do zora_2014_1 

Четврти пат по ред во сабота на 2-ри Август 2014 година во селото Стар Истевник, ке се одржи транс фестивалот на електронска музика: "△O - ZORA 2014". 

Минатата година ова време известувавме за овој фестивал тогаш наречен "O-Zora vol 3"... Тогаш на организаторите им препорачавме повеќе работи....

 Се чини дека оваа година голем дел од препораките се прифатени, притоа подновени со нови идеи и концепција....

Според најавите на организаторите фестивалот кој оваа година има сликовито име "△O - Зора 2014" ке биде вистинска сензација и звучно/визуелно доживување кое ке остане запаметено во историјата на Делчево и цел регион воопшто, како првенец кој во иднина ветува брз раст.

Најавено е ефективно озвучување од околу 12 GW со флуоресцентен декор и сценографија која обеќа многу, со што ќе го вброи фестивалов во настани кои мора да бидат посетени.

do zora_2014_2

За максимално доживување на присутната публика,  на фестивалот ке настапат повеќе признати Ди-џеи:

DJ Djantrix

Agarta

Electronicmau5

Fractal Dimension 

Alnilam

Ram Ham

Vonuan ikog

Stefanstral Goatron

Секако природниот амбиент на делчевското село Стар Истевник, отвореното ѕвездено небо и звежиот воздух се предизвик сами за себе.

За потребите на фестивалот исто така за публиката ќе бидат испечатени маички со логото на фестивалот кои ке можат да се набават на лице место по промотивни цени за сите заинтересирани.

За повеќе информации може да го следите официјалниот настан креиран од организаторите на фејсбук за фестивалот.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Култура