facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 

Вовед

Делчево како општина со мала населеност на население во однос на својата површина, се вбрoјава во една од релативно понеразвиените општини во Република Македонија.

Оваа оценка за степенот на развој на Делчево е дадена воопштено по однос на повеќе критериуми меѓу кои предничат инфраструктурата , економијата, образованието и туризмот.

Свесни за оваа состојба, концентрацијата на внимание на сите надлежни институции вклучително и на Општина Делчево нормално е да биде насочена кон решавање на овие приоритетни гранки на општествен развој со кои експлицитно е поврзана иднината на нашиот град и пошироко иднината на регионот, околу. И оваа теза внимателно е одбрана имајки ги во предвид предложените проекти за реализација во Делчево за претстојниот период, кои добија убедлива подршка нод граѓаните на директни избори (локални и парламентарни).

Секако досега се реализирани голем број на проекти и мерки од страна на надлежните институциии во овие сфери и секако дека е потребно уште многу да се работи во оваа насока, имајки ги предвид проблемите со кои се соочуваше Делчево во првите 20 години од независноста на нашата држава. За потсетување Општина Делчево (како локална самоуправа), ден денес е најзадолжена општина во Р.Македонија, за финансиски сретства чиј што дел на  основица на долг е направена токму во овие први 20 години практицирање независност и локална самоуправа.

За доволната комплицираност на состојбата говори и фактот што каматите по основа на утужени долгови повеќекратно ги надминуваат основните сретства на долгот што надминува повеќе од 4 годишни опшштински буџети.

Наспроти ваквата состојба во овие четири сфери и неколку споредни полиња на опфат на општествено живеење, Делчево во изминатите неколку години бележи исклучителен напредок во афирмацијата на спортот, културата, граѓанскиот сектор, животната средина, информатичкиот развој, 

Секако за оваа теза да биде целосно точна мора да биде базирана на што пообјективни познавања во секоја од овие сфери и да се има предвид фактот, што е оптимално-целисходна пракса за реализација на активности поврзани со истите, како и правење на доследни и целосни споредби со други општини во државата и пошироко.

Ако под претпоставка земеме во предвид дека овие предуслови наброени во претходната реченица се исполнети, тогаш со сигурност може да се потврдат особено позитивните успеси на сите активни чинители (правни и физички лица) во овие пет сфери на општествен живот во Делчево.

За веродостојност и што по-објективна аргументација во серија на наши текстови ке се обидеме да ја доловиме реалната состојба во поедини сфери на развој на општина Делчево за граѓаните  и целокупната јавност да имаат што по реална претстава за што станува збор.

Со овој текст започнуваме со областа на културен идентитет, културен развој, културна афирмација и промоција на автохтони вредности на општина Делчево.

Овој вовед даден погоре е неопходен да биде соопштен поради меѓусебната интерконекција на сите општествени модерни текови во кои живее Делчево во поново време.

  

Позитивни трендови и интензивен културен напредок на општина Делчево во последните неколку години, согласно можностите и скалата на приоретизација на потребите

За почеток би дале своевидна хронологија за културните случувања во Делчево.

Дали некој се сеќава на културната понуда во 90-тите години од минатиот век во Делчево? Припомнете си сите на меѓународната манифестација "Гоцеви Денови" која беше максимално централизирана, со огромни средтства од централниот буџет на Републиката и навистина една грандиозна слика на културна понуда во рамки на 3-4 денови во Делчево. Сакаш балет, сакаш, филхармонии, сакаш актери, сакаш пеачи....

Не сакаме да навлегуваме во фактот што првите редови од публиката беа резервирани за луѓето во сини костуми и обесени кравати енормно подолги од визијата за иднината која денес ја живееме. Секако за да се сеќава некој на ова време требало да биде роден и да знае барем 2 со 2 да собере.

Настрана од оваа би рекле грандиозна манифестација- "бутур". Секако "Youngsers Rock festival" остана горд спомен за сите тогашни посетители на градскиот базен во Делчево кои беа присутни на ова 2-дневно ирок издание во нашиот град кон крајот на деценијата. За еден рок фест се одеше стопер за Скопје да се гледа единствениот алтернативен музички фестивал еднаш во годината. Алал вера на организаторите и за тој ведар зрак во тмурното турбулентно време. Групите "Галаксија", "Далтонови", беа светол патоказ за генерациите што доаѓаа. 

