facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Еуфоричен пречек од страна на граѓаните на Делчево на Никола Тодоров-носителот на листата за кандидати за пратеници за 3-та изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За Подобра Македонија" и Владимир Ѓорчев-втор на листата за кандидати за пратеници и Д-р Милка Христова-кандидат за пратеник во македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

 

Во недела 06.04.2014 година во Делчево во целодневна посета на сите населени места со видно посветена и суштествена агенда за промоција на делови од Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2014-2018 година."ПРОВЕРЕНО-Проекти кои што докажано се остваруваат" е насловот на најобемната и најдобрата предизборна програма што некогаш била воопшто понудена пред граѓаните на Република Македонија со над 2000 проекти со конкретни рокови за реализација и предвиден буџет на чинење на проектите.

Овој револуционерен документ претставува сублимат на повеќемесечна работа и детална анализа произлезена од постојаната секојдневна соработка со граѓаните на Република Македонија, и експертски труд напишан на 370-тина страници, каде што се наброени проектите кои ке донесат значителен равој во сите сфери на општествен живот во нашата држава.

 

Граѓаните на сите населени реони во градот но и во сите рурални заедници во цела Општина Делчево, кои беа посетени директно во нивното соседство, во нивните маала, имаа можност директно да продискутираат со Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев. Тој како носител на изборниот процес во третата изборна единица, со целиот свој кредибилитет пред граѓаните се заложи за ефикасно и доследно спроведување на овие проекти предложени во програмата на најголемата политичка партија во државата во моментот. Притоа лично г-динот Тодоров и Владимир Ѓорчев на жителите на Делчево лично им ја поделија програмата со што симболично го означија победничкиот караван за промоција на проектите за граѓаните на Република Македонија и Делчево.

 

"Ова не е гола политика со која паушално се ветуваат работи, кои потоа лесно може да бидат заборавени. Ова се конкретни проекти за директен ефект кон брз и стабилен развој на Република Македонија и секој еден жител во било кој дел од државата. Секој еден поединец, секој граѓанин на Република Македонија ке почувствува лична придобивка од имплементацијата на оваа програма. Ова е програма за сите граѓани на Македонија."-истакна досегашниот министер за здравство во Владата на Република Македонија во рамки на својата посета на Делчево.

Притоа Тодоров најави дека за секој проект по реализацијата на наредниот четиригодишен мандат ке следува отчет, преку кој што граѓаните ке можат индивидуално секој да го оцени учинокот на секое министерство, секоја владина институција во рамки на нивниот делокруг за работа.

Приемот кај граѓаните на сите делови од Делчево беше повеќе од позитивен, што е евидентно и на фотографиите превземени од официјалната фејсбук страни на Никола Тодоров, Дарко Шехтански и официјалниот профил на ОК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево.

 

 

 

  

Позитивниот дух и ведрата атмосфера која доминира на фотографиите се должи пред се на огромната и масовна подршка од младата популација во Делчево, која во континуитет е присутна во Делчево за политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

Помеѓу граѓаните кои имаа можност да поразговараат со кандидатите за пратеници, имаше речиси од сите структури на население, како во градот така ои во руралните средини. Земјоделци, просветни работници, лекари, медицински персонал, пензионери, млади во огромен број, таксисти, текстилни работници итн. чекаа во ред за да поразговараат лично со Тодоров, со Ѓорчев, со Д-р Христова.... Да поразговараат за актуелните проекти од програмата и силно да ја дадат својата подршка на истата.

 

  

 

"Ова е програма за народот, програма за цела Македонија. Ова се проекти кои ке предизвикаат револуционерни придвижувања на целото македонско стопанство, бидејки главен акцент во програмат е ставен на економијата, на отварањето на нови работни места, за сите категории на граѓани..."-истакна Тодоров во повеќе наврати од своите обраќања пред насобраните граѓани.

Буквално во рамки на агендата беа посетени сите реони, сите села и центарот на Делчево. За крај од својата посета на Делчево караванот одржа два мини митинзи пред жителите на селата Тработивиште и револуционерото Разловци.

Регистрирани беа и повеќе проблеми со кои тековно се соочуваат жителите на пооделни населени места, за што беше изразена целосната подготвеност лично од Тодоров и Ѓорчев, за нивно надминување во периодот кој следува.

Според неофицијални извори од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, според сите внатрепартиски анализи рејтингот на партијата е на досега историски највисоко ниво, изразено во апсолутен број на гласови.

"Верниот исток", е термин кој ја отсликува реалната ситуација во политичка рамки а се однесува на традиционалната подршка на жителите на цела трета изборна единица за политиките на сите досегашни влади на Премиерот Никола Груевски , преточено во изборни резултати како на локални така и на претседателски и парламентарни избори од 2006 година наваму.

 

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Актуелности од Македонија - Демократски процеси

Други интересни статии

Поврзани статии

Број на посети:1387Рејтинг:5Категорија:Институции
kej-na-bregalnica-regulacija-juni-2015 Деновиве можат да се забележат интензивни градежни активности во коритото на реката Брегалница во...
Објавено на 02 Јули 2015, 17.00 часот.
Број на посети:705Рејтинг:0Категорија:Институции
stimuliranje-investicii-vo-delcevo Премиерот Никола Груевски во својот говор на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на...
Објавено на 28 Јуни 2015, 17.34 часот.
Број на посети:572Рејтинг:5Категорија:Религија
vodici-video-2015 Честитки за најсреќниот пронаоѓач на крстот во водите на реката Брегалница, младиот Винко Златков од...
Објавено на 19 Јануари 2015, 17.42 часот.
Број на посети:815Рејтинг:4Категорија:Религија
vodici-2015 Со свечен празничен дух, со најголеми почести и празнична атмосфера денеска во Делчево беше одбележан...
Објавено на 19 Јануари 2015, 15.22 часот.
Број на посети:855Рејтинг:0Категорија:Институции
govor-dragan-hristov-2014 Претседателот на Советот на Општина Делчево, г-дин Драган Христов на сите граѓани од Длечево и на сите...
Објавено на 07 Септември 2014, 14.13 часот.
Број на посети:1474Рејтинг:0Категорија:Спорт и рекреација
vikend-shema-na-golak-2014  Преку Голачките фолклорни средби, големиот општо-народен собор кај црквата Св.Пантелејмон на...
Објавено на 11 Август 2014, 15.03 часот.
Број на посети:1271Рејтинг:4Категорија:Демократски процеси
ums-akcija-golak-2014 Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Делчево и оваа година успешно ја...
Објавено на 11 Август 2014, 13.31 часот.
Број на посети:1080Рејтинг:5Категорија:Култура
nastap-n-j-vapcarov-24-ti-maj-2014 По повод одбележувањето на 24-ти Мај-Денот на Св.Кирил и Методиј на централниот настан за прославување...
Објавено на 24 Мај 2014, 22.13 часот.
Број на посети:1049Рејтинг:0Категорија:Институции
obrakjanje-darko-sehtanski-24-ti-maj-2014 Во рамки на денешната свечена седница на Советот на Општина Делчево градоначалникот на Општина Делчево...
Објавено на 24 Мај 2014, 17.41 часот.
Број на посети:502Рејтинг:0Категорија:Институции
delcevo-so-pietet-go-odbeleza-24-ti-maj-2014 Денеска во Делчево на убав и достоинствен начин се одбележа денот на Св.Кирил и Методиј-просветители и...
Објавено на 24 Мај 2014, 16.35 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Инфо:Општина Делчево

[1/10] С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавна презентација и јавна анкета

[2/10] Известување за одржување на 50 седница на Советот на Општина Делчево

[3/10] 10те матуранти од СОУ„М.М. Брицо“ презадоволни од наградното патување

[4/10] Уредена јавна површина на ул. Пере Тошев

[5/10] Десетте најдобри матуранти на генерација заминаа на заслуженото наградно патување

[6/10] Известување за теристичка (од земја) аеросолна дезинсекција против комарци која ќе се реализира на ден 19.07.2017

[7/10] Оглас за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии за вршење на општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина делчево

[8/10] Одлука за невршење избор на кандидат/ка по Јавен конкурс за избор на Директор ЈПКД „Брегалница“ - Делчево

[9/10] Асфалтирање на локален пат с.Очипала - с.Драмче

[10/10] Заврши реконструкцијата на ул. Кеј на Брегалница

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#