Коалицијата на невладини организации од Општина Делочево "За еднаков регионален развој" ги препозна и детектира предлог проектите и препораките упатени до Владата на Република Македонија на денот на идеи и истите се составен дел од содржината на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, 2014-2018 година.
Коалицијата "За еднаков регионален развој" достави 36 идеи од областа на Младинските прашања, социјалната работа и Инфраструктурни проекти кои ќе овозможат подинамичен економски развоја на Општина Делчево.
Од вкупно 36 предложени иницијативи одобрени и вметнати во програмата се 24 предлог проекти, што за нас КОАЛИЦИЈАТА претставува добра практика за двонасочна комуникација помеѓу НВО секторот и Владата на Република Македонија.
Што во суштина се подразбира под овие иницијативи?
Создавање на услови за младите лица од општина Длечево да ги реализираат сопствените предиспозиции преку културно-уметнички остварувања, спорт и спортски содржини, како и алтернативни форми за креирање на сопствени бизнис планови преку агенцијата за вработување.
Проектите од социјалната област се фокусирани кон социјално загрозените лица, стари и изнемоштени лица како и маргинализираните групи, со цел да се подобри квалитетот на живот на оваа популација преку отварање на нови сервис услуги, и создавање на еднакви можности кон своите остварувања и потреби.
Особено ни е чест и сме задоволни што успеавме обединето како коалиција "За еднаков регионален развој" да ги истакнеме нашите локални проблеми и потреби на транспарентен начин и да добиеме позитивен одговор од Владата на Р.М.
За нас тоа значи едно големо остварување прет реалните остварувања кои ќе претстојат во нашата општина.
Ние обединети успеавме да се наметнеме и да го дадеме нашиот придонес за иднината.
Голема благодарност до Владата на Република Македонија.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |