facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

IMG 2089_resize

Празни столчиња на опозицијата на денешната седница на Советот на Општина Делчево.Ова е сликата која што делува поразително и непримерно со оглед дека улогата на советниците е да дискутираат и носат одлуки во рамки на советот, онака како што граѓаните ја истакнале својата волја.

-Дали советниците на СДСМ  од Делчево со својот бојкот на денешната седница на Советот на Општина Делчево предизвикуваат директна штета за интересите на општината и нејзините граѓани?

 Ова е прашање кое што секој граѓанин на Делчево и Република Македонија би можел да се запраша, без притоа да добие разумен одговор.

На денешната 7-ма седница по ред најавена од страна на општинската администрација беа предвидени  8 точки на дневен ред од кои што една од одлуките беше поврзана со доделување на финансиска помош на лице кое што итно е потребно да се лекува во странство, а за чие што лекување се потребни поголем износ на финансиски сретства кои неговото семејство не може да ги обезбеди. Во точките на дневниот ред исто така се наоѓаа и две предлог одлуки за одобрување на месечен паричен надоместок за ученици со посебни потреби од ООУ „Ванчо Прке“ за ладен оброк и за превоз. 

Секако покрај овие точки на дневниот ред се наоѓаа и уште неколку важни прашања за дискусија и политичко одлучување.

Наместо плодната и благотворна дискусија и допринос при креирање на што поквалитетни решенија за доброто на граѓаните на Делчево, советниците од Сојузот на иднината се одлучија преку бојкот на оваа седница. Причините како што рекоа се како одраз нивна на "солидарност" со претседателот на општинската организација на СДСМ во општина Центар во Скопје против кого е поднесена кривична пријава од страна на МВР, да не присуствуваат на самата седница и преку политичка изјава го оправдаа својот бојкот т.е. неприсуство.

IMG 2077_resize

Односот на советниците во Советот на Општина Делчево е 8 наспрема 7 во корист на Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, па советот можеше потполно легитимно да работи и да ги донесе едногласно овие сосема важни одлуки, онака како што беа предложени со одредена дискусија и појаснувања по однос на точките.

Кому ваквата политика на однесување и бојкот на Советот како еден од најзначајните локални органи му оди во прилог, навистина не е јасно да се заклучи, со оглед дека советниците (и оние од позицијата и оние од опозицијата) се бирани директно од граѓаните за да им ги решаваат секојдневните проблеми?

Исто така не е јасно, дали под превезот на т.н. висока политика, актуелните политичари од опозицијата се склони да ги занемаруваат реалните и директни потреби на граѓаните, или ова е само една непредвидена ситуација на слепа послушност на директиви од врвот на СДСМ, притоа избегнувајки одговорност при донесување на одлуки на локално ниво во самиот совет.

Ова се прашања кои апсолутно заслужуваат одговор, секако од интерес на граѓаните за чиј што интерес треба да работат сите изберени претставници во институциите.

На народот на Делчево му се потребни решенија и дела...Произлезени преку конструктивен дијалог и демократско одлучување.

Ваквите потези, ке заклучиме не се од корист никому, а најмалку на граѓаните.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Институции

Последни актуелни вести

Број на посети:971Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата "Шуми" по текст на рускиот писател Александар Николаевиќ Островски, во режија на Драгана Таневска.   Оваа...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1802Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа денот на светото Богојавление-Водици. Граѓаните во Делчево масовно уште во раните утрински часови ги посетуваа црквите во...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1616Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево. Традиционално како и секоја година, и оваа 2016 година Светиот крст ќе се фрла во водите на река Брегалница од мостот во...
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:2179Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото. Љубопитни, стрпливи и длабоки погледи на сите страни, делење на мислења, сугестии, по некоја расправија, дофрлање на...
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:1044Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево." Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#