Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Како што доликува на големиот национален празник "2-ри Август"-денот на кревањето на Илинденското востание во 1903 година, како и денот на одржување на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, Општина Делчево со низа на свечености го одбележа овој светол ден од историјата на македонскиот народ и држава.

 Празнувањето започна во 10.00 часот пред споменикот на идеологот на македонското револуционерно двиѓжење и патрон на Делчево-Гоце Делчев во центарот на градот, пред Соборната црква "Св.Кирил и Методиј".

Од страна на најмладите членови на КУД "Н.ј.Вапцаров" пред споменикот беше прочитан пригоден реферат за значењето на Илинденското востание, како и улогата на овој значаен настан од македонската историја во денешен контекст. Потоа претставници од ЕЛС Делчево, членови на Советот на Општина Делчево, предводени од Претседателот на Советот г-дин Драган Христов, претставници на политички партии и граѓански организации , поклонија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Де4лчев и се поклонија пред ликот и делото на сите илинденци кои со својата борба допринесоа за слободата на сопствениот народ.

Пред споменикот на паднатитед борци од НОБ 1941-1944 исто така беа положени букети со свежо цвеке и беше одадена почит со едноминутно молчење од сите присутни за изгубените животи на учесниците во народно-ослободителната војна од регионот на Пијанец и тогашно Царево село, чии што имиња се втиснати во плочата на споменикот во центарот на Делчево.

Празнувањето потоа продолжи во село Ѕвегор каде од страна на жителите на самото село беше организиран спортски турнир во мал фудбал во кој учество зедоа 12 натреварувачки екипи од Делчево и поширокиот регион.

Имињата на екипите-учесници на турнирот се следните:

"Стрела-Јуниор" од с.Ѕвегор,

"Јастреб" од с.Стамер

"Панорама" од Делчево,

"Габрово-Јуниор" од село Габрово,

"Јакимово" од с.Јакимово,

"Бомак" од с.Ѕвегор,

"Дарко Неро" од Делчево,

"Младост" од с. Вирче,

"Алан Метков" од с.Црник,

"Жабарска маала" од Делчево,

"Стрела" од с.Ѕвегор,

"Такси 5" од с.Ѕвегор.

Првото место на турнирот го освои екипата "Жабарска маала" од Делчево, второ место се "Панорама" од Делчево, трето-"Младост" од с. Вирче, а четврти се "Јастреб" од с.Стамер. Првите три екипи беа наградени со пехари и печатени признанија.

Најдобара играч-голгетер на турнирот беше прогласен Стојче митевски со постигнати шест голови.

Со почеток во 13.00 часот во прекрасниот природен амбиент на манастирот Св.Илија-заштитник на жителите на село Ѕвегор се одржа голем народен собир со богата културно уметничка програма организирана од НУЦК "Никола Јонков Вапцаров" од Делчево. Овој народен собир беше одлична можност за дружење со околу 2000 луѓе со потекло од село Ѕвегор,  кои за овој голем македонски празник се собираат на ова место од цел свет.

За присутните беше послужен и празничен ручек, подготвен од страна на самите жители и Црковниот одбор при манастирот.

Како организатори на ова празнување се: Градоначалникот на Општина Делчево-Дарко Шехтански, ЕЛС Делчево, Советот на Општина Делчево, Националната установа центар за култура "Никола Јонков Вапцаров" од Делчево, претставници на месното население од село Ѕвегор, Црковниот одбор при манастирот Св.Илија во с.Ѕвегор.

Фотографиите во оваа статија се превземени од официјалната фејсбук страна на Општина Делчево во галерискиот дел 1 и галерискиот дел 2.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Институции