facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#

Или локален патриотизам во волнени чорапи....

Пред да пораснам (иако не сум баш сигурен за идното свршено време во оваа констатација), сакав да бидам многу нешта...Сите тие професии од денешна перспектива, најверојатно подразбираа номадски живот, по белосветските хоризонти, преднабрегнати од ќирајџиски навики и љубопитност (по делчевски радозналост). Не сакав уште тогаш многу да патувам....Релативно возрасен, некогашното претпријатие Полет Делчево, стана мој втор дом во чии што "простории" поминував дел од мојот живот.

Браната "Калиманци" тогаш ми се чинеше море.... Кочанско поле-прерија со чудна вегетација за која после узнав дека била ориз.... Од Штип надолу....Limp Bizkit-ти....Далеку зад мене се чинеше тогаш неповратно останаа планините, тешката провинција која не ги задоволуваше моите идеали за живот. Што да правиш, желба за себе-афирмација, во околина која недоволно ја познаваш....

Денови, недели, месеци.....години.

Револуција на мислата, еволуција на ставот....Арно ми велеше татко ми: "Каменот си тежи на местото....Помести го секој ке го тркала..."Ама кој да слуша, Јас-никако...не иде во обзир...Јас во тоа село (мислејки на Делчево) не се враќам, Скопје е мојот дом сега.... Тука имам другари, друштво, интересно до мерка на воспаление на кортекс, забревтано турбо живеење, со кул шмек и нишан. Па ова е за мене си велев....Се чувствувам како дома...Со секое излегување по СКопје-то се уморував само од поздравување по улиците. Тогаш за првпат ја прочитав Библијата...Целата...Барав нешто повеќе, нешто нерационално, во мојот универзум на математичка хармонија (на градежен факултет се учи многу математика, физика, динамика и сл.), детерминирана од законие на природата, предефинирано од формули и бројки.Во Скопјето Сите ги знаев, а и тие ме знаеја.... И тоа не само Скопјани, туку и сите новопечени придојденци, со секоја нова учебна година. Тогаш почна и Скопјето да ми станува мало...Па почнав по планините и реките, околни да денгубам (ова не го велам во негативен контекст).

Е сега овие планини и реки си имаа свои убавини, не дека немаа, ама нешто недостигаше....

Во меѓувреме почнав да цртам, да сликам, да пишувам, да пеам....И се некако инспирација ми идеше од мојата река покрај која пораснав, од моите планини каде со дедо ми пасевме говеда, од моите ливади каде собирав глуварчиња, од моите шуми каде се криевме со маалските другарчиња, од моето небо под кое пораснав а никако не го достигнав....Моето небо кое никако не го достигнав....Толку убаво небо, толку високо, широко, чисто, прозрачно, со мирис...на небо.Неостварен завет на моите предци....Соништата ми беа исполнети со магла, санти мраз кои пловеа по река...по мојата река. Овие соништа не успевав никако да ги заборавам, ме печеа на потсвеста, која се напрегаше да исплови на површина...Мојата потсвест сакаше да ме превземе, окупира, да станам нов човек....Во битката за превласт, по широките полиња на вечниот парадокс на човековото постоење во манир да се биде или не, и што ако се биде или не, паѓаа безброј жртви....а најголема жртва ми се чини беше времето....Моето време кое јас го потрошив....И покрај тоа што тоа беше квалитетно потрошено време, сепак тоа беше време на номадот во мене....Човек чиј дом беше илузорно претставен во сјајот на очите на некаква топлина, на нечие друго-туѓо огниште, кое пламтеше со сјајот на раскошот и можностите...Се она што можев да бидам, се она што не станав, и што ме одмина....

Патем стекнав познанства, стекнав знаење, стекнав искуство, стекнав поинаков поглед на мојот свет. Патем тогаш за првпат (морам да спомнам) сам си купив и компјутер (овој ситен факт во огромна мера ке ми го детерминира мојот живот во иднина).

Почна избезумено да ме фаќа страв, да ме фаќа паника....Буџава, тежок воздух, недостиг на небо (особено ноке), премногу лица кои веќе не ги познавав, премногу залудни чекори по улиците по кои некогаш (не така одамна) сите ме знаеја, а и јас ги знаев, премногу, премногу, премногу....

Во недостиг на брендот "Полет Делчево", се качив на розовиот "Пинк Транс", со најдобриот шофер кој го познавав до тогаш (поздрав за чичко Мите), и правец назад....Во тоа "село" кое го бев напуштил пред 7 години.... Каменот се врати! (секаков обид за дискредитација по однос на изборот на термините во последната реченица ке го сметам за злонамерна атака, врз моите верувања, или така некако).

Авторот на текстот е  мрзлив аналитичар, за еднократна употреба,

кој не сака да шета, цел ден седи по дома, и зјапа во реката во неговиот двор.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Локални актуелности - Колумни и други наши писанија

Други актуелности

Број на посети:529Рејтинг:0Категорија:Забава
tonijaa-crazy-kicks Се сеќавате на момчето од џунглата во филмот Онг Бак? Во следното видео погледнете серија на негови...
Објавено на 29 Јуни 2015, 18.39 часот.
Број на посети:785Рејтинг:0Категорија:Институции
koncert-najava-2015  Поглед кон еден поинаков свет.... Свет гледан низ призмата на квалитетната македонска...
Објавено на 28 Јуни 2015, 21.23 часот.
Број на посети:8340Рејтинг:0Категорија:Занимливости
nebesnasvetlina-nad-makedonskoto-zname Денеска за време на граѓанскиот собир за подршка на македонските безбедносни сили во Делчево се случи...
Објавено на 12 Мај 2015, 20.27 часот.
Број на посети:533Рејтинг:0Категорија:Спорт и рекреација
mars-petlec-2014 Во сабота 20.11.2014 година во село Русиново, Беровско се одбележаа 108 години од смртта на првиот...
Објавено на 21 Декември 2014, 10.02 часот.
Број на посети:723Рејтинг:0Категорија:Култура
verka-vo-delcevo-promocija-2014 Музичкиот бренд ВЕРКА или WERK.A (како што го нарекуваат последниот свој албум) вечерва сабота...
Објавено на 01 Ноември 2014, 10.20 часот.
Број на посети:953Рејтинг:0Категорија:Институции
pocetok-proekt-ipa-2 Денеска на свечена прес конференција официјално беше означен почетокот на реализацијата на...
Објавено на 16 Октомври 2014, 11.02 часот.
Број на посети:950Рејтинг:0Категорија:Култура
posle-zivotot-pak-zivot За неполни две недели ќе се наполнат 4 години од последниот настап на легендата на македонската...
Објавено на 10 Октомври 2014, 17.23 часот.
Број на посети:1108Рејтинг:0Категорија:Култура
niz-ochite-na-karikaturistot На интернет случајно налетавме на една фотографија за која мислиме дека најсоодветно ја отсликува...
Објавено на 29 Септември 2014, 08.01 часот.
Број на посети:887Рејтинг:0Категорија:Култура
nagradenite-aforizmi-na-vasil-tolevski-2014 Како увертира на овој текст наменет за претставување на наградените афоризми на Васил Толевски со...
Објавено на 26 Септември 2014, 06.31 часот.
Број на посети:828Рејтинг:0Категорија:Култура
nagradeni-karikaturi-2014 Во продолжение  Ви ги претставуваме наградените карикатури на овогодинешниот трет по ред...
Објавено на 24 Септември 2014, 17.46 часот.
Број на посети:1782Рејтинг:0Категорија:Култура
pijanecki-denovi-na-slivata-najava-2014 Во петок и сабота 26-ти и 27-ми овој месец Општина Делчево по втор пат ќе биде организатор на...
Објавено на 24 Септември 2014, 10.48 часот.
Број на посети:1082Рејтинг:0Категорија:Култура
internacionalen-festival-na-karikatura-i-aforizam-vo-delcevo-2014 Како увертира на централниот настан на манифестацијата “Пијанечки денови на сливата 2014” во петок...
