facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

alt

Од периодот кон крајот на 2008 година, па се до денес идејата за развој на овој веб портал помина неколку фази на создавање и развој на истата, се до нејзина конечна материјална форма која ВИЕ почитуван кориснику кој го читате овој текст, можете да ја перцепирате преку вашиот компјутерски монитор.

  • Фаза на "лутање"

Оваа фаза се карактеризира со тотална неукост, фантазирање, сонување со отворени очи, "шлајфање" по угорнини за кои никој не знаеше каде водат а најмалку тимот кој е одговорен за ова дело кое денес стои пред вашите очи. Се започна со наивна радозналост и прекумерна љубопитност, но, и магарешки инает како и продорна-коњска истрајност. Значи ова е време кога неколку млади (се уште тинеjџери -не по години туку по ум) личности, посакаа да се видат себеси како одговорни "виновници" за еден веб портал кој ке третира теми, содржини и мултимедијални материјали  од Делчево и регионот кој овој град го опкружува, како и тематски целини поврзани со истите овие личности (виновници) засегнати со редица на прашања кои не можеа а да се помират со нивно несоодветно перцепирање и восприемање од страна на Делчевската и поширока јавност.

Нашиот слоган "Никогаш не се знае зашо но се знае како" не важи за овој период од живеењето на идејата за постоење на овој веб портал, но тимот одговорен и кој што стои зад оваа идеја наголемо беше понесен од слоганот "Ако медиумите ја забошотуваат твојата вистина-сврти се против реалноста и самиот ти стани медиум", кој што очигледно според ова што може да се види било доста јака алатка за истрајност во борбата...
Борба против Незнаењето, Интелектуалниот молк, Конкуренцијата на знаење, Финансиските проблеми, Непроспиените ноки, Раскинати љубовни врски, Нецелосно разјаснети конфликтни ситуации и судир на мислења, Недоречености и печење во очите од долготрајното џарење во компјутерскиот монитор.
Сите овие фактори наброени во претходната реченица станаа наша катадневна литургија,  која моравме да ја "пееме", понекогаш со завивачки тонови од кои и самите ние паѓавме во бунило, но она "магарето" во нас секогаш беше посилно и истрајно.
Е сега патем оваа фаза имаше и комични ситуации од типот на прашања
-"Дали Apache web server-от може да се инсталира на Linux платформа или пак само на windows?";
-"Дали MySQL  базата ми е воопшто потребна";
-"Што е PHP?" и тн.
  • Фаза на откажување од "благодетите" на незнаењето.

Засукување на ракави и ногавици до горните мускули на екстремитетите (кои патем ги немавме-мускулите мислам) и газење на се живо и диво што ни се наоѓаше на патот, по кој што газевме-патот на незнаењето, безпомошноста на полето на компјутерските технологии од областа на web дизајнот. Секако тука има многу луѓе кои се заслужни за нашиот почеток т.е. влез во бесконечното пространство на веб програмирањето, кодирањето, криптирањето, справувањето со базите на податоци итн. за што неизмерно сум им благодарен. Особено ке истакнеме еден пријател кој особено е заслужен за  нашата победа над мракот на незнаењето...

alt

СЕКОЈА ЧЕСТ ИНСТИТУЦИЈА СИ ПРИЈАТЕЛЕ !!!

Ги има и други но во споредба со овој не се којзнае колку значајни...

Е сега станавме "фраери" (барем нескромно се надеваме) во третата фаза:

  • Фаза на "фраерлук"

Одиме по патот и си свиркаме (по желба песнички од нашата младост)... Не дека сме стари, но со знаењето стекнато овие две години со позафатен кортекс на нашите се уште мали мозочиња, се чуствуваме поостарено прибајаги бидејки, затоа што...
Приказната продолжува понатаму...
ДЕЛЧЕВО-МИНАТО,СЕГАШНОСТ И ИДНИНА, сега знаеме КАКО, се уште не знаеме ЗАШО? Но, ја пееме песната на нашиот внатрешен повик (фала му на Џек Лондон за фразата) со надеж дека наскоро ке го дознаеме одговорот и на ова прашање...
P.S.Тогаш сајтот ке ни се вика "Знаеме СЕ!"
P.P.S.Како беше онаа "Сега знам дека ништо не знам".
Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

За проектот - Идеја

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] Апел до сите правни и физички лица на територијата на општина Делчево

[2/10] Известување до жителите на Општина Делчево

[3/10] Работна средба на градоначалникот со Текстилниот кластер и текстилните компании од Делчево

[4/10] Градоначалникот Горан Трајковски определи термнини за максимална отвореност за комуникација со граѓаните

[5/10] Градоначалникот Трајковски приреди свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево

[6/10] Одржана втората седница на Советот на Општина Делчево

[7/10] Градоначалникот Трајковски приредува свечен коктел за лицата со посебни потреби од Дневниот центар во Делчево

[8/10] Иницијатива за Заедница на погранични македонски и бугарски општини

[9/10] РЕШЕНИЕ за свикување на Втората редовна седница на Советот на Општина Делчево

[10/10] Реконструкција со доградба на ул. Светозар Марковиќ

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#