Е сега во новиот милениум-нови надежи, соништа, желби.... Оние што во претходната декада беа родени сега пораснаа во помлади и постари адолесценти  а повозрасните од нив беа на накоја граница од младоста кон зрелоста... Совршен спој на енергија за создавање на обострано приемчива иднина од интерес на двете групации на жители на нашиот град. Секако тука се и средовечните луѓе (најчесто родители на претходните две групи) кои мрко гледаа на ова време за кое мислеа дека тие се одбраните од Господ да го контролираат. И во тој судир на конзервативната затапеност наспроти младешкиот немир и мечти за подобра иднина, не ретко краткорочно победуваа овие повозрасните, за кои времето секогаш е судија за нивните "гревови".

Во бранот на овој постојан генерациски судир неминовно на крај победува младоста и младешкиот жар, кој мораме да споменеме дека мора и треба да биде базиран на што по реални актуелни информации, за да можат да го дефинираат текот на иднината. 

Старите велат не секоја вистина е точна (во најфилософска смисла).

За оваа деценија културата во Делчево доживеа своевидна децентрализација на неколку помали настани кои предничеа над сите останати. Притоа мора да споменеме дека претходно споменатата "Гоцеви денови" беше речиси целосно деградирана на ниво кое не доликува ни на споменот што пред тоа истата таа беше и значеше. Тука беше ново-воспоставената манифестација "За Делчево со љубов", "Пијанечко-Малешевската свадба", "Саемот на стари занаети"," Рок фест-Делчево", почнаа подостоинствено да се празнуваат датумите посветени на некоја историски-значајна личност (како поединци а не групации, одреди и чети), се започна поорганизирано прославување и чествување на верските празници, на афирмација на фолклорот од Пијанец во целост, се етаблираа фестивалот "Пијанечки бисери", Голачките фолклорни средби, "Вапцаровите бранувања"....

Од особена важност беше заживувањето на селските собори и слави (најчесто врзани со верски празници)-активност која беше за првпат промовирана и заживеана во 2010 година.

Дали има некој од Делчево што не бил на некоја од овие автохтони манифестации поврзани најдиректно со промоција на гостопримството, љубовта и споделувањето на живата традиција на лице место во домот,  каде што луѓето биле родени, пораснале и излегле да го "освојуваат" светот секој на свој начин. 

Кога некој злонамерник во меѓусебен разговор ке изјави дека не му се доаѓа да живее во Делчево треба да знае дека токму за таквите како него овие манифестации во минатото се измислени од народот за да дојде да си ја види фамилијата, да го подвали татковиот оган и да се погледне очи во очи со сопствениот народ-оној народ од кој самиот тој потекнува и не треба да се срами од дружбата со него.

На Делчево не му се потребни мега ѕвезди од типот на Цеца која пее за се и сешто ама најмногу за кич и тривијални теми кои не соодветствуваат со приликите во Делчево. Или пак Жељко (било Самарџиќ или Јоксимовиќ) кои доаѓаат со празни торби, а македончето им ги полни со тешко заработените пари, притоа подвалувајки се себеси во своевидна опијатска состојба на мечтаење по едни одамна загубени времиња. Или пак дедо Чорба заедно со веќе извенатите Диви јагоди и слични ретки "билки". Си имаме ние и наши ѕвезди, во кои се угледуваме, кои ни се идоли и пример за автентично македонско постоење.

Многумина од младите ке речат: "Аман доста беше од фолклор.... Се едно та исто..." Притоа тие млади имајки предвид дека никогаш не биле  возрасни забораваат на сензибилитетот, изборот и вкусот на повозрасните...

Е сега кога сме кај младите се сложуваме дека е потребен посебен и повнимателен однос кон изборот на вкусот за понудата во делот на културниот живот за оваа целна група.

Но! (омилена форма на авторот на овој текст за потенцирање на она што на другите им се чини факт е всушност е ноторна заблуда).

Кај се младите да посетат една претстава од типот на "Ни ваму-ни таму", вечер на старогратска музика "Серенада", Грандиозниот концерт на Воениот оркестар на АРМ, кај се истите тие млади кога владиката Иларион доаѓа со црковниот хор и држи литургија во црквите во Делчево.... Веројатно ке кажат дека се презаситени од ваков вид на забава во Делчево... Притоа забораваат дека тоа не е забава, туку македонски и делчевски идентитет на постоење и препознавање!

