koza1 1

Слобода за козата!!!

Нехумани услови во затворот на козата!!!

Бесчујно задушен бунтот на козите!!!

Борците за правата на животните со остар апел до надлежните органи!!!

 koza2 2

Ова би можеле да бидат дел од неиспишаните наслови на статии во постојните и непостојните медиуми во делчевско и регионот, како резултат на овие фотографии кои по некоја случајност беа доставени до нас од страна на жител на населбата 3-ти реон (т.н. Маџир маало) во Делчево.

Секако поради веродостојност на информацијата, нашата екипа ја праша и второзасегнатата страна во оваа сторија, за што го добивме следниот одговор: МЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!

Ваква е секојдневната "судбина" на луѓето во Маџир маалото во Делчево кои не ретко мораат да спијат во своите домови опкружени со вакви робовладетелски инсталации околу себе...

Утрата во оваа населба знаат да бидат особено воодушевувачки, живописни и со драго срце очекувани.... Тоа е моментот кога ја погледнувате причината за сопствената несоница во очи и си велите: ДО КОГА ВАКА???

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Корисно - Делчевски апсурди