Пред граѓаните на Делчево денес носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во третата изборна единица, Никола Тодоров промовираше многу важен проект од програмата "Проверено 2014-2018" на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата "За подобра Македонија".
Преку проектот за подршка на занаетчиството и малите занаети, Владата на Република МАкедонија во дадениот рок за имплементацијата на истиот ке овозможи значителна финансиска подршка во износ од 120.000,00 денари за набавка на алат, репроматеријали, трошоци за дизајн и креирање на производ.
-Овој проект предвидува државата да субвенционира до 6о отсто од признатите трошоци кои се направени од занаетчиите за развој на занаетчиството во Македонија. Тоа се претежно трошоци за набавка на алат, трошоци за развој на производ, дизајн, трошоци за стекнување со титула мајстор. Трошоците можат да бидат најмногу до 120.000 денари, изјави Тодоров во Делчево, при посетата на црквата "Св.Богородица" во Делчево.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |