facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Ниво на корисникот: / 1
НајлошоНајдобро 

 

Деновиве Делчево беше актуелно со случувањата околу манифестацијата "Пијанечки денови на сливата" која што за првпат се одржа оваа (2013) година низ повеќедневни активности и настани.

Програмата за целата манифестација беше следната:

 

Програма

19.09.2013 (четврток) 11:00 часот: Симболична берба на слива во насади на овогодинешните добитници на наградата  „Најгрижливо одгледан насад“

 

20.09.2013 (петок)

18:00 – 19:30 часот во Фоаје во Спомен дом АСНОМ

Меѓународен фестивал на афоризам и карикатура

18:00-18:30 Меѓународна изложба на карикатура на тема „Внимавај слива!“ и доделување на наградите

18:30-19:30 Меѓународна вечер на хумор и сатира  „Пијанец 2013“ и доделување на награди

 

21.09.2013 (сабота)

09:00-16:00 часот Централен настан во Парк пред Спомен дом АСНОМ

09:00-16:00

-Натпревар во печење на ракија

09:00-16:00

-Припрема на слатко, мармалад, компот и бели пецива со производи од слива

11:00 Официјално отворање на настанот

11:00-15:30

- Културно-уметничка програма

11:00-11:30 - ЗФГ „Копачка“

11:30-12:00 – КУД „Гоце Делчев“, Делчево

12:00-12:30 – Фолклорна група „Н.Ј.Вапцаров“, Делчево

12:30-13:00 – Семка бенд, Делчево

13:00-13:30 – То-Ми-Ки бенд, Делчево

13:30-14:00 – Национал бенд, Делчево

14:00-14:30 – Цобе бенд, Делчево

14:30-15:00 – Орфеи бенд, Делчево

15:00-15:30 – Ансамбл за народна музика „Зора“ Скопје

13:30-14:30

-  Дегустација на производите од слива подготвени од страна на учесниците во манифестацијата

15:30-16:00

-Прогласување на добитниците на наградата за највесела ракија и најгрижливо одгледан насад

 

 

  

 

 

Е СЕГААААА....  

За манифестацијата може многу да се пишува и верувам дека сето напишано ке биде малку да се долови вистинската атмосфера што беше присутна овие денови во Делчево.

Да не се фалиме ние делчевчани самите, поарно кога другите не фалат... :)

Кој се објави информација за оваа манифестација може да се погледне на интернет врските подолу:

 

http://www.teamoderna.com.mk/index.php/kultura/49-info/4653-konkurs

http://blog.zikison.net/2013/08/10/medjunarodni-konkurs-za-karikaturu-na-temu-pazi-sljiva/

http://www.belami.rs/srebrno-burence-za-sasu-dimitrijevica/

http://www.cityofnis.rs/index.php/kultura/item/9149-srebrno-burence-za-sasu-dimitrijevica

http://kanal77.com.mk/mk/zabava/fakti/item/5946-objaveni-dobitnicite-na-nagradite-na-prviot-fetsival-za-karikatura-vo-delcevo.html

http://caricaturque.blogspot.com/2013/08/open-international-call-for-awards-for.html

http://www.cartoonblues.com/forum/viewtopic.php?f=58&;t=11909&p=108098&hilit=delcevo+delcevo#p108098

http://cartooncolors.blogspot.com/2013/08/international-competition-for-cartoons.html

http://kozyurt.blogspot.com/2013/08/dikkat-erik-konulu-uluslararas.html

http://delcevodenes.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%84%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BF%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D0%B4/

http://www.plusinfo.mk/vest/106649/GALERIJA-Manifestacija-Pijanechki-denovi-na-slivata-vo-Delchevo

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=17645

http://sitel.com.mk/mk/foto-pijanechki-denovi-na-slivata

http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/873343/index.html

http://www.novini.mk/read/353060/vo-delchevo-se-odrzhuva-manifestacijata-pijanechki-denovi-na-slivata

http://www.zemjodelstvo.mk/index.php/vesti/arhiva-vesti/2504-objaven-povik-za-ucestvo-na-pijanecki-denovi-na-slivata-2013

http://dnevnik.mk/?ItemID=FBA3D00785C6A3469D3AFF07503F0F85

http://212.13.64.44/?ItemID=5F4F06BEA56F0D4C886955F3A82117A9

http://www.rahimcartoon.com/festival/1954-%E2%80%9Cattention,plum%E2%80%9D-cartoon-contest-macedonia-2013

 

 

Се што знаеме за оваа манифестација е дека е вистински погодок како настан, кој требаше уште многу одамна да се реализира. Убавата иницијатива на Градоначалникот на Делчево Дарко Шехтански, излезе уште поубава во пракса. 

Се вареше ракија, се свиреше и пееше прекрасна македонска музика, се подготвуваа традиционални јадења по рецепт на нашите баби врз база на слива... Се смееше публиката на меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам "Пијанец 2013", се доделуваа признанија на сите кои допринесоа околу организацијата на манифестацијата, се доделија награди за најуспешните афоризми и карикатури, се доделија и награди за трајни вредности.... Се одржаа училишни часови за карикатура во основните училишта, Се афирмираа производителите на слива од Делчево....

Во рамки на меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам "Пијанец 2013", Градоначалникот Шехтански ги додели следните признанија и награди:

 

 

Најдобри афоризми:

  1. Александар Чотриќ, Белград, Р.Србија- "Златно буре"
  2. Вељко Рајковиќ,Подгорица, Р.Црна Гора- "Сребрено буре"
  3. Мирослав Среданович, Белград, Р.Србија-"Бронзено буре"

Специјални награди:

  1. Екрем Мациќ, Коњиќ, Р.Босна и Херцеговина,
  2. Ристо Филчевски, Струмица, Р.Македонија

Најдобри карикатури:

Гран при:

  1. Блаже Докулески, Битола, Македонија.

Наградени:

  1. Иваило Цветков, Софија, Р.Бугарија
  2. Саша Димитријевиќ, Ниш, Р.Србија
  3. Јовчо Савов, Софија, Р.Бугарија

Специјални награди за карикатура:

  1. Лубомир Михаилов, Софија, Р.Бугарија,
  2. Дору Аксинте, Тулчеа, Р.Романија,
  3. Митра Азади, Табриз, Иран

Награди за трајни вредности:

  1. Јордан Поп- Илиев, награда за трајни вредности за посебен придонес во развојот на македонската карикатура
  2. Васил Толевски, награда за трајни вредности за посебен придонес во развојот на македонскиот хумор и сатира

Членови на стручното жири за карикатура беа:

  1. Мирослав Ѓеорѓиевски-Миро, Скопје, Р.Македонија
  2. Никола Анѓелковски, Скопје, Р.Македонија
  3. Александар Белогаски, Делчево, Р.Македонија

Членови на стручното жири за афоризми беа:

  1. Миле Ѓорѓијоски, Делчево, Р.Македонија,
  2. Васил Толевски, Скопје, Р.Македонија

Награда за најдобро одгледан сливов насад во категорија на правни лица за 2013:

  1. ТП "Обел Компани", с.Град, Делчево
  2. ТП "Биба Град", с.Град, Делчево

Награда за најдобро одгледан сливов насад во категорија на физички лица за 2013:

  1. Мартин Ангеловски, с.Град, Делчево
Награда за "Највесела ракија"
  1. Мартин Ангеловски, с.Град, Делчево
 

Во манифестацијата која беше организирана од Општина Делчево, учество зедоа над 40 правни субјекти и над 300 физички лица, кои што се погрижија најдостојно да се одржи овој настан кој во иднина ке прерасне во традиционален, со уште повеќе содржини и уште повеќе учесници.

Дефинитивно во Делчево кое како градче од истокот на Македонија е познато по големиот број на културни настани и манифестации што се одржуваат во текот на целата година, овој настан е настан на годината, кој секако ке остане забележан во архивите на постоењето на Делчево.

Во продолжение пренесуваме еден дел од настапот на Александар Чотриќ и Веселин Ѕидаров во рамки на фестивалот за афоризам.

 

Во продолжение го споделуваме каталогот "Пијанечки денови на сливата 2013" издаден од страна на Општина Делчево во рамки на Меѓународниот фестивал за афоризам и карикатура, како дел од манифестацијата "Пијанечки денови на сливата 2013" .


Целата фото репортажа од настанот може да се прегледа на нашиот галериски простор или на нашата fun страна на фејсбук.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Институции

Последни актуелни вести

Број на посети:409Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата "Шуми" по текст на рускиот писател Александар Николаевиќ Островски, во режија на Драгана Таневска.   Оваа...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1281Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа денот на светото Богојавление-Водици. Граѓаните во Делчево масовно уште во раните утрински часови ги посетуваа црквите во...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1149Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево. Традиционално како и секоја година, и оваа 2016 година Светиот крст ќе се фрла во водите на река Брегалница од мостот во...
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:1625Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото. Љубопитни, стрпливи и длабоки погледи на сите страни, делење на мислења, сугестии, по некоја расправија, дофрлање на...
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:646Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево." Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.

Поврзани статии

Број на посети:1091Рејтинг:5Категорија:Култура
makedonski-genocid-vo-delcevo Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".......
Објавено на 15 Јуни 2015, 19.18 часот.
Број на посети:844Рејтинг:0Категорија:Институции
stipendii-opstina-delcevo-1-2013 Со одлука на Советот на Општина Делчево, донесена на претходната седница со подршка на сите советници,...
Објавено на 07 Декември 2013, 15.28 часот.
Број на посети:1282Рејтинг:0Категорија:Култура
night-life-02-08-2013За ноќниот живот во Делчево ке расправаме друг пат...Тука така спонтано некоја сликичка ке споделиме......
Објавено на 03 Август 2013, 19.59 часот.
Број на посети:2748Рејтинг:0Категорија:Демократски процеси
zabava-ums Во среда 15.02.2012 година со почеток во 20.30 часот, во дискотеката Инсомнија во Делчево се...
Објавено на 16 Февруари 2012, 07.08 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#