Објавено на 24 Септември 2014, 10.47 часот.
Број на посети:994Рејтинг:0Категорија:Култура
povik-pijanecki-denovi-na-slivat-2014 ЈАВЕН ПОВИК за пријавување учесници во манифестацијата „Пијанечки денови на сливата...
Објавено на 24 Септември 2014, 09.33 часот.
Број на посети:544Рејтинг:0Категорија:Култура
kamerna-muzika-koncert-septemvri-2014 Минатата недела во Делчево се одржа еден можеби незабележан настан од страна на пошироката делчевска...
Објавено на 24 Септември 2014, 06.47 часот.
Број на посети:535Рејтинг:0Категорија:Култура
svetski-mizicari-vo-delcevo Како дел на овогодинешната меѓународна манифестација "Пијанечко-Малешевска свадба 2014" од...
Објавено на 09 Септември 2014, 15.45 часот.
Број на посети:1413Рејтинг:0Категорија:Култура
moderni-tanci-i-balet-2014 Во петок 05.09.2014 година во салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа меѓународниот...
Објавено на 07 Септември 2014, 15.28 часот.
Број на посети:487Рејтинг:0Категорија:Култура
samoubistvo-na-osamenosta-2014  Критичка паралела за опстојување на ограничено македонско секојдневие  во границите на ова...
Објавено на 07 Септември 2014, 10.38 часот.
Број на посети:656Рејтинг:0Категорија:Култура
pokana-pijanechko-maleshevska-svadba Градоначалникот на Општина Делчево г-дин Дарко Шехтански преку својата фејсбук страна упати отворена...
Објавено на 04 Септември 2014, 14.02 часот.
Број на посети:1427Рејтинг:0Категорија:Демократски процеси
dokazi-gradonacalnik-demant-televizija Во продолжение на статијава ја пренесуваме целосната прес конференција на Градоначалникот на Општина...
Објавено на 25 Август 2014, 15.28 часот.
Број на посети:1029Рејтинг:0Категорија:Демократски процеси
klevetite-i-lagite-na-edna-novinarka-od-delchevo И покрај високото ниво на толеранција на Градоначалникот, клеветите, лагите и манипулациите...
Објавено на 25 Август 2014, 14.43 часот.
Број на посети:2172Рејтинг:0Категорија:Култура
feljton-analiza-2014-1 Вовед Делчево како општина со мала населеност на население во однос на својата површина, се вбрoјава...
Објавено на 12 Август 2014, 13.07 часот.
Број на посети:922Рејтинг:0Категорија:Култура
koj-veli-deka-vo-delchevo-nema-zabava  Пост едиториал: Текстот е посветен на јубилејот на 20 годишнината од востановувањето на...
Објавено на 09 Август 2014, 08.06 часот.
Број на посети:1766Рејтинг:0Категорија:Култура
report-o-zora-2014 Танцот на телото и гестикулацијата е најстара човечка форма на комуникација. Интересна можност за...
Објавено на 04 Август 2014, 14.08 часот.
Број на посети:934Рејтинг:0Категорија:Култура
interview-o-zora-2014-2 5.DelcevoGlobalOnline:Колку чини билетот за вас како организатори на фестивалов, кој им го плаќате на...
Објавено на 02 Август 2014, 07.19 часот.
Број на посети:2042Рејтинг:0Категорија:Култура
interview-o-zora-2014-1 Понекогаш еволуцијата на човекот скока неколку генерации понапред од вообичаеното. Независно што...
Објавено на 01 Август 2014, 06.02 часот.
Број на посети:762Рејтинг:0Категорија:Култура
o-zora-2014-promo-video-nb-1  Промотивно видео за фестивалот "△O-ZORA 2014"  
Објавено на 28 Јули 2014, 18.12 часот.
Број на посети:898Рејтинг:0Категорија:Култура
do-zora-2014-plakat1 Со цел за подршка на организаторите на овогодинешниот "△O - Зора 2014"-фестивал на електронска...
Објавено на 28 Јули 2014, 16.55 часот.

Нема потреба од видовитост: Следете не на фејсбук

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#