Културата не е само забава.... Туку нешто многу повеќе... (Но тоа е дискусија за оние по-упатените)

Не е проблемот што младите не се доволно привлечени кон овие настани... За оваа ситуација да се подобри треба и во иднина да се работи и вложува, притоа афирмирајки вистински автохтони културни вредности кои се карактеристични за македонскиот народ во сите правци на уметноста. Културата не се перцепира во една година, во едно лето.... Таа е начин на живот... За цел живот!

Спорната ситуација настанува од далеку побанални причини, водена од лична суета и чувства, при што некој злонамерник  во ситуација на недоволно познавање на состојбите се дрзнува да дава паушални изјави дека ништо во Делчево не чини, без притоа да погледне во сопствениот двор на непознавање на состојбите за и околу културата, но и другите општествени текови и односи релевантни за оваа т.н. состојба.

И се тоа е во ред... Та нели живееме во демократија...? Секој има право на мислење... Но правото на мислење и правото на говор не значи дека некој е во право во тоа што го говори!

На Делчево му треба еден Влатко Стефановски, една Каролина Гочева, еден Влатко Лозановски, еден Слаткар, Тони Зен, Верка, Мизар, маестралната Калиопи... Сите, би рекле скромни уметници далеку  по-потценети во споредба со претходно споменатите екс ју "уметници".

Во таа насока веруваме дека се работи и резултатите ке стигнат многу брзо.

 

Како особен куриозитет за Делчево ке го истакнеме фактот дека Соборското оро "Копачка" од село Драмче, Општина Делчево, Република Македонија е во завршен тек од постапката на номинација како нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на меѓународниот комитет на УНЕСКО. Дали некој се сомнева во големината на оваа вака напишана реченица? Дали Делчево и државате се доволно свесни за големината на оваа активност која се реализира со долготрајна посветеност на претставниците на институцијата Министерство за култура на Република Македонија, но уште повеќе и од самата општина Делчево и актуелниот градоначалник?

Дали некој од тие злонамерници кои сакаат Делчево да не го биде, и јавно пркосат на сите обиди контра таа нивна желба, знаат што значи Карневалот под маски "Ѕвегорска сурова" како начин на забава но уште повеќе на сентимент, дух, постоење....?

 

Дали знаат што значи празнувањето на "Водици" во Делчево? Дали некој може да ја негира светлината во очите на оваа жена погоре?

Дали знаат што значи "Илинденски празнувања" во Делчево? Дали ги имаат погледнато лицата на луѓето на било кој селски собор кој се реализира под покровителство и соработка (техничка и логистичка) со Градоначалникот Дарко Шехтански? Дали знаат што значи среќа во срцата на мештаните кога ги гледаат полни нивните вековни соборски собиралишта, оставени во аманет од чукун-дедо?

Дали воопшто се сваќа значењето на насмевката на овие млади лица кои со радост ја носат пијанечката носија и го изучуваат пијанечкиот фолклор, но и дух и воспитание... Дали негирајки ги фолклорните настани посакуваме уништување на и она малку среќа што го има под ова парче прекрасно небо?

   

Одговорите на овие прашања ги оставаме на избор на читателите... Секако очекуваме и повратна реакција на истите...

П.С. За вкусовите не се дискутира..!

П.П.С. Од историјата на легендите е познато дека отварањето на Пандорината кутија подразбира непријатност за целото човештво... Не само за тој што ја отворил....

Напомена: Со клик на било која од овие фотографии кои се превземени од нашата архива, како и од електронските архиви на повеќе институции ке можат да се прегледаат и релевантните информации поврзани со истите, за сите кои досега не биле информирани да може да се информираат да не изнесуваат паушални изјави во јавност....

Секако за крај следува бисерот на Пијанечкиот а наскоро и на светскиот фолклор: 

Копачка од с. Драмче со настап во Скопје во МНТ...

