Во продолжение  Ви ги претставуваме наградените карикатури на овогодинешниот трет по ред меѓународен фестивал на карикатура и афоризам "Пијанец 2014".

Фестивалот е во организација на Општина Делчево и Градоначалникот Дарко Шехтански, а централната фестивалска вечер ќе се одржи во петок (26.09.2014 год) во фоајето на Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 19.30 часот.

 1-ва награда: Златна плакета

КАИ ВЕИДОНГ (CAI WEIDONG) од Кина

2-ра награда: Сребрена плакета

ВЛАДИМИР КАЗАЊЕВСКИ (VLADIMIR KAZANEVSKY) од Украина

3-та награда: Сребрена плакета

АЛИ РОНАГИЈАН (ALI RONAGHIAN) од Иран

Специјална награда: 

САША ДИМИТРИЈЕВИЌ (SASHA DIMITRIJEVIC) од Србија

Специјална награда: 

МЕХДИ АЗИЗИ (MEHDI AZIZI) од Иран

Специјална награда: 

САНТИЈАГО КОРНЕХО (SANTIJAGO CORNEJO) од Аргентина

Специјална награда: 

ЈОВЧО САВОВ (JOVCHO SAVOV) од Бугарија

Специјална награда: 

ИВАЈЛО ЦВЕТКОВ (IVAILO CVETKOV) од Бугарија

Специјална награда: 

ЛУК ДЕШИМЕЈКЕР (LUC DESHEEMAEKER) од Белгија

Награди за придонес и афирмација на карикатурата од НУЦК "Никола Јонков Вапцаров"-Делчево

КЕТИ РАДЕВСКА (KETI RADEVSKA) од Битола, Р.Македонија

ЗФЕНКО ПУХИН (ZDENKO PUHIN) од Хрватска

Награда за трајни вредности и посебен придонес за развојот и афирмацијата на македонската карикатура:

МИРО ГЕОРГИЕВСКИ

Наградите на наградените автори ќе им бидат доделени на самата фестивалска вечер од страна на Градоначалникот на Општина Делчево, г-динот Дарко Шехтански и Претседателот на Советот на Општина Длечево, г-дин Драган Христов.

Влезот за настанот е отворен за сите граѓани на Делчево и пошироко.

Сите промотивни постери со наградените карикатури може да се погледнат во официјалната галерија на фејсбук фан страната на фестивалот во Делчево.

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интернационални актуелности - Култура