facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Корисно

Потребно: 1,2 кг. компир, 100 гр. путер, 100 гр. шунка, сол и црн пипер

            Излупете го компирот и исечете го на тенки тркалца. Со путер добро намачкајте ја тавата, наредете ги тркалцата компири на дното од тавата, потоа преку првиот ред наредете го вториот, но компирот ставајте го во спротивен правец. Кога дното сте го покриле со компири, посолете, ставете парченца путер и шунка насечена на коцки. Потоа наредете друг ред компири и така продолжете додека не го потрошите материјалот, но да завршите со парченца путер.

            Покријте ја тавата со алуминиумска фолија, ставете ја во рерна загреана на 180 степени да се пече околу 40 минути.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 12 помали телешки шницли, 6 ситни тиквички, една главица лук, 12 тенки парчиња тврдо сирење, 1 дцл. бело вино, путер, масло, сол и црн пипер

Парчињата месо малку се засекуваат за да не затегнуваат, потоа се посолуваат и се чукаат да им се намали дебелината. Се загреваат 200 гр. путер на 2 лажици масло, се додава лукот исечен на тркалца. Мешајте, и штом силно ќе замириса (не смее воопшто да добие боја), веднаш извадете го, и на истата маснотија испржете ги тенко исечените, неизлупени тиквички. Посолете и додајте црн пипер.

Одделно загрејте путер и масло, и испржете ги телешките шницли од двете страни. Залијте ги со белото вино, и кога ќе испари, на месото ставете ги парчињата сирење и тиквичките, па продолжете да ги пржите додека сирењето не се растопи.

Се служат топли.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 3 компири, 4 моркови, 1 праз, 1 лажица маринирани печурки, 3 краставици, 50 гр. црни маслинки, 200 гр. посна шунка во парче, 1 жолчка, 1 лимон, 1 чаша јогурт, масло, црн пипер и сол

            Сварете ги компирите и морковите, исцедете ги, оставете ги да се изладат и исечете ги на коцки. Во подлабока чинија изматете ја жолчката со малку сол и црн пипер и додадете сок од лимон. Ставете ги во длабок сад за салата сварениот зеленчук, исечканата шунка, краставицата на тркалца, печурките и маслинките. Преку салатата прелијте го сосот со јајце и промешајте. Потоа прелијте ја со јогурт и додадете неколку лажици масло. Украсете ја со тркалца од белиот дел на празот и оставете неколку минути да стои за да може зеленчукот да ги впие сите сокови.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

            Потребно:

-за тестото: 160 гр. брашно, 30 гр. мелени бадеми, 100 гр. шеќер во прав, 120 гр. путер од фрижидер, 1 помало јајце и малку сол

-за декорирање: 70 гр. кристален шеќер, 40 гр. путер, 40 мелени бадеми, 1 белка, 400 гр. кајсии и шеќер во прав

            Со миксер измешајте го брашното, шеќерот во прав и мелените бадеми. Додајте го путерот во ситни коцки, измиксирајте малку и потоа додајте ги солта и јајцето. Миксирајте полека додека тестото не се собере во топка. Завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер да отстои 1 час. Потоа тестото ставете го во плех (18х18 см или радиус 20-22 см) и со лажица расплескајте го по целото дно. Печете ја кората 15 мин. во загреана рерна на 180 степени, додека работ не се зарумени. Оставете ја кората во рерната да се лади. Измешајте 40 гр. кристал шеќер со путерот и со мелените бадеми и додајте ја изматената белка. Со ова премачкајте ја кората, врз неа наредете ги кајсиите исечени на 8 парчиња. Посипете ги со преостанатиот шеќер и вратете го колачот во рерна да се пече уште 20 мин. Пред сервирањето посипете го колачот со шеќер во прав.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Потребно: 1/2 кг. јунешки шницли, една лажица мешан зачин, 50 гр. сланина, 150 гр. ориз, 1 јајце, магдонос, црн пипер, 20 гр. брашно, 8 лажици масло и 1 дц. павлака

Јунешките шницли се толчат со толчник за месо. На масло се пропржува исечканата сланина. Потоа и се додава полуварениот ориз и се зачинува со зачинот, црниот пипер и магдоносот. Шницлите се филуваат со смесата од едната половина за да можат со другата да се преклопат. Се затвараат со чепкалки од страните, се валаат во брашно и се пржат на масло. Кога месото ќе омекне се прелеваат со павлака.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Кулинарски рецепти

Повеќе Артикли...

Страница 3 од 6

3

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel