facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Кулинарски рецепти

Рецептите на домаќинствата од Пијанец, заедно со рецептите на Баба, Дедо, Мама, Тато и и чика Перо. Кој Перо?.... Перо-плескавицата

Потребно: 400 гр. макарони, 200 гр. пире од домати, сол, црн пипер,, мајчина душица, две чешниња лук, 20 филети солена риба од конзерва, 4 свежи домати, 150 гр. сирење, 2 лажици масло, 2 лажици копар и 3 лажици рендан кашкавал

Сварете ги макароните. Измешајте го пирето од домати со маслото и мајчината душица. Излупете го, исечкајте го и изгмечете го лукот и измешајте го со доматите. Сето ова посолете го и додајте црн пипер. Со овој сос зачинете ги сварените и исцедени макарони и сипете ги во тава. Сирењето исечете го на парчиња и наредете ги над макароните. Измиените домати, исто така, исечете ги тенко правилно распоредете ги над сирењето. Добро измиените филети од солената конзервирана риба наредете ги накосо во вид на решетки (види фотос). Потоа ситно исечкајте го копарот и посипете ги доматите. На крај врз сето тоа изрендајте го кашкавалот и потпечете го во добро загреана рерна.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 1,5 кг. пилешко месо (три грба и два пилешки копана), две тегли со сечкани печурки, една главица кромид, 1/2 кг. рендан кашкавал ајдамер, две павлаки, масло, брашно, млеко, сол, вегета и магдонос

Најпрвин се вари пилешкото месо, се чисти од коските и се сече на поголеми парчиња. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува во загреано масло заедно со печурките. Во земјена тава најпрвин се реди пилешкото месо, потоа печурките, малку вегета и магдонос. Врз сето тоа се ренда кашкавал и се премачкува со павлака. Уште еднаш се повторува редењето. Потоа на масло се пропржуваат две лажици брашно и се додава 2,5 дц. млеко. Оваа смеса се истура преку целата тава. Последниот слој се реди со преостанатото месо. Се пече околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се извади тавата од рерна, треба да подистине и се премачкува со остатокот од павлаката.

Се служи со гарнир од компири и со сезонска салата.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 4 големи компири од по 200 гр., 25 гр. путер, 1-2 лажици млеко, сол и црн пипер; за украсување малку сечкан магдонос;

фил од сирење и кромид: 25 гр. путер, два страка млад кромид и 50 гр. рендано тврдо сирење, сол и црн пипер;

фил од сланина и печурки: 25 гр. путер, 4 парчиња чадена сланина, 50 гр. сечкани печурки, 2 домата на парчиња и 2 изматени јајца

Рерната се загрева на 200 степени. Избодете ги компирите и ставете ги во рерна за да омекнат. Потоа се сечат на половина и им се вади средината, која се гмечи и се меша со путерот и млекото, се посолува и се става црниот пипер.

За фил од сирење и кромид: кромидот се пропржува на путер, потоа се меша со средината од компирот и се додава половината од сирењето. Со филот се полнат половинките од компирите, се ренда сирењето и се печат.

За фил од сланина и печурки: на растопениот путер се пржи сланината и печурките 5 минути. Во компирите ставете ја згмечената средина од компирот, потоа ставете од пржената сланина и печурки, резанка домат. Преостанатата средина од компирите ставете ја во готварски шприц и украсете ги рабовите на компирите. Исполнете ги местата со преостанатата мешавина од сланина и печурки, а на крајот се преливаат со изматените јајца. Се запекуваат во топла рерна.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 8 бабури по можност со еднаква големина, 1/2 кг. мелено месо, еден филџан ориз, две главици кромид, два домати, магдонос, сол, зачин, црн пипер.

Бабурите се мијат и се засекуваат кај петелката. Кромидот се сечка и се запржува на масло, се додава меленото месо, сецканите домати, сол, зачин и црн пипер и откако убаво ќе се испржи се додава оризот и ситно сечканиот магдонос. Со оваа смеса се полнат бабурите и се редат во земјана тава. Тавата се прелева со зовриена вода во која што е измешана една лажица пире од домати во висина на полнетите бабури. Се пече во загреана рерна околу 40 минути.

Се сервираат топли, а како додаток може да има кисело млеко или кисела павлака.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: едно пиле од околу 1,5 кг., една лажичка путер, една лажица масло, две чешниња исчистен лук, десет гранчиња мајчина душица, 1,5 дл. пилешка супа, три лажици слатка павлака, сол и црн пипер

Загрејте ја рерната на 220 степени целзиусови. На загреаниот путер и масло пропржете го пилето на силен оган вртејќи го на сите страни, додека не добие златно-жолта боја. Потоа пилето ставете го во овален сад со средна големина, а сосот од пржењето процедете го. Пилето посолете го и ставете му црн пипер, под копаните ставете ги чешнињата лук и четири-пет гранчиња рузмарин и мајчина душица. Прелијте го пилето со 1/3 од супата и печете го 45 минути во покриен сад. Симнете го капакот и продолжете да го печете на силен оган уште 15 минути.

Извадете го пилето од рерна, ставете го на загреана чинија и вратете го во исклучената рерна додека го подготвувате сосот. Процедете го сосот од печењето, долијте ја преостанатата супа и оставете да зоврие. Мешајќи варете додека сосот не се преполови, малку да истине и додајте ја слатката павлака.

Украсете го пилето со преостанатите гранчиња рузмарин и мајчина душица, а сосот послужете го во посебен сад. Се служи со печен компир.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Повеќе Артикли...

Страница 1 од 4

Почеток
Пред
1

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Апел до сите правни и физички лица на територијата на општина Делчево

[2/10] Известување до жителите на Општина Делчево

[3/10] Работна средба на градоначалникот со Текстилниот кластер и текстилните компании од Делчево

[4/10] Градоначалникот Горан Трајковски определи термнини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните

[5/10] Градоначалникот Трајковски приреди свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево

[6/10] Одржана втората седница на Советот на Општина Делчево

[7/10] Градоначалникот Трајковски приредува свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево

[8/10] Иницијатива за Заедница на погранични македонски и бугарски општини

[9/10] РЕШЕНИЕ за свикување на Втората редовна седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] Реконструкција со доградба на ул. Светозар Марковиќ

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#