делчево, облагородена со насловот на овој текст е вистинска можност за креирање на сегменти за споредба каде тоа ние се наоѓаме во виорот на сопствениот индивидуализам во заедништво на меѓусебни односи на сите нас заедно.

"Самоубиство на осаменоста"-како драмска симболика на подвоеноста меѓу човекот еден од друг, и уште повеќе во меѓу-полната сегрегација на живеење едни покрај други на мажот и жената... Жената со своите женски благодети на перцепција и насоки за дејствување и формирање на сопствената иднина и мажот кој од своја позиција се надвиснува над сопствената но уште повеќе над заедничката иднина. Со дејствие на претставата кое се случува некаде во облаците на врвот на неидентификуван облакодер, со погледи свртени кон дното, овој микрокосмос на формирање претставува загадочен формат и подлога за пласирање на општата актуелна состојба на нашето реално секојдневие кое го живееме.

Театар во вистинска смисла на зборот-олицетворение на состојбата на општеството кое го раѓа актерот, во пелени исткаени од завеси и лулка искована од даски.... Токму поради овие прашливи стари елементи содржани во старата кино зграда носталгијата е уште поголема пред фактот за реконструкција на истата.

Секако во претставата е присутна повеќеслојноста на опфат на таргетираниот делокруг на популација.... Низ анималистичкиот пристап кој провејува низ драматуршката целина на претставата аспектите и пораките за апсурдноста на подвоеноста и животот на еден покрај друг е опфатена мистеријата на одминување на голем дел на објективната стварност која се случува во моментот на секој здив, на секој поглед и гестикулација, на секоја новородена љубовна приказна, на секој момент поминат заедно, кој останува закачен на ѕидот на спомените кои остануваат да живеат независно какви биле. 

Публика како релативно мала бројка, која упорно опстојува на својата тврдоглавост за време на ваквите настани не е чудно што ја нема... Чудна е индиферентноста на луѓето кон сите други настани и збидниувања, не само во Делчево...

Дали сме сведоци на време на глобално затапување, пад на културолошки вредности, неподготвеност за уживање на благодетите кои животот ги пружа во сиот свој интензитет и конформизам?

Дали тоа некој смислено и под превез на технолошки мрак го прави организирано и со своја цел и агенда? Сетете се кога претходно на толку многу луѓе и поединци нечија направа во форма на "технолошка придобивка" ги има ставено под контрола голем број на активности на истите тие поединци...

Не станува збор за македонски начин на живот.... Станува збор за инструиран начин на живот кој е нај изразен и присутен во најнеразвиените подрачја од светстата гео-мапа.

Знаењето е сервирано... Изборот на фонтот е индивидуален за секој од нас....

Одберете го најдоброто!

P.S. Радува сликата на исполнетост на првиот ред во кино салата со дечиња на возраст од најмала возраст, кои најверојатно на свој детски начин ја перцепираа оваа претстава, и кој нема ама баш никаква врска со начинот на перцепција на возрасните.... Иднината ќе покаже чиј начин на перцепција е подобар.... Секако во ситуација на постоење на сведоштва за сегашниот-тогаш минат начин на перцепција=живот.

Автор на текстот:

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Култура

Други интересни статии

Поврзани статии

Број на посети:933Рејтинг:5Категорија:Култура
makedonski-genocid-vo-delcevo Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".......
Објавено на 15 Јуни 2015, 19.18 часот.
Број на посети:1079Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-n-j-vapcarov-24-ti-maj-2014 По повод одбележувањето на 24-ти Мај-Денот на Св.Кирил и Методиј на централниот настан за прославување...
Објавено на 24 Мај 2014, 22.13 часот.
Број на посети:566Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica-1 Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во Културно информативниот центар "Романса"...
Објавено на 25 Ноември 2013, 19.14 часот.
Број на посети:472Рејтинг:0Категорија:Институции
izlozba-karikatura-kamenica Во понеделник 25.11.2013 година со почеток во 18.00 часот во просториите на културниот дом во...
Објавено на 25 Ноември 2013, 11.45 часот.
Број на посети:860Рејтинг:0Категорија:Култура
promocija-na-tvoreshtvoto-na-stojan-tarapuza Во понеделник 11.11.2013 година во Домот на Културата во Кочани се одржа промоција на трите тома...
Објавено на 12 Ноември 2013, 18.41 часот.
Број на посети:707Рејтинг:0Категорија:Култура
izlozba-karikaturi-kocani-2013  Започнувајки од 11.11.2013 година репрезентативна листа од 40 карикатури кои беа во конкуренција...
Објавено на 12 Ноември 2013, 06.57 часот.
Број на посети:1747Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-kopacka-mnt-skopje-video Забележетe како со грмнувањето на тапаните публиката се раздвижува нанапред кон сцената...Се палат...
Објавено на 30 Октомври 2013, 06.27 часот.
Број на посети:860Рејтинг:0Категорија:Култура
kopackata-vo-mnt-2013 Ако убавината се мери со воздишките, извиците на воодушевување и громогласноста на аплаузот тогаш во...
Објавено на 27 Октомври 2013, 09.38 часот.
Број на посети:498Рејтинг:0Категорија:Култура
thepianoguys  КУНГ ФУ ! Име на боречка вештина ставена во име на песна. Зошто? Епа погледајте го следното...
Објавено на 20 Октомври 2013, 08.01 часот.
Број на посети:933Рејтинг:3Категорија:Култура
pijanecko-maleshevska-svadba Ех, свадба, свадба....И тоа не било каква... ПИЈАНЕЧКО-МАЛЕШЕВСКА СВАДБА... А свадбарите....Свадбарски...
Објавено на 31 Август 2013, 19.03 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#