 

Влезот се чини беше бесплатен.... За оние што не беа на концертот на Жељко С.... :)

Автор на текстот:

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Култура

Последни актуелни вести

Број на посети:358Рејтинг:0Категорија:Култура
pretstavata-shumi-vo-delcevo Во петок 16.09.2016 година со почеток во 19.00 часот во кино салата во Делчево се одржа претставата "Шуми" по текст на рускиот писател Александар Николаевиќ Островски, во режија на Драгана Таневска.   Оваа...
Објавено на 17 Септември 2016, 08.57 часот.
Број на посети:1225Рејтинг:5Категорија:Религија
delcevo-vodici-2016 Делчево како општина на крајниот исток од Република Македонија на најдостоинтвен начин го одбележа денот на светото Богојавление-Водици. Граѓаните во Делчево масовно уште во раните утрински часови ги посетуваа црквите во...
Објавено на 19 Јануари 2016, 13.56 часот.
Број на посети:1097Рејтинг:0Категорија:Религија
najava-bogojavlenie-2016 Се е подготвено за овогодинешното одбележување на празникот Свето Богојавление-Водици во Делчево. Традиционално како и секоја година, и оваа 2016 година Светиот крст ќе се фрла во водите на река Брегалница од мостот во...
Објавено на 18 Јануари 2016, 11.40 часот.
Број на посети:1415Рејтинг:5Категорија:Институции
izgradba-na-kanalizacija-vo-selo-virce Деновиве во село Вирче може да се забележи некоја чудна раздвиженост помеѓу жителите на селото. Љубопитни, стрпливи и длабоки погледи на сите страни, делење на мислења, сугестии, по некоја расправија, дофрлање на...
Објавено на 10 Ноември 2015, 17.27 часот.
Број на посети:591Рејтинг:5Категорија:Култура
najava-filmski-maraton-2015 -"Ставете ги на пауза турските серии и повелете релаксирајте се наредната недела во кино салата во Делчево." Вака гласи поканата на Центарот за култура Н.Ј.Вапцаров во Делчево кои во кино салата во Делчево организираат...
Објавено на 09 Ноември 2015, 21.14 часот.

Поврзани статии

Број на посети:1387Рејтинг:5Категорија:Институции
kej-na-bregalnica-regulacija-juni-2015 Деновиве можат да се забележат интензивни градежни активности во коритото на реката Брегалница во...
Објавено на 02 Јули 2015, 17.00 часот.
Број на посети:942Рејтинг:5Категорија:Култура
makedonski-genocid-vo-delcevo Повторно "Крвопролевање".... "Неспокојно дејство".... "Прогонетата македонска мајка"... "Геноцид".......
Објавено на 15 Јуни 2015, 19.18 часот.
Број на посети:572Рејтинг:5Категорија:Религија
vodici-video-2015 Честитки за најсреќниот пронаоѓач на крстот во водите на реката Брегалница, младиот Винко Златков од...
Објавено на 19 Јануари 2015, 17.42 часот.
Број на посети:1080Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-n-j-vapcarov-24-ti-maj-2014 По повод одбележувањето на 24-ти Мај-Денот на Св.Кирил и Методиј на централниот настан за прославување...
Објавено на 24 Мај 2014, 22.13 часот.
Број на посети:1049Рејтинг:0Категорија:Институции
obrakjanje-darko-sehtanski-24-ti-maj-2014 Во рамки на денешната свечена седница на Советот на Општина Делчево градоначалникот на Општина Делчево...
Објавено на 24 Мај 2014, 17.41 часот.
Број на посети:502Рејтинг:0Категорија:Институции
delcevo-so-pietet-go-odbeleza-24-ti-maj-2014 Денеска во Делчево на убав и достоинствен начин се одбележа денот на Св.Кирил и Методиј-просветители и...
Објавено на 24 Мај 2014, 16.35 часот.
Број на посети:3637Рејтинг:0Категорија:Забава
zemjodres-dozd-svadba-vo-delcevo Денеска во Делчево како пазарен ден не беа актуелни цените на стоката на пазарот, туку актуелни беа...
Објавено на 24 Мај 2014, 15.39 часот.
Број на посети:897Рејтинг:5Категорија:Институции
najava-proslava-kiril-i-metodij-2014 Утрешниот ден 24 Мај лето Господово 2014 е светол ден за делчевчани како и за сите словенски народи...
Објавено на 23 Мај 2014, 18.20 часот.
Број на посети:490Рејтинг:0Категорија:Институции
asfalt-n-j-vapcarov Деновиве заврши асфалтирањето на улицата Никола Јонков Вапцаров во Делчево.  Станува збор за...
Објавено на 21 Мај 2014, 19.53 часот.
Број на посети:1325Рејтинг:1Категорија:Институции
asfaltiranje-n-j-vapcarov-1 Денеска започна асфалтирањето на улицата Никола Јонков Вапцаров во централното градско подрачје во...
Објавено на 12 Мај 2014, 18.53 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#