Од кабинетот на Градоначалникот на Општина Делчево, г-дин Дарко Шехтански, за утре е најавено подолго очекуваното асфалтирање на улицата Никола Јонков Вапцаров во централното градско подрачје.
Оваа улица е една од најфрекфентните улици во градот, по која на дневна основа поминуваат над 200-тини возила кои гравитираат по различни основи кон овој дел од централното градско подрачје.
Реконструкцијата на оваа значајна улица следува по неколку децениска нејзина експлоатација, откако во почетокот на 2013 година истата беше најавена и започната, но недовршена, поради сплет на околности за изведба на градежните работи, како и изминување на договорот за реализација на дел од јавната набавка која беше распишана уште во 2012 година.
Конечно за 2-3 дена жителите на Делчево ке имаат можност да ги осетат благодетите на новата улица, со што во огромна мерка ке се олеснат секојдневните активности на сите што гравитираат и имаат потреба да се движат по истата.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |